Соработна програмска опрема

Од Википедија — слободната енциклопедија

Соработната програмска опрема (други називи: колаборативен софтвер од англ. collaborative software или групна програмска опрема од англ. groupware) е поим за програмска опрема предвидена за да им помага на луѓето вклучени во проект со заедничка задача да ги постигнат своите зацртани цели. Соработните програми се основата за сметачки поддржана кооперативна работа.

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Соработката е рекурзивен процес при кој две или повеќе поединци (во денешно време може да стане збор и за информациски системи) работат заедно со цел за пресретнување на одредени заеднички цели, процес кој е креативен со многу трансфер на знаење, учење и градење на одреден консензус.

Соработката не бара водачи и најчесто доведува до подобри резултати преку децентрализација и еднаквост. Поточно екипите кои работат соработно можат да добијат поголем број на ресурси, афирмација и награда при натпреварување околу ограничена количина на ресурси. Во рамките на соработната средина, повратната информација и итерација им овозможуваат на членовите од екипата да:

  • продолжат со серија од чекори (итерации) вклучувајќи постојано подобрување на меѓусебната работа,
  • учејќи еден од друг наспроти работа во изолација,
  • менувајќи го начинот на работа и резултатот од работата,
  • несомнено произведувајќи производ кој е подобар и поголем од она што би го постигнале работејќи самостојно.

Треба да се направи јасна разлика помеѓу поимите 'соработка' и 'интеракција'. Интеракција претставува акција кон некого или нешто, додека соработка е работа 'со' или 'заедно со' некого или нешто. Треба да се обрне внимание на делот 'заедно со' бидејќи тој ја карактеризира соработката.

Одредени методи на соработка бараат одредена самокритика на однесувањето и комуникацијата. Овие методи се трудат да го зголемат успехот на екипите бидејќи водат кон соработно решавање на проблемите. Форми, графови, графикони се корисни во овие ситуации за објективно да се документираат достигнувањата со цел за подобрување на перформансите на моментален и наредни проекти.

Во поширока смисла друштвената програмска опрема се однесува за системи кои се користат надвор од работното време како на пример сервиси за online dating services и друштвени мрежи како Friendster, Orkut и Facebook. Студиите на компјутерски поддржаната соработка вклучува и проучување на ваков софтвер и општествените појави поврзани со истиот.

Намерата на дизајнот е да се трансформира начинот на кој документите и богатите мултимедијални податоци се делат со цел да се овозможи поделотворна и поефикасна екипна соработка. Примери за ваква програмска опрема се AirSet, Alfresco, Collaber, Documentum, Google Docs, IBM FileNet, Microsoft Exchange Server, Microsoft Office Communication Server, Microsoft Office SharePoint Server, Microsoft Groove, NetResults Tracker, Lotus Notes/Domino, Vignette Collab, Subversion, CVS (Concurrent Versions System) и други.

Со развојот на семрежните технологии како што се Пајажина 2.0 и Enterprise 2.0, неизбежен е развојот на нови соработни технологии. Појавата на нови бесплатни и семрежни прилози кои овозможуваат размена, уредување, коментирање и следење на групни активности во голема мерка ја помагаат и потикнуваат соработката, како на пример блоговите, разни видови на википролози и друштвени мрежи.

Двигатели на соработка[уреди | уреди извор]

Важни двигатели кои влијаат на успешната соработка се:

Секој од овие двигатели има свои алатки преку кои се поттикнува соработка.

Комуникација помеѓу учесниците во соработкатата е клучна бидејќи овозможува размена на информации, пренесување на искуства и способности. Притоа разликуваме синхрона и асинхрона комуникација. Кај синхроната комуникација учесниците мора да се среќаваат во исто време, но не и на исто место. Асинхроната комуникација подразбира различно место и различно време.

Алатките за електронска комуникација служат за размена на пораки, документи, податоци или податотеки со што го олеснуваат процесот на делење на информации. Примери:

Управувањето со содржини во соработните системи овозможува избегнување на конфликти со останатите учесници, следење и запишување на промените и работата на сите, како и доделување на соодветни улоги и права за управување со содржините. Во зависност од степенот на контрола над содржините кои се делат се разликуваат алатки за управување со содржини без контрола, за управување со верзии и за контрола на верзии. Примери за алатки за управување со содржини:

  • Деливи опслужувачки простори за податотеки
  • GoogleDocs & Spreadsheets[1]
  • Microsoft Groove
  • Microsoft SharePoint Portal

Алатките за работни текови овозможуваат автоматизирање на процесите кои се од интерес за соработка со вклучување на учесниците во одредени точки на нивното извршување. За да се обезбеди успешно одвивање на овие полуавтоматизирани текови потребно е да се воспостави контрола на работниот тек.

Класификација[уреди | уреди извор]

Бидејќи соработните системи се комплексни и интероперабилни, а во нив спаѓаат повеќе навидум различни системи, на нив може да се гледа од повеќе аспекти, што ќе донесе и повеќе поделби. Сепак, најчесто се користи поделбата според учесниците и носителите на интеракциите во системот. Според оваа поделба, соработката може да биде:

  • Помеѓу машини. Кај овој вид на соработка трансакциите се извршуваат помеѓу уреди или прилози без неопходно човечко присуство. Како примери можат да се наведат: сервисно ориентирани архитектури (англиски: SOA, Service Oriented Architectures) и генерички интерфејси.
  • Човек-машина. Пример за ваква соработка е: вграденот компјутер на автомобилот го известува корисникот дека постои некаков дефект и каков сервис треба да се посети, автоматски зема податоци за слободни термини од овластениот сервис, а потоа му дава можност на корисникот да го одбере посакуваниот термин и најпосле самиот компјутер закажува термин. На корисникот му преостанува само да го однесе автомобилот на сервис во закажаниот термин.
  • Помеѓу луѓе. Кај овој вид на соработка на двата краја од трансакциите во системот се јавуваат луѓе. Ваквите соработни системи овозможуваат директна комуникација и соработка помеѓу луѓето и во нив спаѓаат сите системи што се наведени во долната табела.

Соработка помеѓу луѓе[уреди | уреди извор]

Една можна поделба е според типот на технологија:

  • семрежни
  • мобилни.

Друга можна поделба е според нивното место во организацијата:

Според методот соработните алатки помеѓу луѓето се делат на:

  • Веб засновани соработни алатки и
  • Програмски соработни алатки

Според областа која се опслужува се делат на:

  • Алатки за управување на знаењето
  • Алатки за создавање на знаење,
  • Алатки за делење на информации и
  • Алатки за соработно управување со проекти.

Сепак, највообичаена и најчеста поделба на соработните системи кои обезбедуваат соработка меѓу луѓето е според местото и времето на нивно користење.

Соработката помеѓу луѓето е множество од најмалку шест моќни идеи кои го менуваат начинот на кој луѓето комуницираат меѓу себе:

  1. поединечна продукција и содржина генерирана од корисникот,
  2. искористување на силата и интелигенцијата на народот,
  3. енормна количина на податоци,
  4. концепт на „архитектура на учеството“
  5. ефекти од омрежување,
  6. отвореност.

Воедно истите овие идеи се и основа на Web 2.0 - збирка на сервиси обезбедени со користење на современи семрежни технологии кои обезбедуват платформа за градење на заедници преку кои се обезбедува дополнителна вредност на самите корисници на сервисите.

Web 2.0 (според Tim O'Reilly) е деловна револуција во компјутерската индустрија предизвикана од придвижувањето кон семрежјето како платформа, и претставува обид за разбирање на правилата за успех на оваа нова платформа. Глвно правило овде е: гради прилози кои ги користат ефектите од вмрежувањето со цел да станат подобри и користени од повеќе корисници.

Web 2.0 мрежното место им овозможува на корисниците да комуницираат и да соработуваат едни со други како творци на кориснички генерирани содржини во виртуелната заедница, за разлика од обичните мрежни места каде корисниците се ограничени само на пасивно гледање на содржината која е поставена за нив. Примерите за веб 2.0 можат да бидат најразлични, од обични портали за поставување на текстуални или мултимедиски содржини (блогови или видео блогови) преку семрежен прилог|семрежни прилози кои обезбедуваат соработното градење на содржини со одредени онтолошки структури за опис на нивната содржина слични на википедија, сè до посложени сервиси. Web 2.0 континуирано ги подобрува инфраструктурните технологии на содржинска синдикација, опслужувачка програмска опрема, постапки со пораки, проширувања и приклучоци за прегледувачи и многу други клиентски прилози. Web 2.0 страните имаат различни комплементарни методи за чување на информации, создавање на содржини и нивна дистрибуција што е многу полесно отколку во претходната Web 1.0 платформа. Основни својства или техники што се вклучуваат во Web 2.0 се:

  1. Каскадна стилска страница (CSS) - за подобра презентација и одвојување на содржината
  2. Фолксономии - за соработка во друштвена класификација, означување и индексирање
  3. Микроформати - за експандирани страни со дополнителна семантика
  4. REST или XML - за JSON-заснованите API-ја
  5. Техники на збогатен семрежен прилог - како Ajax, Flex, или Flash засновани
  6. Семантички исправни XHTML и HTML
  7. Агрегација, Синдикација и објавување на податоци за RSS/Atom
  8. Спојување на содржина, mash-ups, client and server side
  9. Алатки за објавување на блогови
  10. Википрограми и форумски програми - за поддршка и поттикнување на корисниците да создаваат свои содржини
  11. Друштвени мрежи и мобилни друштвени мрежи - за меѓусебно поврзување на корисниците и на нивните создадени содржини

Соработка на организациско ниво[уреди | уреди извор]

Обично организациите претпочитаат методи на работа кои може лесно да се измерат и управуваат, меѓутоа парадоксот на оработката, иако е неформална и немерлива, лежи во тоа што најчесто самите учесници во оработката знаат кој е најпогодниот начин за завршување на одредена задача, и со тоа воведуваат делотворно извршување на задачите кое е подоцна мерливо. Од менаџерска гледна точка многу често се поттикнува соработка врз основа на тоа што произведува поголема продуктивност од алтернативните формални начини на работа. Суштината на оработката е можноста придонесот на една група кон организацијата да биде поголем од сумата на сите поединечни делови.

