Колективен имунитет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Колективен имунитет е форма на индиректна заштита од инфективни болести кој се јавува кога голем процент од населението имаат стекнато имунитет кон одредена инфекција, со што се обезбедува заштита за лицата кои не се имуни.[1][2] Во популација во која голем дел од луѓето се имуни, се запира или забавува верижното ширење на инфекцијата.[3] Колку е поголем бројот на имунизирани лица, толку е помала веројатноста оние кои не се имунизирани да дојдат во контакт со заразено лице.[1]

Индивидуалниот имунитет може да биде здобиен преку стекнување на инфекцијата или преку вакцинација.[3] Некои лица не можат да бидат вакцинирани од медицински причини и за оваа група колективниот имунитет е важен метод на заштита.[4][5] Откако ќе биде достигнат одреден праг на имунизирани лица, колективниот имунитет постепено ја елиминира болеста од популацијата.[5] Оваа елиминација, доколку се постигне на светско ниво, може да резултира со трајно намалување на бројот на заболувања на нула, што се нарекува ерадикација на болеста.[6] Овој метод беше искористен за ерадикација на големи сипаници во 1977 и за регионална елиминација на други болести.[7] Колективниот имунитет не се однесува на сите болести, туку само на оние што се заразни, односно оние кои можат да бидат пренесени од едно лице на друго.[5] Тетанусот, на пример, е инфективен но не е заразен, па колективниот имунитет не се однесува на него.[4]

Терминот колективен имунитет прв пат бил користен во 1923.[1] Бил признаен како природен феномен во 1930-те кога се увидело дека откако значителен број на деца биле имунизирани против морбили, бројот на новоинфицирани опаднал, вклучително и меѓу ризичните деца.[8] Оттогаш масовната вакцинација со цел индуцирање на колективен имунитет станала честа и обезбедила успешна превенција од ширење на многу заразни болести.[9] Отпорот кон вакцинацијата претставува предизвик за одржувањето на колективниот имунитет, со што се овозможува болести кои може да се превенираат, да перзистираат или да се вратат во заедници во кои има неадекватни стапки на вакцинација.[10][11][12]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Fine, P.; Eames, K.; Heymann, D. L. (1 април 2011 г). "Herd immunity": A rough guide. „Clinical Infectious Diseases“ том  52 (7): 911–16. doi:10.1093/cid/cir007. PMID 21427399. http://cid.oxfordjournals.org/content/52/7/911.full. 
  2. Gordis, L. (14 November 2013). Epidemiology. Elsevier Health Sciences. стр. 26–27. ISBN 978-1455742516. https://books.google.com/books?id=7YX6AQAAQBAJ&pg=PA26&pg=PA26#v=onepage&q&f=false. посет. 29 март 2015 г. 
  3. 3,0 3,1 Merrill, R. M. (2013). Introduction to Epidemiology. Jones & Bartlett Publishers. стр. 68–71. ISBN 978-1449645175. https://books.google.com/books?id=tV5LSztaS2wC&pg=PA68&pg=PA68#v=onepage&q&f=false. посет. 29 март 2015 г. 
  4. 4,0 4,1 „Herd Immunity“. Oxford Vaccine Group, University of Oxford. конс. 12 December 2017. 
  5. 5,0 5,1 5,2 Somerville, M.; Kumaran, K.; Anderson, R. (19 January 2012). Public Health and Epidemiology at a Glance. John Wiley & Sons. стр. 58–59. ISBN 978-1118308646. https://books.google.com/books?id=2rnPItVn_oEC&pg=PA58&pg=PA58#v=onepage&q&f=false. посет. 29 март 2015 г. 
  6. Cliff, A.; Smallman-Raynor, M. (11 April 2013). Oxford Textbook of Infectious Disease Control: A Geographical Analysis from Medieval Quarantine to Global Eradication. Oxford University Press. стр. 125–36. ISBN 978-0199596614. https://books.google.com/books?id=AqhDZkWJjPQC&pg=PA125&pg=PA125#v=onepage&q&f=false. посет. 29 март 2015 г. 
  7. Kim, T. H.; Jonhstone, J.; Loeb, M. (септември 2011 г). Vaccine herd effect. „Scandinavian Journal of Infectious Diseases“ том  43 (9): 683–89. doi:10.3109/00365548.2011.582247. PMID 21604922. 
  8. *Hinman, A. R.; Orenstein, W. A.; Papania, M. J. (1 мај 2004 г). Evolution of measles elimination strategies in the United States. „The Journal of Infectious Diseases“ том  189 (Suppl 1): S17–22. doi:10.1086/377694. PMID 15106084. http://jid.oxfordjournals.org/content/189/Supplement_1/S17.full. 
    *Sencer, D. J.; Dull, H. B.; Langmuir, A. D. (март 1967 г). Epidemiologic basis for eradication of measles in 1967. „Public Health Reports“ том  82 (3): 253–56. doi:10.2307/4592985. PMID 4960501. 
  9. Garnett, G. P. (1 февруари 2005 г). Role of Herd Immunity in Determining the Effect of Vaccines against Sexually Transmitted Disease. „The Journal of Infectious Diseases“ том  191 (Suppl 1): S97–106. doi:10.1086/425271. PMID 15627236. http://jid.oxfordjournals.org/content/191/Supplement_1/S97.full. 
  10. Quadri-Sheriff, M.; Hendrix, K. S.; Downs, S. M.; Sturm, L. A.; Zimet, G. D.; Finnell, S. M. (септември 2012 г). The role of herd immunity in parents' decision to vaccinate children: a systematic review. „Pediatrics“ том  130 (3): 522–30. doi:10.1542/peds.2012-0140. PMID 22926181. http://pediatrics.aappublications.org/content/130/3/522.full. 
  11. Dubé, E.; Laberge, C.; Guay, M.; Bramadat, P.; Roy, R.; Bettinger, J. (август 2013 г). Vaccine hesitancy: an overview. „Human Vaccines & Immunotherapeutics“ том  9 (8): 1763–73. doi:10.4161/hv.24657. PMID 23584253. 
  12. Ropeik, D. (август 2013 г). How society should respond to the risk of vaccine rejection. „Human Vaccines & Immunotherapeutics“ том  9 (8): 1815–18. doi:10.4161/hv.25250. PMID 23807359.