Прејди на содржината

Колби Кале

Од Википедија — слободната енциклопедија
Колби Кале
Колби Кале во 2023
Роден(а)Колби Мари Кале
28 мај 1985(1985-05-28)(39 г.)
Малибу, Калифорнија, САД
ЗанимањеПејачка
Активен период2004–денес
ПартнерЏастин Јанг (2009–2020)

Музичка кариера
Жанрови
Инструменти
  • Глас
  • пијано
  • гитара
Издавачи
Мреж. местоcolbiecaillat.com

Колби Мари Кале (англ. Colbie Marie Caillat; родена на 28 мај 1985 година)[2] ― американска пејачка. Во 2007 година бил објавен нејзиниот прв албум Coco. Во 2008 година снимила дует со Џејсон Мраз („Lucky“), кој добил Греми награда за најдобра поп-соработка. Во 2009 година, списанието Билборд ја прогласил за 94-ти најпродаван музичар во 2000-тите.[3][4] Од 2018 до 2020 година, била дел од кантри-квартетот Gone West.

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

1985–2006: Рани години и музички почетоци

[уреди | уреди извор]
Caillat настапува во The Malibu Inn, 2007 година

Колби Мари Кале е родена во Малибу, Калифорнија,[5] а детството го поминала во Њубери Парк во Калифорнија. Нејзиниот татко, Кен Кале, бил копродуцент на албумите од Флитвуд Мек: Rumors (1977), Tusk (1979) и Mirage (1982). Уште како бебе, родителите ѝ го дале прекарот „Коко“, кој подоцна ќе биде наслов на нејзиниот прв албум.[6]

Станала позната преку нејзината страница на MySpace. Нејзината песна „Bubbly“ била пуштена над десет милиони пати на нејзината страница. Во октомври 2006 година, имала над 6 000 обожаватели на Мајспејс, а американското музичко списание Ролинг Стоун ја прогласило за една од најдобрите женски изведувачи на Мајспејс. Поради нејзината популарност на Мајспејс каде што имала над 100 000 следбеници, Кале била најуспешна пејачка без договор со издавачка куќа четири последователни месеци.[7]

Првиот албум од Кале, Coco, бил издаден на 10 јули 2007 година. Неговото луксузно издание било објавено на 11 ноември 2008 година. Првиот сингл од албумот, „Bubbly", се искачил на петто место на американската топ-листа Billboard Hot 100. Песната била најсимнуваната божиќна песна во 2007 година.[8]

Кале настапува на Breakthrough World Tour

На 13 јануари 2009 година, Кале објавила дует со Џејсон Мраз, под името „Lucky“, од неговиот албум We Sing, We Dance, We Steal Things. Вториот албум од Кале, Breakthrough, бил објавен во август 2009 година. Албумот дебитирал на прво место на американската топ-листа Билборд 200.[9]

Во 2010 година, Кале била прогласена за текстописец на годината од страна на BMI. Третиот албум на Кале, All of You, бил издаден на 6 јули 2011 година.[10][11]

Кале и нејзиниот долгогодишен соработник Џејсон Ривс

На 23 октомври 2012 година Кале го објавила божиќниот албум под наслов Christmas in the Sand. Албумот содржел соработки со Бред Пејсли, Гевин Дегро, Џастин Јанг и Џејсон Ривс. Таа, исто така, започнала да работи на нејзиниот четврти албум, кој требало да биде објавен по нејзиниот божиќен албум. Кон средината на 2012 година, било објавено дека Universal Republic Records била во стечај; сите музичари, вклучително и Кели, се преселиле во Republic Records.[12] Кале и Гевин Дегро заедно ја напишале песната „We Both Know“ за саундтракот од филмот Safe Haven (2013).[13][14] Песната била номинирана за Греми награда за најдобра песна напишана за визуелни медиуми на Греми наградите во 2014 година.

Нејзиниот четврти студиски албум, Gypsy Heart, бил објавен на 30 септември 2014 година и бил продуциран од американскиот продуцент Бејбифејс.[15] „Try“ бил објавен како прв и единствен сингл од албумот.

Во 2016 година, Кале се разделила со нејзината издавачка куќа и основала своја независна издавачка куќа под името PlummyLou Records, именувана по нејзините кучиња.[16] Истата година, Кале се преселила во Нешвил.[17]

На 22 јули 2016 година, Кале го издала „Goldmine“, прв сингл од нејзиниот нов албум, The Malibu Sessions.[18] Албумот бил објавен на 7 октомври 2016 година и ја содржел необјавената насловна песна „Gypsy Heart“ од нејзиниот претходен албум.

Во текот на 2018 година, Кале, заедно со нејзиниот вереник Џастин Јанг, долгогодишниот соработник Џејсон Ривс и неговата сопруга Нели Џој, ја основале групата Gone West.[19] Gone West потпишале договор со издавачката куќа Grayscale Entertainment.[20]

На 12 август 2020 година, Кале на Инстаграм објавила дека групата се распаднала.

Во 2021 година, Кале повторно пеела во песната во соработка со Тејлор Свифт од 2008 година, „Breathe“, од албумот Fearless (Taylor's Version).[21] Повторната снимка била објавена на 9 април 2021 година, и песната се пласирала на неколку топ-листи на Билборд.

