Коле Стефановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Коле Стефановски
Роден 1914 година
Железница (село), Кратовско, Македонија под окупација на Србија
Починал 30 декември, 1944 година
Гнилане, Косово
Националност Македонец

Коле Трајчев Стефановски ( 1914 во Железница (село), Кратовско30 декември 1944 во Гнилане, Косово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Израснал во крајно бедно земјоделско и аргатско семејство. Во селото немало училиште, иако Кратово е во непосредна близина, немал можност да се школува, па останал неписмен. Немале доволно земја и стока па бил принуден да работи како општ работник и да аргатува по градските лозја за евтина дневница и тоа не наоѓајќи секогаш работа. На 8 септември 1944 година стапил во редовите на НОВ, најпрво во составот на Месната команда во Кратово, а подоцна и во редовите на Седумнаесеттатa македонска ударна бригада. Учествувал во повеќе борби за ослободување на Македонија и останатите Југословенски територии. Загинал во борбите со остатоците од балистичките банди крај Гнилане, на 30 декември 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Нивната борба за слобода, наш патоказ за иднината. Кратово: Општински одбор на СЗБ НОВ Кратово. 1985. стр. 54.