Коле Давчев
Коле Томов Давчев ( во Кадино, Скопско — 16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Потекнувал од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потем се занимавал со земјоделство. По ослободувањето на Македонија стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада со која заминал во Косово и во нејзин состав учествувал во ликвидирањето на дезориентираните балистички банди. Со XV македонски корпус заминал за Срем, каде завршил тримесечна воена стручна настава и добро се запознал со новодобиеното оружје. Бил учесник во големиот пробив на Сремскиот фронт. На 16 април 1945 година неговата Бригада водела жестока борба кај Врпоље. При јуришот на овој град храбро загинал. Закопан бил на борбената позиција кај Врпоље.[1]