Како пример на следната листа се прикажани активности кои зависат од соработка:

  • менаџмент на промени,
  • организационен дизајн,
  • иновации,
  • учење и развој,
  • маркетинг,
  • проектен менаџмент,
  • програмска опрема и ИТ

Иако соработката не е витална компонента на една успешна организација во многу случаи токму ваквите активности одиграле многу важна ако не и круцијална улога во создавањето на голем број успешни проекти како на пример Firefox, Linux и Wikipedia.

Виртуелни организации[уреди | уреди извор]

Виртуелни организации се компании кои ја користат современата информатичко-комуникациска технологија за реализација на секојдневната работа. Виртуелните организации се дистрибуирани во време и простор, односно функционираат од различни оддалечени географски локации и во различно време. Ваквите организации имаат флексибилна организациона структура која овозможува луѓето од различни екипи да работат на исти или различни проекти. Менаџерската поставеност во виртуелните организации е децентрализирана и претставува мешавина од традиционални менаџерски вештини и нови вештини за управување со проекти, технологија, луѓе и знаење со помош на придобивките на современите технологии. Сите овие одлики на виртуелните организации овозможуваат динамична, флексибилна и ефикасна работа на различни проекти.

Workflow[уреди | уреди извор]

Workflow претставува шема на активности овозможени со систематска организација на ресурси, дефинирани улоги и проток на маса, енергија и информации во работен процес кој може да биде документиран и научен. Workflow-и се дизајнираат со цел да се постигне некоја намера, како на пример физичка трансформација, обезбедување на услуга или обработка на информации. Овој концепт е блиску поврзан со останатите концепти кои се користат за опис на организациони структури како силоси, функции, екипи, проекти, полиси и хиерархии. Терминот workflow во компјутерското програмирање се користи за да се опфати интеракцијата помеѓу луѓето и компјутерите. Ваквите програми имаат за цел да им овозможи на корисниците полесен начин на организирање или опис на комплексни процедури за обработка на податоци во визуелна форма, без некое големо знаење од областа на програмирањето. За да се разбере подобро разликата меѓу процесите во една организација и оној дел на процеси што влегуваат во workflow може да се искористи разликата меѓу BPM и WfM.

Моделирање на бизнис процеси и Менаџмент на workflow[уреди | уреди извор]

Моделирање на бизнис процеси (BPM) и менаџмент на workflow (WfM) се две значајни теми за истражување во областа на информациските системи. На прв поглед, тие изгледаат доста слично:

  1. BPM и WfM имаат генерално процес - ориентирана перспектива на организициите. Процес ориентираните анализи ги вклучуваат активностите и нивните меѓусебни релации во организациите.
  2. Релациите меѓу бизнис процесите можат да се специфицираат како контрола на тек (control flow) и тоа со последователно, паралелно или алтернативно извршување, потоа хиерархиска декомпозиција и/или генерички релации. Релациите од организационен контекст вклучуваат во себе доделување на организациони единици ( компанија, одделенија, улоги) и ресурси (алатки,машини).

Иако и BPM и WfM разработуваат слична проблематика сепак нивната концептуална разлика доаѓа од различните гледни точки кон истите проблеми. Кај нив како главна разлика е тоа што претставуваат различното ниво на апстракција на процес - ориентираните организации. Во литературата како суштински разлики се јавуваат следниве одлики:

Моделирање на бизнис процеси (BPM):

  • вклучува мануелни активности/процеси
  • „концептуално ниво“ на организација
  • бизнис процесите може да се поврзат со било кој ресурс (не само IT)

Управување со работен тек (WfM):

  • се задржува на обработка на дигитални документи
  • не ги зема предвид мануелните процеси и процеси за донесување на одлука
  • работен тек и бизнис процеси комбинирани (поддржани) од IT

Примери на системи за управување со работни текови[уреди | уреди извор]

Windows Workflow Foundation[уреди | уреди извор]

Windows Workflow Foundation [2] е систем кој спаѓа во групата на системи за управување со работни текови. Овој вид на системи служат за дефинирање, поставување и следење на извршувањето на дефинирана низа на задачи, означена како workflow.

Windows Workflow Foundation е framework кој им овозможува на корисниците да создаваат системи или workflow-а во нивните апликации напишани за Windows Vista, Windows XP, и Windows Server оперативните системи. Овој framework се состои од namespace-ови, вграден workflow engine и дизајнери за Visual Studio кои овозможуваат градење на workflow-а целосно преку код или преку маркап. Windows Workflow Foundation може да се користи за решавање на едноставни сценарија, како прикажување на UI контроли засновани на кориснички влез, или комплексни сценарија за потребите на големи компании, како подредена обработка и контрола на инвентар. Windows Workflow Foundation вклучува програмски модел, workflow engine кој може да биде повторно хостиран и прилагоден кон различни потреби, и алатки кои овозможуваат брзо градење на апликации кои во себе вклучуваат workflow-а.

Windows Workflow Foundation (WF) е технологија на Microsoft која обезбедува API, вграден workflow engine и дизајнер за имплементирање на процеси кои побаруваат подолг временски период за извршување (long-running processes), како работни текови во рамките на.NET апликации.

Workflow engine[уреди | уреди извор]

Workflow engine-от ги овозможува следните функционалности:

  • Планирање и извршување на работните процеси и активности. Workflow-ата може да бидат извршени со користење на еден од трите методи:
    • Со користење на WorkflowInvoker, кој ги извршува работните процеси со повикување на нишка (не се создава нова нишка за работниот процес). Ова значи дека процесот кој е повикан ќе чека workflow-то да заврши.
    • Со користење на WorkflowApplication, кој ги извршува работните процеси на нова нишка (така што апликацијата што e повикана, нема да го паузира нејзиното извршување, додека workflow-то се извршува).
    • Со користење на WorkflowServiceHost , кој ќе го изврши workflow-то како WCF сервис. Како резултат на ова, workflow сервисот обично ги користи податоците од мрежата како влезови за ограничени активности.
  • Управување со текот на извршување помеѓу активности. Извршувањето на одередено workflow може да биде моделирано визуелно во дизајнерот, користејќи активности како што се Flowchart, If, Sequence, Pick и Parallel.
  • Workflow-а кои продолжуваат да постојат. Овие workflow-а ги чуваат податоците на постојан медиум (како што е SQL Server) и го бришат workflow-то од меморијата. Workflow-то може повторно да се вчита по одреден временски период или кога истото ќе добие порака. Со отстранување на неактивните workflow-а од меморијата, workflow engine-от во голема мера може да го зголеми бројот на активни работни текови кои системот може да ги управува, со што на овој начин се зголемува размерливоста.
  • Управување со податоци за активности кои се извршуваат. Податоците се консумираат од страна на активности со користење на аргументи и променливи. За време на извршување, може да се поврзаат дојдовни пораки и податоци со специфична workflow инстанца, во случај кога неколку workflow –а се извршуваат истовремено.
  • Вграден услужник за следење кој ги запишува вградените workflow настани (како почеток на активноста, нејзино завршување, или појавување на грешка), или сопствените (custom) настани (како што е custom апликација за следење на активности за специфични податоци). Стандардниот услужник за следење во.NET верзија 4.5, ги зачувува настаните за следење во Windows event log, но исто така може да се развие и сопствен услужник за следење кој ќе овозможи следење на настани за други складишта за настани.
  • Обезбедување на екстензибилност во форма на Workflow Extensions. Екстензиите се сопствени односно custom објекти додадени за време на извршување, кои овозможуваат извршување на сопствени функционалности, како што е можноста за зголемена комуникација со процесот- домаќин или извршување на функционалноста за следење.
  • Обезбедување на способност за визуелно дебагирање со користење на workflow дизајнер. Workflow-ата може да се извршуваат во развојна околина и да бидат дебагирани со користење на истите точки за правење на пауза и процеси поделени во чекори, кои се користат во кодот кој се дебагира.

Создавање на workflow-а[уреди | уреди извор]

Workflow-ата можат да бидат создадени или со нивно дефинирање во XAML (Extensible Application Markup Language) апликации со користење на workflow дизајнер, или со нивно програмирање во некој.NET јазик како C# или VB.NET. Ако се користи дизајнерот, активностите се вклучуваат во workflow дизајнерот со влечење од лентата со алатки. Workflow аргументи и променливи, исто така можат да бидат создадени и доделени во рамките на дизајнерот. Ако одреден workflow се создава преку код, активностите се инстанцираат како и останатите CLR објекти, и се вклучуваат во множества од активности со еден родител, обично Sequence или Flowchart. Активноста со еден родител тогаш се извршува со користење на WorkflowApplication или WorkflowInvoker, а работи како workflow.

