Колибри - книжевен прилог

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Колибри“ – книжевен прилог за деца

Историјат[уреди | уреди извор]

„Колибри“ е единствениот прилог за деца во македонскиот дневен печат. Прилогот се печати секој вторник и е достапен како додаток на весникот „Нова Македонија“. Првиот број на „Колибри“ се објави во 1958 година, благодарение на идејниот творец, поетесата Евгенија Шуплинова[1] и на поетите Перо Миленкоски[2] и Наум Попески[3]. По нивните стапки чекори сегашниот уредник на „Колибри“, Марија Таушанска Анастасовска[4].

„Колибри“ сè уште лета благодарение и на поддршката, своевремено, на првите луѓе на НИП „Нова Македонија“ и денес, на весникот „Нова Македонија“.

Активности и соработници[уреди | уреди извор]

  • „Колибри“ е хроничар на сите активности поврзани со децата. Секогаш е во нивните училишта, работилници, на спортските терени, фестивали, акции. Во „Колибри“ се објавуваат вести за нови книги за деца, за млади таленти, за успеси на учениците и на сите кои се грижат за нив. Голем број од нив земаат активно учество во создавањето на содржината на „Колибри“.
  • За финалната подготовката и доставата на прилогот се грижат и фотографите, техничките уредници, лекторите, дистрибутерите. Сите тие работат тимски и придонесуваат „Колибри“ да стигне навреме во детските раце и да предизвика насмевка на нивните лица.
  • Тимот на „Колибри“ ги следи активностите и на детскиот литературен фестивал „Ракатки“, на ликовниот „Малиот битолски Монмартр“, а исто така долги години се дружи и со Ивица Маринковиќ, за пошироката јавност познат како Ивце Пивце.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. НМ (2020-12-29). „Од перото на уредниците на „Колибри": Евгенија Шуплинова, Перо Миленкоски и Наум Попески“. Нова Македонија. Посетено на 2023-11-18.
  2. НМ (2021-04-13). „Од творештвото на писателот Перо Миленкоски“. Нова Македонија. Посетено на 2023-11-18.
  3. НМ (2019-07-02). „Наум Попески со награда за животно дело“. Нова Македонија. Посетено на 2023-11-18.
  4. НМ (2023-07-08). „„Колибри" на „Нова Македонија" полни 65 години! Разговор со Марија Таушанска Анастасовска“. Нова Македонија. Посетено на 2023-11-18.