На 28 јули 2021 година, Кале потпишала договор со Агенцијата за креативни уметници.[22]

На почетокот од 2022 година, Кале започнала турнеја по повод 15-годишнината од објавувањето на нејзиниот прв албум, Coco Live 15th Anniversary, на која го изведувала нејзиниот албум Coco во живо од почеток до крај.[23] На 21 октомври 2022 година, Кале ја издала „Iris“, преработка на хитот од Goo Goo Dolls од 1998 година.[24]

Во 2023 година го објавила албумот Along the Way, кој бил нејзин прв солистички кантри-албум.[25][26]

Личен живот

[уреди | уреди извор]

Кале била во врска со пејачот Џастин Јанг од 2009 до 2020 година. Се свршиле во мај 2015 година.[27] Во април 2020 година објавиле дека ја раскинале нивната свршувачка.[28]

Кале поддржува многу добротворни организации, вклучително: Farm Sanctuary, United Service Organizations, Wish Upon A Hero, MusiCares, Earth's Call Fund, Humane Society of the United States и WE Charity . [29] [30] [31] [32]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • Coco (2007)
  • Breakthrough (2009)
  • All of You (2011)
  • Christmas in the Sand (2012)
  • Gypsy Heart (2014)
  • The Malibu Sessions (2016)
  • Along the Way (2023)
  1. Lymangrover, Jason. „Colbie Caillat Biography & History“. AllMusic. Посетено на April 14, 2020.
  2. „Colbie Caillat Songs, Albums, Reviews, Bio & More“. AllMusic (англиски). Посетено на 2023-11-03.
  3. „Billboard Charts – Decade-end Artists – Artists Of The Decade“. Billboard. Посетено на August 19, 2010.
  4. White, Ryan (April 26, 2012). „Oregon State Fair concert lineup includes Joe Walsh, Colbie Caillat, Demi Lovato“. Oregon Live. Посетено на November 27, 2014.
  5. Iwasaki, Scott (October 11, 2016). „Colbie Caillat brings 'The Malibu Sessions' to Park City“. Посетено на October 12, 2017.
  6. Mansfield, Brian (October 7, 2007). „22 million clicks later, MySpace launches Colbie Caillat's career“. USA Today. Посетено на January 15, 2011.
  7. Stewart, Allison (July 17, 2007). „RECORDINGS Quick Spins“. The Washington Post. Посетено на July 24, 2007.
  8. Mansfield, Brian (December 13, 2007). „These artists may just cut an evergreen of a Christmas song“. USA Today. Посетено на May 12, 2010.
  9. Празен навод (help)
  10. Colbie Caillat Team (February 28, 2011). „Colbie Caillat New Album – All Of You“. Colbie Caillat.com. Архивирано од изворникот на March 25, 2011. Посетено на May 6, 2011.
  11. „All Of You (Import) – Colbie Caillat: Music“. Amazon. March 1, 2011. Посетено на May 6, 2011.
  12. „Colbie Caillat now on Republic Records“. Архивирано од изворникот на October 30, 2012. Посетено на November 24, 2012.
  13. Празен навод (help)
  14. Празен навод (help)
  15. Tuin, Marian (June 19, 2014). „Exclusive: Colbie Caillat discusses 'Gypsy Heart', the story behind 'Try' & more“. LiveInTheVineyard.com. Архивирано од изворникот на July 14, 2014. Посетено на July 4, 2014.
  16. „Colbie Caillat goes for hometown sound with 'Malibu Sessions'. USA Today.
  17. „Colbie Caillat Starts Fresh with 'Malibu Sessions'. March 5, 2017.
  18. Празен навод (help)
  19. Bendik, Grace (November 6, 2018). „Introducing Colbie Caillat and Her New Band, Gone West“. Vanderbilt Hustler. Архивирано од изворникот на November 29, 2019. Посетено на February 8, 2019.
  20. Грешка во повикувањето на Шаблон:Наведена изјава за печат: Параметарот title мора да се определи
  21. „Colbie Caillat says Taylor Swift is an 'angel' and it was 'an instant yes' to rerecord vocals for 'Breathe'. Insider.com.
  22. „Colbie Caillat Signs with CAA“. Billboard.
  23. „Colbie Caillat reminisces during her 15-year anniversary tour“. July 8, 2022.
  24. „Iris - Single by Colbie Caillat“.
  25. „Colbie Caillat Announces Debut Country Album, 'Along the Way'. June 9, 2023.
  26. „Colbie Caillat Details Debut Country Album 'Along the Way,' Shares "Pretend". June 9, 2023.
  27. Chiu, Melody (May 29, 2015). „Colbie Caillat Is Engaged to Justin Young“. People. Посетено на May 18, 2022.
  28. Napoli, Jessica (April 3, 2020). „Country stars Colbie Caillat, Justin Young of Gone West, split, end engagement after 10 years together“. Fox News (англиски). Посетено на April 7, 2020.
  29. Merrill, Philip (December 2, 2014). „Colbie Caillat, MusiCares Brighten The Day At Nashville Children's Hospital“. Grammy Award. Посетено на February 20, 2020.
  30. Hartley, Todd (May 17, 2019). „Earth's Call brings out the stars – and gives hope to the planet“. Посетено на February 20, 2020.
  31. DiBlasio, Natalie (March 13, 2013). „Celebs join the fight against animal-tested cosmetics“. Посетено на February 20, 2020.
  32. Wintonyk, Darcy (October 15, 2010). „We Day brings rock-star cred to social activism“. CTV News Channel (Canadian TV channel). Посетено на February 19, 2020.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]