Терминот "workflow" обично се однесува на активноста која е корен (root) и која се извршува од страна на домаќинот (хостот). Workflow-ата можат да се користат и како out-of-box активности и како сопствени (custom) активности. Out-of-box активностите вклучуваат активности за контрола на тек како што се DoWhile, активности кои се поврзани со Flowchart како што е FlowDecision, активности за размена на WCF пораки како Send и примитивни активности кои вршат едноставни задачи како Assign и WriteLine.

Сопствените (custom) активности се CLR објекти создадени од корисникот кои произлегуваат од класата System.Activities.Activity, и обезбедуваат декларативна функционалност која овозможува развивачот на системот да го дефинира преку код, начинот на однесување при извршување на одредена активност. Од овој вид на активности може да се има корист во тоа што истите овозможуваат користење на дизајнер за сопствени(custom) активности, што може да го подобри искуството во визуелното создавање односно пишување на вакви компоненти во Visual Studio развојната околина.

Постојат три главни придобивки при користењето на Windows Workflow Foundation[уреди | уреди извор]

1. При создавање на систем кој во себе треба да содржи процес кој се извршува подолг временски период (long-running process)[уреди | уреди извор]

WF е многу погоден за имплементирање на long running бизнис логика. Најчесто развивачите на софтвер вршат транслирање на бизнис барањата во линии на процедурален код. Кога се врши транслирање на long running процес во код, потребно е да се напишат неколку различни медоди кои ќе се однесуваат како атомични блокови на процесот. На пример, при одговор на нарачка за купување, процесот мора да побара моментална количина на производот од доставувачот, што значи дополнително чекање на одговор од таму. Процедуралниот код не може да направи пауза за чекање на одговор, па треба да се води грижа за состојбите и размената на пораки,откако настанот за чекање ќе биде примен. WF овој проблем го решава со моделирање на процесот на повисоко ниво отколку негово испишување преку код. Градењето на системите сè уште главно се одвива преку кодирање, но управувањето со состојби, постојаноста и размената на дојдовни пораки е овозможено од страна на WF runtime која претставува околина за извршување на workflow инстанците.

2. При градење на систем кој содржи процес кој често има потреба да ја менува бизнис логиката или бизнис правилата[уреди | уреди извор]

WF решава уште еден тип на софтверски проблем кога софтверската апликација е веќе еднаш напишана и поставена кај повеќе крајни корисници. Секој клиент има свои барања за имплементација на бизнис логиката и потребен е долг временски период за прилагодување, пред софтверот да може да биде користен. WF овозможува модел каде група на активности можат да бидат напишани преку код, додека редоследот на извршување на овие активности може да биде прилагоден во WF дизајнерот во зависност од барањата за секој клиент посебно. Софтверот сè уште се гради примарно преку код, но прилагодувањето на моделот за секој клиент или промена на некое барање би можело да се одвива на визуелен начин, што би било полесно.

3. При градење на систем во кој има потреба од создавање на визуелен модел на процесот[уреди | уреди извор]

Можноста за преглед на целиот workflow модел во workflow дизајнерот, претставува навистина голема придобивка, бидејќи целиот процес кој е опфатен во моделот, може да биде визуелно прикажан, испечатен, разбран и објаснет дури и на лица кои немаат техничка експертиза и може да претставува корисна документација за дизајнот на софтверот, кој можеби подоцна ќе има потреба да биде променет.

Сервисно ориентирана архитектура[уреди | уреди извор]

Програмската архитектура каде функционалноста е групирана околу деловни процеси и спакувана како интероперабилни сервиси. SOA исто така опишува IT инфраструктура која овозможува на различни прилози меѓусебно да ги разменуваат податоците при нивното учество во бизнис процесите. Целта е loose coupling на сервисите со оперативните системи, програмските јазици и останатите технологии кои се основа на прилозите.

Видеоконференција[уреди | уреди извор]

Видеоконференција или уште се нарекува и видеотелеконференција е множество од интерактивни телекомуникациски технологии кои овозможуваат луѓето на две или повеќе различни локации да комуницираат преку симултана двонасочна аудио и видео трансмисија. Позната е и како визуелна соработка, и е наменета за соработка меѓу групи.

Како соработните системи, видеоконференциите се класифицираат во системите кои овозможуваат соработка меѓу луѓе, додека според парадигмата место-време се вбројуваат во системите со различно но предвидливо место за корисниците и исто време.

Симултана видеоконференција помеѓу три или повеќе учесници се овозможува преку посебен систем - Multipoint Control Unit (MCU), кој ги поврзува повиците од сите пристапни точки. Сите учесници го повикуваат MCU системот, или MCU системот ги повикува учесниците еден по еден. MCU системите можат да бидат чисто софтверски, но постојат такви кои се комбинација од хардвер и софтвер. Тие се разликуваат главно во нивниот капацитет, односно колку симултани повици може да опслужат во ист момент.

Модерните системи за видеоконференција освен преносот на аудио и видео сигнал овозможуваат и споделување на дополнителна мултимедиска содржина помеѓу учесниците (на пр. Excel документи, PowerPoint презентации, Web страни, видео клипови итн.).

Микроблогирање[уреди | уреди извор]

Микроблогирањето претставува поедноставен облик на блогирање на мултимедиски податоци што им овозможува на корисниците преку веб или мобилен телефон во реално време да објавуваат кратки текстуални пораки, со максимална должина од 140 карактери, кои може да содржат врски кон слики, аудио, видео записи или мрежни места. Корисниците користат микроблогови за да изразат свое лично мислење или да објават вест за конкретни теми кои може да се однесуваат на моментални и секојдневни настани, активности или пак на посериозни деловни теми. Кратките пораки може да се праќаат до сите или до одредена група на корисници. Микроблоговите во споредба со традиционалниот блог имаат многу пократка содржина, но од нив може многу полесно да се извлечат важни информации и ново знаење. Токму поради тоа микроблогирањето постанува нов медиум за пренос на информации, особено за заедничка работа од далечина.

Голем број компании преку микроблогови објавуваат вести за производи или сервиси кои тие ги нудат, ги информираат клиентите, ги надгледуваат нивните разговори и ги анализираат оние пораки во кои се спомнува името на нивната компанија. Соработката меѓу луѓето и стимулацијата на нивната иновативност е клучен фактор за создавање на делотворна екипа, па затоа од голема важност е луѓето во рамки на компаниите освен професионалите интереси и активности да ги споделуваат и личните интереси, искуства и стручност. За таа цел микроблогирање се користи и во рамки на компаниите.

Постојат неколку веб сервиси кои нудат функции на микроблогирање како што се Twitter, Jaiku, Tumblr, Yammer и својства на микроблогирање (објавување на статус) преку Facebook, LinkedIn, Myspace и други.

Enterprise 2.0[уреди | уреди извор]

Enterprise 2.0 или Enterprise social software, се дефинира како користење на друштвени програмски подлоги во рамки на компаниите или меѓу компаниите и нивните партнери или клиенти, го опфаќа користењето на друштвената програмска опрема во рамки на компаниите, односно во деловен и комерцијален контекст. Компаниите ги прилагодуваат класичните програми кои ги користат и интерните мрежи за да ја подобрат својата комуникација.

Системи за раководење на односи со корисници[уреди | уреди извор]

Системите за управување на односи со корисници се дел од Enterprise 2.0 бидејќи го прошируваат користењето на друштвената програмска опрема во рамки на компанијата при комуникација и соработка како со клиентите така и со партнерите. Овие системи имаат круцијално значење за оработката меѓу клиентот и компанијата.

CRM (Customer Relationship Management) е систем со кој клиентот се става во јадрото на деловниот процес, а имплементирање на најдобрите CRM практики е клуч за стекнување на лојалност од клиентот како интегрален дел од успешен бизнис. Станува збор за систем кој овозможува да се проучи однесувањето на клиентот а со тоа дава правилни насоки кон најдобро опслужување на клиентите и подобрување на односите и релациите со нив.

Системи за управување со знаењето[уреди | уреди извор]

Менаџмент на знаење

Менаџментот на знаење (МЗ) претставува множество на практични и акциски ориентирани управувачки практики. МЗ вклучува стратегии и процеси на идентификација, создавање, организирање, пренесување и одлевање на знаење што помага да се завршат процесите и проектите. Менаџментот на знаење се заснова на реорганизирање на знаење на инвидуалци и цела организација или екипа. Ова оди во прилог на фактот дека и овие системи може да се третираат како соработни системи. Ваквиот систем овозможува:

  • Систем за управување со знаењето на цела организација
  • Технологија која го олеснува делењето и преносот на знаење, така што истото може повторно да се употребува
  • Зајакнување на учењето, подобрување на перформансите како и долгорочни натпреварувачки предности кај поединците и организациите

Предности на системите за управување со знаење:

  • Оперативни подобрувања
    • Побрза и подобра дисеминација на знаењето
    • Ефикасни процеси
    • Процеси кај менаџментот на промени
    • Повторно користење на знаењето
  • Пазарни подобрувања
    • Зголемена продажба
    • Пониски цени на производи и услуги
    • Задоволство на клиентот

Овие системи може уште да се поделат на системи со мал формален менаџмент и контрола и системи со екстензивен менаџмент и контрола. Малиот формален менаџмент и контрола е плодна почва за соработка и вклучува:

  • Заедници на пракса (Communities of practice - COP) - Индивидуалци со слични интереси
  • Им дава можност на членовите за размена на идеи, совети и други форми на знаење
  • Членовите се одговорни за потврда и структуирање на знаењето

Соработна карта на најдобри мрежни соработни алатки[уреди | уреди извор]

Соработната карта е мрежно-уредувана карта со повеќе од 150 соработни алатки. Има за цел да ги прикаже заедно најкористените, бесплатни или евтини соработни алатки кој се достапни on-line. Типовите на алатките дадени од учесниците, се од real-time instant messaging, видео конференција па до social bookmarking resources и microblogging tools[3]

Примери на соработни системи[уреди | уреди извор]

DotNetNuke[уреди | уреди извор]

DotNetNuke [4] е соработен софтвер кој овозможува создавање на мрежно место. DNN претставува веб заснована соработна алатка за создавање на мрежни места. Соработката е помеѓу луѓе. Постои одредена група на луѓе кој заедно работат на изработка на мрежната страница, и истите луѓе не мора да бидат солидни познавачи на информатиката или некој програмски јазик, за да можат да создадат мрежно место.

