Колатерал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Колатерал (англиски: Collateral) – американски филм 2004 година, во режија на Мајкл Мен. Главните улоги ги толкуваат Том Круз, Џејми Фокс, Хавиер Бардем, Џејда Пинкет Смит и Марк Рафало. Филмот освоил девет филмски награди, а имал вкупно 36 номинации.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во текот на една вечер, кога животите на двајца луѓе ќе се променат засекогаш. Еден возач на такси запознава професионален убиец кого го вози вечерта од една до друга „работа“, со што принудно станува негов соучесник. Оттука, нему му преостанува само да пронајде начин како да ја спаси последната жртва, која и самиот ја познава.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Колатерална штета“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 21.
  2. „Колатерална штета“, Антена, број 952, 23.9.2016, стр. 21.