Прејди на содржината

Коленото на Клер

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Коленото на Клер“ (француски: Le Genou de Claire) — француски краткометражен филм од 1970 година, во режија на Ерик Ромер (Eric Rohmer), кој е и автор на сценариото. Главните улоги ги играат: Жан-Клод Бријали (Jean-Claude Brialy), Аурора Корну (Aurora Cornu), Беатрис Роман (Béatrice Romand), Лоренс де Монахан (Laurence de Monaghan), Мишел Монтел (Michele Montel), Жерар Фалконети (Gérard Falconetti) и Фабрис Лукини (Fabrice Luchini). Филмот, кој е претпоследниот дел од циклусот „Морални приказни“, претставува маестрален приказ на непредвидливата и несфатлива човекова природа, со осврт на фетишизмот. Притоа, филмот е еден вид студија на карактерите кои се одликуваат со интелектуални разговори за најразлични прашања: од климата преку дипломатијата до машко-женските односи. Исто така, треба да се истакне бајковитата фотографија на снимателот Нестор Алмендрос. Филмот ја освоил престижната награда „Луј Делик“, а бил номиниран и за наградата „Златен глобус“ за најдобар странски филм.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Жером (го игра Бријали) е аташе за култура. Тој заминува на годишен одмор на брегот на езерото Лак д'Анси каде случајно ја среќава старата пријателка Аурира (ја игра Корну), која набргу го запознава со својата пријателка, госпоѓата Волтер (ја игра Монтел). Меѓутоа, вниманието на Жером е насочено кон нејзините две малолетни ќерки, Лора (ја игра Роман) и Клер (ја игра Монахан). Притоа, Лора се вљубува на прв поглед во Жером, кој пак е опседнат со коленото на Клер.