DNN доделува посебни кориснички профили на сите корисници со исти или различни улоги и привилегии. Во зависност од тие улоги и привилегии, корисниците работат на различни делови од страната и при тоа, на излез, се добива целосно мрежно место кое изгледа како да е изработена од група која истовремено работат во иста просторија и време. Следува, со DNN, корисниците од групата не мора да се во иста просторија и не мора да работат во исто време. Комуникацијата помеѓу луѓето се врши преку електронска пошта овозможена при создавањето на профилот на корисникот.

ГПС систем за следење на возила[уреди | уреди извор]

Гпс систем за следење на возила претставува соработен компјутески систем кој овозможува следење, мониторинг, сигурност и насочување на возилата. Системот се состои од ГПС/ГСМ уред и семрежен прилог поставена на http://gps.geoco.info Архивирано на 22 јуни 2012 г.. До прилогот имаат пристап само авторизирани лица.

ГПС/ГСМ уредот континуирано ги прима сателитските податоци за местоположбата на возилото со сите останати податоци истовремено испраќајќи ги до опслужувачот и складирајќи ги во сопствена меморија. Податоците се испраќаат до опслужувачот само додека возилото е активно.

За користење на ова ГПС решение на корисникот му е потребен личен сметач со семрежна врска за да може да пристапи до опслужувачот т.е.до Globsy клиентот. Семрежниот прилог му овозможувана корисникот пристап во било кое време до саканите податоци(увид на моментална позиција или следење возилото/ата на географска карта во реално време со сите сателитски информации како: брзина и правец на движење, датум, час и друго.) ГСМ мрежата во ова решение ја врши улогата на комуникација на уредот од возилото со Globsy клиентскиот прилго. Алармните дојавни информации – кои се генерираат од претходно дефинирани настани за возилото, може да пристигаат на мобилен телефон на корисникот или на и-мејл. Со посебен договор, истите алармни дојави може да пристигаат во Globsy Аларм апликацијата која е посебна апликација поставена во алармен мониторинг центар на Агенција за Обезбедување(опционо). Овој систем се состои од следниве сегменти: -Компанија за следење на возила преку ГПС/ГСМ систем е Геоко http://www.geoco.info Архивирано на 19 јули 2012 г.

Банкарско нето порамнување[уреди | уреди извор]

Системите за нето порамнување вршат прибирање на транскации во одреден временски циклус и нивно порамнување како целина. По завршувањето на приемот на трансакциите се создава матрица на порамнување според која се утврдува вкупниот прилив и вкупниот одлив на секоја банка. Врз основа на тие податоци се одредува нето позицијата на секоја банка и преку една централна сметка се преземаат средствата од банките со негативна позиција и се префрлаат кон банките со позитивна позиција. На тој начин банката учесник го плаќа или прима само износот кој претставува разлика помеѓу вкупниот прилив и одлив за сите нејзини депоненти. Со овој модел на порамнување се овозможува порамнувањето да се изврши со многу помал износ на средства од вкупниот износ на реализираните трансакции. Затоа овој систем претставува добар пример на соработен систем од интерес на сите негови учесници. Системите за нето порамнување најчесто се автоматизирани програмски системи со дневно порамнување.

Go2Meeting[уреди | уреди извор]

Go2Meeting [5] е web заснован соработен систем кој им помага на компаниите при меѓусебна комуникација. Главната намена на овој систем се Веб конференции на далечни локации, како и споделување на екран на личните сметачи, со што му е овозможено на корисникот да создава состанок со друг компјутер преку семрежјето.

Go2Meeting е развиен во јули 2004 година од страна на Citrix Online [6], Калифорнија. Овој систем е дизајниран така што на група поврзани компјутери, максималнен број на 15 компјутери, корисникот има право да го дели својот дескторп со останатите. Преносите на податоци се високо обезбедени со помош на екнрипција и опционални лозинки.

Други функционалности кои ги нуди се:

  • Мобилни апликации за iPad, iPhone and Android devices
  • Селектирање на одредени апликации кои корисникот сака да ги сподели со другите корисници
  • Поддршка за повеќе монитори
  • Снимање на состанокот

Subversion[уреди | уреди извор]

Open source систем за контрола на верзии.[7] Со него може да се управуваат податотеки и директориуми, како и промените што се прават над нив. На него може да се гледа како на „временска машина“ со која може да се гледаат верзиите на документите во одредено време и да се следи текот на нивните промени. Тој претставува општ систем за контрола на верзии со кој може да се управуваат буквално секаков вид на податотеки.

TortoiseSVN[уреди | уреди извор]

TortoiseSVN [8] e бесплатен open-source клиент за Subversion системот за контрола на верзии. TortoiseSVN управува податотеки и податотеки. Податотеките се снимаат во централно складиште (repository). Складиштето претставува податотека опслужувач, што ги снима или зачувува сите промени на податотеките и податотеките. Со ова всушност се овозможува да се поправаат постарите верзии на податотеките и чување на историја за тоа како и кога податоците се променети, и кој ја направил промената. Поради ова многу луѓе сметаат дека Subversion и другите контролни системи се некаков тип на “временски машини”. Некои контролни системи се системи за раководење со програмски поставки (SCM). Овие системи се специфицирани за управување со изворен код кој има архитектура на дрво и има многу особини кои се специфични за развој на програмска опрема – како природно разбирање на програмски јазици, или алатка за правење програми. Subversion не е ниту еден од овој вид на системи, тој е општ систем кој се користи за управување со било која колекција од податотеки, вклучувајќи и код.

TortoiseSVN е бесплатен. Не се наплаќа неговото користење и може да се користи на било кој начин. Развиен е во GNU General Public License (GPL).[9]

Git[уреди | уреди извор]

Git претставува бесплатен, отворен, и дистрибуиран систем за контрола на ревизии кој е неверојатно брз, ефикасно може да се употребува во големи проекти и содржи иновативен систем на гранење кој поддржува нелинеарен развој [10]. Една од главните карактерситики на Git е дистрибуираниот пристап кон контролата на верзии, при што клиентите не ги преземаат само најновите промени од централен опслужувач, туку тие локално прават целосна копија на скалдиштето (анг. repository). Тоа значи дека, доколку некој од опслужувачите е недостапен поради пад, било кој од клиентските складишта кои колаборираат на дадениот проект може да се искористи за опоравување на опслужувачот. Всушност, секое преземање (анг. checkout) на клиентот е целосен бекап на сите податоци од складиштето во локалниот систем. За разлика од дистрибуираниот пристап, во централизираните системи за контрола на верзии како што се CVS и Subversion, постои централен опслужувач кој ги содржи сите верзии на податотеките, а клиентите прават преземање од тоа централно место. Главен недостаток на овие системи е тоа што опслужувачот претставува критична точка и во случај на пад корисниците не можат да соработуваат или да зачувуваат промени на податотеките со кои работат. Од таа гледна точка Git, преку дистрибуираниот пристап, едноставно ги надминува сите проблеми кои се јавуваат во централизираните системи, што го прави робусен систем за колаборација.

TortoiseGit [11] е Git клиент, имплементиран како Microsoft Windows екстензија. Поддржува едноставни задачи, како на пример создавање на потврди (анг. commit), прикажување на дневникот на работа (анг. log), прикажување на разликите помеѓу две верзии, создавање на гранки и тагови во програмската структура, создавање на закрпи (ang. patch), како и многу други функционалности.

Mercurial[уреди | уреди извор]

Mercurial [12] е едноставен систем за контрола на верзиите и е лесен за учење, размерлив и лесно се прилагодува. Mercurial претставува бесплатен, open source, дистрибуиран систем за верзионирање на податотеки и овозможува ефикасно управување со проекти од најразлична големина и колаборација помеѓу повеќе луѓе. Традиционалните системи за контрола на верзиите како што е Subversion се засновани на клиент-опслужувач архитектура каде што целокупната историја на од верзиите на проектот се наоѓа на еден централен опслужувач. Mercurial е дистрибуиран систем, каде што секој учесник во проектот има локална копија од целокупната развојна историја на проектот, со што се избегнува недостатокот од централизираните системи за верзионирање каде централниот опслужувач претставува критична точка во случај на откажување на опслужувачот.

Mercurial е напишан во Python програмскиот јазик и е независен од оперативните системи и со тоа може да се користи најразлични оперативни системи (Microsoft Windows, GNU/Linux, Mac OS X, Solaris 11 Express и други). Покрај користењето на командната линија постојат поголем број на алатки со графички кориснички интерфејси. Овој систем за контрола на верзии има релативно помал број на команди во однос на Git, и нема никаква потреба од одржување на складиштата (анг. repository).

TurtoiseHg [13] е бесплатен open source графички сет на алатки кои претставуваат проширување на Mercurial дистрибуираниот систем за контрола на верзии.

SourceForge[уреди | уреди извор]

SourceForge[14] е една од многу апликации за соработка при изработување на софтверски проекти. Истата е безбедно и централизирано решение за оптимизација и менаџирање на дистрибуиран развој. Содржи соработна развојна околина која ги обединува разделените екипи и алатки и преку соработка придонесува за зголемување на ефикасноста на проектот. Во себе нуди широк спектар на елементи со кои се олеснува соработката при изработката, а особено при обработката на проектите. Во себе вклучува елементи за манипулација со задачи, документи, следачи на одредени активности, артифакти. Исто така во себе вклучува и различни начини на комуникација како што се водење на дискусии на форум или пак обработка текстови на Вики. Преку CVN се обезбедува тесна поврзаност на изворниот код со останатите елементи во SourceForge.

WebEx апликации[уреди | уреди извор]

WebEx апликациите се програмски решенија на Cisco за соработка во реално време со помош на web конференција. WebEx апликациите овозможуваат на многу лесен начин да се споделат идеите со секого и секаде. Претставуваат комбинација од споделување на работната површина во реално време и телефонска конференција, така што секој ја гледа истата работа додека се зборува. Тоа е многу попродуктивно отколку да се праќаат документи по е-пошта или пак да се постигне договор со повеќе луѓе преку телефон. Со овие производи се избегнува потребата да мора да патуваат луѓето и да се среќаваат во живо за состаноци, бидејќи може да се прават презентации и да се споделуваат апликации, да се надополнуваат табели и извештаи, и сето тоа да се споделува со сите вклучени во конференцијата. Значи со еден збор со WebEx апликациите може да се сподели се што се гледа на десктоп, со останатите од конференцијата.[15]
WebEx апликациите на Cisco нудат визија, знаење, технологија и иновација, и овозможуваат множество на решенија, секое направено да биде специфично за дел од бизнисот, со што со целото множество на решенија се опфатени сите делови на еден бизнис. Еве кои WebEx апликации се опфатени во комплетот[16]:

  • WebEx Meeting Center - Создаде состаноци со можности за споделување податоци, апликации, звук и видео во реално време
  • WebEx Sales Center - Има автоматски нотификации за да ги предупреди профеционалците за продажба кога се губи заинтересираноста на некој кандидат
  • WebEx Training Center - Дизајнирано за тренери, вклучува поддршка за сесии и испробување, следење и правење извештај за оние за кои се наменети тренинзите
  • WebEx Support Center - Дозволува агенти за поддршка да ги идентификуваат, решат и следат проблемите на купувачот како дел од безбедна мрежна поддршка
  • WebEx Event Center - Специјално дизајниран за web семинари и настани; Вклучува автоматско бодување на водачите, менаџмент за поканување преку е-пошта и табела со настаните
  • WebEx LiveStream - Специјално дизајниран за големи настани (100 - 200.000 присутни) на кои им е потребно видео со квалитет на телевизија, звук и powerpoint презентација.
  • WebEx Consulting Services - Стручни екипи кои обезбедуваат образование и испорака со цел да создадат мрежни екипи за продажба, универзитети, маркетиншки програми итн.
  • WebEx WebOffice - Дизајниран за мали бизниси, WebEx WebOffice овозможува on-demand алатка за соработка, во која е вклучено управување на документи, групен календар, управување на базата, управување на таскови и уште неколку други соработни бизнис алатки
  • MeetMeNow - Web аплиакација за среќавање на поединци. Им овозможува на корисниците да има до 15 луѓе вклучени во конференцијата.
  • PCNow - Им овозможува на корисниците сигурно да пристапат до оддалечени компјутери преку мобилен телефон или web пребарувач

SharePoint-порталски опслужувач на Microsoft[уреди | уреди извор]

Размерлив портален опслужувач што поврзува луѓе, екипи, и знаење преку бизнис процесите. Microsoft SharePoint овозможува флексибилно поставување и алатки за управување со што е олесната соработката преку агрегација, организација и пребарување. Како повеќето портали, Microsoft SharePoint овозможува посетителите да создадеат свој конвенционален изглед на web страните. Приспособувањето на потребите може да биде многу едноставно или многу комплексно, во зависност на типот и верзијата на инсталираниот производ. Microsoft SharePoint е соработна платформа интегрирана со алатките од Microsoft Office фамилијата (Word, Excel, Outlook, InfoPath). SharePoint поддржува и верзионирање на документи и листи.

Досега Microsoft има лансирано 3 верзии на MOSS (2003, 2007, 2010). MOSS претставува најбрзо растечкиот производ во историјата на Microsoft (побрзо растечки е дури од најпознатиот производ на Microsoft - оперативниот систем Windows). Развивањето во MOSS може да е многу комплексно. Ова е случај со MOSS 2007. Microsoft го издаде MOSS 2010 на почетокот на јуни 2010. Оваа верзија е многу поддобра од претходната затоа што има одлична интеграција со Visual Studio 2010. За секоја функционалност што се развивава на MOSS постои тип на проект во VS (Visual Studio) така што сите подесувања за deploy на проектот се веќе дефинирани (освен врската каде треба да се направи deploy).

Друга алатка која е од голема помош е бесплатниот SharePoint Designer. Оваа алатка е присутна и за 2007 и за 2010 верзијата. Нормално, подобра е најновата верзија. Интересен е фактот за создавањето на workflows во 2010 верзијата. Овде има можност да се создава некој едноставен workflow и потоа да се импортира во VS 2010 каде автоматски се исцртува целиот дизајн на workflow а потоа има можност да се менува односно да се додаваат нови функциналности нов код било каде во временската линија на workflow функциналноста.

WEB 3.0[уреди | уреди извор]

Концептот за WEB 3.0, околу кој секојдневно се водат полемики во информатичкиот свет и се додаваат нови значења и одлики, во својата основа претставува еден голем соработен систем, каде што објавувачите на семрежјето се придржуваат до одредени стандарди и онтологии при изложувањето на своите веб ресурси (страници, документи, податотеки, податоци и слично). На тој начин, информациите стануваат достапни не само на презентациско ниво, туку и погодни за прибирање и обработка од страна на програмски соработни агенти, кои соработувајќи помеѓу себе можат да доведат до кумулација на знаењето во целина. Стандардите и препораките за изградба на мулти-агентни системи ги дава групацијата FIPA (The Foundation for Intelligent Physical Agents) во рамки на здружението IEEE.

Биомедицински истражувачки систем[уреди | уреди извор]

CLEF[17] е соработен систем кој ги подобрува информациите за грижата врз пациентите и резултатите од лекувањата во растечко складиште со псевдомизирани податоци за пациентите, поврзани со генетските и геномските информации кои можат да бидат безбедно споделени за биомедицински истражувања. Тој овозможува соработка помеѓу луѓе т.е размена на генетски и геномски информации за одреден тип на болести и грижата врз тие пациенти. Според времето и местото овој систем спаѓа во групата на соработни системи со неопределено место и неопределено време. Преку својата платформа развиени се технологии и услуги, овозможувајќи кохерентна соработна истражувачка околина која им овозможува на истражувачите безбедно и сигурно да ги анализираат и испитуваат клиничките информации. Обезбедени се инфраструктура и алатки кои можат да бидат користени од далечински авторизирани корисници, и може да бидат употребувани како во болници така и од доктори кои одат во домашна посета.

Stack Overflow[уреди | уреди извор]

Stack Overflow [18] претставува мрежно место за поставување и одговарање на прашања од областа на програмирање. Развојот на ваков мрежно место има за цел да го намали времето потребно да се најде решение на одреден проблем на форум, блог или книга. На луѓето кои се занимаваат со програмирање на едноставен начин им е овозможено да придонесат за собирање на решенија на проблеми од областа на програмирање на едно место. Функционалностите кои ги нуди ова мрежно место се обединување на функционалностите кои ги нуди Википедија, форумите за дискусии, блоговите и мрежните места за поставување на прашања. За да се поттикнат крајните корисници да придонесат за мрежното место, во зависност од нивните придонеси добиваат репутација и значки.

Прашањата кои се поставуваат треба да бидат од областа на грешки при програмирање, софтверски алгоритми, техники за програмирање, програмски јазици и алатки за развој на софтвер. Најчесто поставувани прашања се за програмските јазици: C#, Java, PHP, JavaScript, Android, jQuery, C++ и Python.

Мрежното место ги нуди следниве опции:

  • добивање на одговор на поставено прашање;
  • гласање за точноста на одговорот, при што одговорите се сортираат според бројот на гласови;
  • означување на добиениот одговор како прифатлив, доколку му помогнал на програмерот кој го поставил прашањето;
  • додавање на клучни зборови кон поставените прашања, за поспецифично одредување на областа за која се однесуваат;
  • промена на привилегии со промена на репутација, во зависност од гласовите за дадените одговори;
  • уредување на поставени прашања и додавање на коментари на истите;

Ова мрежно место е дел од мрежата Stack Exchange [19], каде што постојат мрежни места за размена на информации помеѓу систем и мрежни администратори, корисници на семрежни прилози, фотографи, јазичари, луѓе кои се занимаваат со физика, компјутерски науки, математика, когнитивни науки, биологија, хемија и слично.

Tекнувало - соработна услуга[уреди | уреди извор]

Текнувало претставува соработна услуга за поставување и одговарање прашања од области поврзани со програмирање. Овој сервис им помага на луѓето вклучени во оваа проблематика на брз и едноставен начин да дојдат до информации за проблемите во секојдневното работење. Преку поставување на прашања и добивање/давање на одговори се раменуваат искуства од различни области од програмирањето помеѓу огромен број на членови од ИТ заедницата во нашата земја. Повеќе информации за овој сервис како и за неговата функционалност може да се најдат на страната на Текнувало[20]

Апликација за граѓанско, колаборативно изгласување на приоритети во општините во Р Македонија[уреди | уреди извор]

Семрежниот прилог ,,Моја општина” овозможува крерирање и одговарање на прашалници со приоритети наменети за граѓаните од сите општини во Република Македонија. Истата е изработена од страна на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство" во соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). Секоја општина си има свој прашалник и секој прашалник си има повеќе ставки. Граѓанинот ги бира оние ставки кои смета дека се најприоритетни, а воедно дава и демографски информации за самиот себе. Сите демографски одлики треба да ги бира од листа каде што се прикажани сите опции на посебна страна наречена,,Кажи нешто за себе”. Одликите според кои се гради профилот на граѓанинот се следните:

• Пол (машко или женско)

• Возраст

• Националност

• Брачен статус

• Работен статус

• Образование

Додатно се додаваат информации за корисникот за местото каде го пополнил прашалникот и јазикот на кој одговарал.Според овие одлики подоцна се вршат анализи за тоа кој приоритет која целна група најмногу го бира како најважен. Секоја општина има свој анкетен систем и во тој анкетен систем има повеќе прашалници кои имаат различен временски интервал на активност. Секоја ставка за гласање е преведана на 6 јазици и целиот интерфејс е исто во 6 јазици. Локалниот администратор има можност за промена на содржината на ставките, нивниот опис како и бројот на можни ставки за избор од еден корисник.

Апликација за управување со кризи[уреди | уреди извор]

Апликацијата за управување со кризи претставува систем за рано предупредување, менаџирање, олеснување и справување со кризни настани кои се случуваат на територијата на Република Македонија. Апликацијата е изработена од страна на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), во соработка со УНДП и Центарот за управување со кризи на Република Македонија [21]. Апликацијата е составена од три модули: опслужувачки дел (каде одговорни лица од ЦУК внесуваат и прегледуваат настани, но и создадеат извештаи за други институции во државата), веб сервиси (кои овозможуваат отворен пристап до податоците) и мобилна апликација (за Android, iOS и Windows Phone). Сите модули се тројазични (англиски, македонски и албански).

Некои од функционалностите што ги нуди мобилната апликацијата се: приказ на настаните на мапа и во листа, детали за секој настан поединечно, негов приказ на мапа и негово споделување со пријатели (преку е-пошта, друштвени мрежи, итн.). Дополнително, апликацијата нуди разни опции за нагодување на полупречникот за приказ и известување, избор на настани кои би можеле да бидат од интерес на корисникот, период и јазик на нивен приказ, поставување на локации од интерес, итн. Апликацијата, исто така, нуди и препораки за помош при кризни настани, како и поважни телефонски броеви и начин за нивно едноставно повикување.

Наместо да бидат само пасивни примачи на податоци, апликацијата им овозможува на корисниците и начин за информирање на останатите граѓани за настаните кои се склучуваат околу нив: преку испраќање на слики од одреден настан, како и негово опишување во текстуална форма. Со комбинирање на напорите на многу доброволци кои испраќаат податоци, односно „набавка од толпа“ (анг. crowdsourcing), системот прибира релативно голем број на настани кои корисниците на апликацијата (граѓани или институции) можат да ги прегледуваат.

Систем за создавање на анимации[уреди | уреди извор]

Основата на системот е правење на stop motion анимации кои обработуваат наставни содржини од разни наставни предмети во основното и средното образование. Покрај идејата да го направи учењето многу поинтересно, една од главните цели на системот е и да ги мотивира учениците да соработуваат еден со друг во создавањето на наставни содржини кои би се користеле од страна на сите останати ученици во државата. Анимациите се состојат од слики (кои се менуваат на одреден период) и звуци (за кои се нагодува времето на почеток, јачината и времетраењето).

Конкретно, системот се состои од WP8 апликација која ги предава фотографиите на семрежен прилог во која се создадеат анимациите. Секој корисник на системот може да ги гледа сликите кои се прикачени од останатите корисници, како и да ги користи истите за создавање на свои анимации. На тој начин, корисниците можат да соработуваат меѓусебно во создавањето на многу посложени анимации. Системот дозволува и додавање на разни дополнителни елементи како текст и звук. Овозможена е и промена на времето за кое се менуваат сликите во анимацијата. Од кога ќе биде објавена одредена анимација, секој посетител на мрежното место може истата да ја сподели со своите пријатели на друштвените мрежи, да остава коментари за анимацијата, да прегледува слични содржини, итн.

Во моментов, апликацијата содржи повеќе од 60 анимации, во чијашто изработка се вклучени повеќе од 500 ученици. Системот е дел од проектот "Fun, Education, Stop motion animation", кој го освои второто место на светскиот натпревар за иновативни содржини организиран од страна на Microsoft Partners in Learning [22].

MyDataNest[уреди | уреди извор]

MyDataNest претставува веб заснована апликација којашто бесплатно е достапна до корисниците. Овозможува на луѓето да создадеат и уредуваат документи на семрежјето бесплатно, исто така им овозможува на корисниците да ги споделуваат своите документи, дури и да соработуваат со другите корисници во реално време. MyDataNest е многу едноставна апликација и лесна за користење за било кој корисник. Екипите можат да соработуваат на Word документи, Excell и други канцелариски документи во online канцелариски пакет. Исто така корисниците может да испраќаат музика и видео во живо и имаат можност да го пуштат од страна на мрежното место од каде што доаѓа или од негова страна каде што пристигнал. MyDataNest има бесплатен accounts кој дозволуваr 2GB на слободен простор и големината на податотеките до 50MB. Може да се пристапи од било кој компјутер кој има семрежна врска. Повеќе информации за оваа апликација како и за неговата функционалност може да се најдат на страната на MyDataNest[23]

Alfresco Share - Соработно управување со содржини[уреди | уреди извор]

Во денешни услови на напредни технологии корисниците имаат пред сè потреба од едноставни програмски алатки кои ги користат во секојдневната работа, како што се пребарување со Google, читање од Wikipedia и од сопствени Wiki страници, пишување на блог, наоѓање на лица преку Linkedin, читање на известувања преку rss, следење на активностите на пријателите на Facebook и на крај сите тие активности сместени во iGoogle. Токму Alfresco Share нуди активности слични на овие меѓутоа пресликани во секојдневната работа на вработените (проекти, екипи) во една организација. Alfresco Share е изграден врз основа на Alfresco документ менаџмент системот и претставува out-of-thebox соработен систем за управување на содржини. Накратко обезбедува: собирање, размена и пребарување на информации помеѓу виртуелни екипи. Екипите или учесниците во проектите можат интерактивно да пронајдат „барани“ информации, професионалци, минати или сегашни проекти или пак да бидат информирани за сите промени што ги прави нив далеку поефикасни. Како позначајни одлики на Alfresco Share се јавуваат:

  • Библиотека на документи
  • Пребарување
  • Информирање за активности
  • Виртуелни екипи
  • Адаптација на кориснички интерфејс
  • Можност за развој на сопствени модули(апликации)
  • N - слојна архитектура
  • Поддршка за CMIS (Content Management Interoperability Services)

NetResults Tracker[уреди | уреди извор]

NetResults Tracker, е моќен и едноставен семрежен соработен систем кој им помага на компаниите во евиденцијата и решавањето на проблемите, како и автоматско управување на изнаоѓањето на соодветно решение по пат на резолуција. Системот го користат преку 1000 компании од различни профили, универзитети и групации во 35 земји од светот, меѓу кои и Adobe Systems, Google, AOL, BMW, MIT и многу други. Неговиот web заснован кориснички и администраторски посредник овозможува едноставно управување со проектите за менаџерите, на учесниците во проектот им овозможува поедноставено добивање на задачи, соработка и соработка со останатите учесници и размена на знаење без разлика на географската локација, водење евиденција за текот и состојбата на проектите и многу други можности.

Bugzilla[уреди | уреди извор]

Bugzilla [24] е едноставен и бесплатен семрежен соработен систем кој им помага на компаниите во евиденцијата и решавањето на грешките или дефектите кои се произлезени при развивање на проект. Овој систем им овозможува на идивидуалци или групи на програмери да ги прегледуваат истакнатите грешки во нивниот производ делотворно. Bugzilla e создаден од страна на Terry Weissman и е пуштен во употреба во 2001 година. Ова е open source систем развиен е во Perl. Се што е потребно за да се инсталира Bugzilla e компатибилен податочен систем, минимална верзија на Perl 5, компатибилен web опслужувач и било како SMTP опслужувач.

Најчестиот принципот на работа на овој систем е внесување на некаква грешка пронајдена најчесто од испробувачот. Се праќа електронска нотификација кон сите или поединци од групата составена за проектот дека е поставена нова грешка. Програмерот ја корегира настанатата грешка, се најавува на Bugzilla системот и поставува дека грешката е решена и притоа електронска нотификација добиваат сите или поединци од групата составена за проектот. Испробувачот (или „испрашувач“) ја регистрира грешката како корегирана откако ќе изврши проверка. Грешката никогаш не исчезнува од системот, таа после извесно време може повтроно да биде вратена.

Microsoft Unified Communication[уреди | уреди извор]

Microsoft Unified Communication[25] е збирка на технологии кои овозможуваат комуникација и соработка преку обединување на постоечките комуникациски системи и алатки (Desktop комуникациски системи, електронска пошта, факс, класични и IP телефонски системи, семрежјето, говорна пошта) со алатки кои се во секојдневна употреба (електронска пошта, Microsoft Office 2007, instant messaging, мобилни уреди засновани на Windows оперативен систем) со користење на интегрирани опслужувачи + сервиси и клиентски апликации (Microsoft Office COmmunications Server, Microsoft Exchange Server, Microsoft Office Communicator, Microsoft Office Outlook, Microsoft Office Live Meeting) за да овозможи комплетни комуникациски услуги (VoIP телефонија, видео и аудио конференција, контакт информации, информации за присутност, instant messaging, IVR (Interactive Voice Respond - говорни автомати), електронска пошта, говорна пошта, факс услуги, календар) достапни преку широк избор на апликации и уреди (комјутери, фиксни и мобилни телефони, семрежјето, мобилни уреди засновани на Windows оперативен систем)

Oracle Beehive[уреди | уреди извор]

Oracle Beehive[26] е решение за соработка коешто се нуди на големите фирми. Овозможува широка палета од интегрирани услуги за соработка, вклучувајќи: конференции, брза размена на пораки, електронска пошта, календар, управување со работни задачи и работен простор за екипна соработка. Го поддржува Microsoft Outlook како клиент за електронска пошта и календар. Како Web клиент за електронска пошта и календар користи Zimbra Client, привлечна, интуитивна но и моќна алатка. Пристапот до работниот простор за екипна соработка лесно се интегрира со Microsoft Outllok и Windows Explorer, и на овој начин корисниците можат да ги користат документите како да се наоѓаат на нивниот локален компјутер. За разлика од неговиот претходник Oracle Collaboration Suite, Oracle Beehive е многу поотворен за проширување, има поддршка за Wiki и нуди поголема палета на услуги приспособени за користење од мобилни уреди. Се одликува со размерливост, поддршка за глобални организации, централизирана точка на управување и голем степен на сигурност. Може да се постави на Linux, Solaris i Microsoft оперативни системи (64 битен хардвер не му е потребен).

Visual Studio Team Foundation[уреди | уреди извор]

Team Foundation е дел од Visual Studio Team System [27] и е множество од алатки и технологии кои овозможуваат екипата да соработува и да ги координира своите акции при работењето на проекти. Се вбројува во групата на соработни системи бидејќи овозможува членовите на екипата да комуницираат, да соработуваат делејќи заеднички ресурси, овозможува подобрено следење на ефикасноста на извршување на работните задачи, поддржува различни улоги во работа на еден проект и е прилагоден за секоја различна улога.

За соработка во рамки на екипата голема улога игра и порталот кој е Windows SharePoint Web портал и овозможува членовите да складираат документи до кои може сите да пристапуваат, извештаи, календари на активности и сл.

Директната интеграција со Visual Studio овозможува од исто место програмерите да може да ги гледаат своите задачи, да пристапуваат до проектот и сите документи, сите извештаи, да прават свои извештаи, да градат builds и проби за самиот проект. За подобрена соработка системот има и вградени предупредувања (alerts) кои може да се конфигурираат после определени промени да ги информираат членовите по електронска пошта за настанатите промени така што сите се во тек со случувањата во проектот.

Значи станува збор за соработна платформа која интегрира source control, создавање и следење на извршување на работни задачи, проектен менаџмент, портал за соработка, builds, верзионирање, испробување на проектот, како и интеграција со chat системи, сите овие одлики придонесуваат во зголемување на ефиксноста на екипата. VS Team Foundation нуди:

  • Портал за проектот
  • Team Explorer
  • Различни типови на работни задачи (tasks, bugs, scenarios, risk)
  • Следење на статуси на работни задачи
  • Историја на работните задачи
  • Нотификации
  • Builds
  • Извештаи
  • Интеграција со Microsoft Project и Excel
  • Алатки за испробување(load testing, unit testing, database test)
  • Team Foundation Server Power Tools (Октомври 2008), можности за интеграција со chat системи

Visual Studio Online[уреди | уреди извор]

Visual Studio Online[28] е онлајн верзија на веќе познатиот Микрософт производ Visual Studio[29]. Visual Studio Online нуди група на алатки кои помагаат при тимска работа на проекти и затоа се класифицира како колаборативен систем.

Корисниците имаат сопствен профил, кој е поврзан со Windows Live ID веродостојност . Профилот нуди избори за поставки како корисничка слика (аватар), името кое се прикажува, местоположба и сл.

Корисниците се групираат во тимови и еден корисник може да биде во повеќе тимови.

Како основен начин на комуникација меѓу тимовите се таканаречените Team Rooms. Во Теam Rooms има приказ на активни корисници (In The Room) со кои може да се комуницира во сегашно време, додека корисниците кои се неактивни (Away) во моментот, може подоцна да ги прочитаат пораките и да одговорат на истите.

Тимовите и корисниците се додаваат во Проекти. При избирање на проект, се отвора Project Dashboard и од тука корисникот може да навигира низ проектот. Проектите се поврзани со Team Foundation Server (TFS)[30] и во нив може да се додаваат backlog items, tasks и сл. Почетната страна на Project Dashboard, прикажува кои членови се во тимот, информации за моменталниот sprint (доколку се користи agile), како и директен пристап до Team Room на тимот.

Ipswitch iMail Server[уреди | уреди извор]

Ipswitch iMail Server претставува e-Mail опслужувач којшто може да ги задоволи барањата на малите и средни компании. Со помош на Ipswitch IMail Server, на компаниите им се овозможува пристап до сет од евтини, ефективни, моќни и лесни за користење соработни алатки направени во околина на email со Microsoft Outlook — вклучувајќи заеднички календари, групни распореди и глобална список на адреси. IMail исто така поддржава синхронизација со мобилни уреди и web заснован пристап до информациите како и поддршка за податочно складирање. Надополнет со secure instant messaging, овој производ претставува моќна алатка за соработка во рамките на една организација.

Windows Live SkyDrive[уреди | уреди извор]

SkyDrive е бесплатна соработна услуга на Microsoft, и истиот е еден од модулите на генералниот сервис Windows Live на Microsoft [31]. SkyDrive сервисот на корисниците (лица кои имаат создадено Live корисничка сметка) им овозможува да создадеат документи (Word, Excel, PowerPoint и OneNote) преку веб интерфејс и истите да ги складираат и организираат на бесплатниот простор за складирање кој го обезбедува сервисот. Освен документи, SkyDrive овозможува складирање и на фотографии и видео содржини. Сите содржини публикувани на SkyDrive може да се споделуваат со поединци (доделувајќи им пристап преку mail) или со групи на корисници кои може да се создадеат преку самиот сервис. Постои можност и за неограничено споделување, давајќи пристап на секого, а линкот до содржините може да се публикува и на друштвените мрежи. SkyDrive системот, освен пристап и работа со своите содржини од секаде овозможува и успешна соработка помеѓу корисниците преку споделување и заедничка работа на документи.

Windows Live Mesh 2011[уреди | уреди извор]

Windows Live Mesh 2011[32] претставува алатка од Windows Live Essential пакетот, развиена од Microsoft Corporation која овозможува on-line соработка помеѓу различни уреди, кои коррисникот ги додава на порталот за уреди, а кои се во негова сопственост, односно може да се најави на нив. Соработката се остварува преку синхронизација на податоците (документи, слики или други фајлови) помеѓу различните уреди, или помеѓу уредите и Sky Drive дисковиот простор. Оваа алатка овозможува корисникот да работи од повеќе географски дисперзирани уреди, без потреба од испраќање на електронски пораки или пренесување на податоците на надворешни медиуми и нивно копирање на уредот на кој во моментот е поврзан корисникот. Оваа алатка овозможува и верзионирање, on-line и off-лине работа при што на крај последната верзија се синхронизира на останатите уреди кои во моментот се on-line, или ќе бидат синхронизирани во моментот кога ќе бидат on-line. Дополнително, оваа алатка овозможува и пристап од далечина и контрола на сите уреди на корисникот кои во моментот се on-line, а се во кругот на уреди кои корисникот ги додал на порталот за уреди. Секако се очекува уредите да имаат инсталирана Windows Live Mesh алатка како предуслов за додавање на порталот за уреди и користење на погодностите на оваа алатка.

Google Docs[уреди | уреди извор]

Google Docs[1] претставува бесплатен веб-заснован систем создаден од страна на Google[33]. Google Docs е производ кој се заснова на создавање на word и excel документи, како и презетнации и форми. На секој корисник кој има Google account му е дозволено да создава и едитира документи online, додека има соработка во реално време со други корисници. Откако корисникот ќе го создава или постави документот на Google опслужувачот, преку електронска адреса ги известува корисници за поставениот документ. Google docs овозможува многу полесна распределна и соработка на документот кај корисниците, а со тоа и потполна сигурност. Сите корисници кои имаат пристап до документот имаат право да го променуваат. Сите верзии на документот се достапни во било кое време.

Google Wave[уреди | уреди извор]

Google Wave[34] претставува нов модел на комуникација и соработка на семрежнето. Google Wave е производ, платформа и протокол, кој се заснова на хостирани разговори именувани како wave. Еден wave претставува подеднакво документ и разговор, каде корисниците можат во исто време да комуницираат и да работат заедно со текст, слики, видеа, мапи, и други содржини. Овој модел им овозможува на луѓето да комуницираат и да работат заедно на поефикасени начини. Google Wave е и платформа која нуди множевство на open source API-а, кои им овозможуваат на други инженери да вградуваат wave-ови во други семрежни прилози и сервиси и да градат проширувања и надоградувања во рамките на самите wave-ови.

Google Wave сѐ уште не е јавно достапен производ. Првпат е претставен пред јавноста на 28 мај 2009 година за време на конференцијата на Google, Google I/O[35]. Неговото официјално претставување е најавено во текот на оваа година. Целта на јавното претставување е да се дозволи на програмските инженери надвор од Google да развиваат апликации и проширувања. Претставува веб заснован сервис и компјутерска платформа дизајнирана за да ги обедини постоечките начини на комуникција и соработка, како што се електронската пошта, моментална размена на пораки (Instant messaging), викија и дтушмрежи.

Google Wave е изработен со помош на Google Web Toolkit[36] и сѐ уште е во развој. Се очекува јавно да биде достапен до крајот на оваа година. Во овој момент Google Wave е достапен само како developer preview. Google најави дека планира да го отвори и јавно да го понуди најголемиот дел од кодот.

Google Translate[уреди | уреди извор]

Google Translate е слободен сервис за превод од еден јазик во друг, кој овозможува моментален превод на зборови, фрази и реченици од богатата палета на овозможени јазици. Целта на ваков тип на сервис е да овозможи информацијата да биде универзално достапна и корисна, без оглед на јазикот на кој е напишана.

Кога Google Translate генерира превод, пребарува слични шемаи низ стотици милиони документи за да одлучи кој е најдобар превод на соодветната фраза. Таквите типови на шемаи се преведени од луѓи и се веродостојни. Процесот за пребарување на шемаи низ документи се нарекува,,статистички машински превод". Колку повеќе постојат внесени преведени документи од луѓе, толку подобар превод Google Translate ќе нуди. Ова е причината поради која за некои јазици има подобри преводи за разлика од други. Колку повеќе луѓето колаборираат во внесувањето на преведени фрази во системот на Google Translate, толку подобро овој сервис ќе работи за соодветниот јазик.

Google Maps[уреди | уреди извор]

Google Maps[37] претставува веб-заснован систем за мапирање развиен од страна на Google[33]. Google Maps[37] нуди детални информации за географските реони ширум светот, со можност за преглед и навигација. Отворената платформа што ја нуди системот дозволува на луѓето да придонесуваат во градењето и точноста на внесените податоци за географските реони, локации, имиња и називи. Google Maps[37] системот се состои од неколку сервиси, секој со различна функција:

  • Directions service - сервис за гео-лоцирање и навигација од една локација до друга. Сервисот поддржува навигација низ пешачки патеки, велосипедски патеки, патување со автомобил, патување со јавен превоз, патување со авион, како и навигација за патување со брод.
  • Street view - сервис за панорамски 360 степени преглед на локации ширум светот
  • Geocoding service - сервис за мапирање на локации со нивните називи во соодветни географски координати

Socialtext[уреди | уреди извор]

Socialtext[38] претставува програмска подлога на Еnterprise 2.0 Wiki за соработка меѓу корпорации или организации. Socialtext нуди комплетно множество на wiki функционалности за деловно работење: за екипна соработка, соработка на ниво на проект и создавање на заедници. Основна цел на Socialtext системот за соработка е да ја зацврсти комуникацијата меѓу вработените, клиентите и деловните партнери, да ги подобри деловните процеси и да обезбеди брзо донесување на одлуки преку едноставни алатки за споделување на знаење, компетенции и идеи, а воедно и создавање на online заедници за нивните производи или сервиси.

Во рамки на Socialtext се обединети голем број на соработни услуги и алатки, како што се wiki работни околини, лични wiki страни (засновани на Google Gadgets стандардот), означување, пребарување, блогови, микроблогирање во рамки на корпорации, споделување на податотеки, управување со документи, друштвена мрежна комуникација, дискусиони групи, синхрони комуникации, email, RSS, десктоп клиентска апликација заснована на Adobe AIR, први индустриски друштвени програми за табеларни пресметки, мобилен посредник кон Socialtext работната околина и wiki содржина и off-line пристап. Socialtext се интегрира со LDAP или Microsoft Active Directory системите што овозможува брзо создавање на профили и централизација на корисничката автентикација. Socialtext нуди конектори за поврзување со Microsoft SharePoint и Lotus Connections кои овозможуваат брзо да се интегрира соработка меѓу корисниците во овие околини. Socialtext платформата има модуларна и проширлива веб ориенирана архитектура и нуди API-a за проширување на функционалноста на сервисот. Socialtext го нуди својот производ како програмското решение SaaS, уред и решение со отворен код Open SocialText[39].

Овој соработен систем има преку 4000 глобални корисници кои припаѓаат на повеќе од дваесет индустрии вклучувајќи финансиски, здравствени, правни, технолошко производствени, медиумски, издавачки, пропагандни и образовни институции, што е реален показател за неговата применливост. Дел од нив се Symantec, Nokia, Ogilvy PR, Washington Post, Epitaph Records, BASF, SAP, Intel, MWW Group, USA Today, MicroStrategy, IKEA.

Microsoft Learning Gateway[уреди | уреди извор]

Microsoft Learning Gateway[40] платформата претставува еден од системите за управување со знаењето, и технологија која го олеснува делењето и преносот на знаење. Оваа платформа која во комбинација со MSN share порталот обезбедува развој на модули за образование на далечина. Learning Gateway помага во отстранувањето на бариерите кои го спречуваат делотворното користење на технологијата и ја прави комуникацијата и соработката помеѓу сите корисници (професори, студенти и администратори) полесна. Learning Gateway користи Windows SharePoint сервиси како основен слој на порталот. Над ова ниво, дадена е платформа од погодни образовни веб делови со кои може да го менуваме решението според нашите потреби како корисник.

Поставување на ресурси за учење-

Овој дел е дизајниран да го автоматизира процесот на поставување на какви било образовни објекти во Learning Object Repository (LOR) библиотека. Веб делот го ослободува професорот од внесување на описни податоци секогаш кога ќе се обиде да постави образовен објект.

Пребарување на ресурси за учење-

Професорите го користат овој веб дел за пребарување на образовен објект во LOR библиотеката каде тие го прикачиле. Истите кои ќе се појават како резултат на пребарувањето, професорите можат да ги доделат на одредени студенти или на цела паралелка.

Body Area Network (BAN)[уреди | уреди извор]

Body Area Network (BAN)[41] претставува комуникација на уреди со ниска моќност и оперирање на, во или околу чевечкото тело (Но не ограничувајќи се само на луѓето) и служи како сервис за повеќе апликации вклучувајќи медицински, апликации за забава и други. Поинаку кажано BAN е систем од уреди во близина на човечкото тело кои соработуваат помеѓу себе во корист на човекот. Уредите комуникацијата помеѓу себе ја остваруваат преку безжични технологии, а нејзината работа се состои од мониторинг на човечкото тело и пренос на податоци од телото на човекот до некоја базна станица, од каде што истите можат да бидат проследени до болница, клиника или на било кое друго место, во реално време.

BAN технологијата е сѐ уште во примитивна фаза и нашироко се истражува. Оваа технологија откако еднаш биде донесена и прифатена, се очекува да биде значаен изум во здравството, што ќе доведе до тоа да телемедицината стане реалност.

Microsoft Office Project Server[уреди | уреди извор]

Microsoft ги проширува можностите на Microsoft Project[42] со Project Server и Project Web Access пристап. Microsoft Project Server ги чува информациите за проектот во една централна база на податоци (MSSQL Server), заштитени од неовластен пристап и корумпирање на податоците.

Project Center поддржува извештаи за организацијата на проектно ниво. Со помош на оваа алатка менаџерите можат да пребаруваат детали за проектот. Проектниот Менаџер ги спроведува плановите за проектот и ги прераспределува задачите до членовите на екипата. Задавањето на задачите може да биде дистрибуирано до членовите на екипата преку нивните страници во Web Access. Тие треба да го разменуваат статусот и промените и да му овозможат на менаџерот да биде во тек со задачите во проектот. Project Server поддржува електронска комуникација преку семрежјето со помош на Web Access. Членовите на екипата може да го обноват статусот на нивните задачи преку листата “Мои Задачи“ или “Временската листа“ во Project Web Access.

Искористеноста на ресурсите може да се анализира преку Resource Center - от, дозволувајќи им на организациите да ги предвидат идните барања за ресурси и да имаат поефикасно искористување на ресурсите.

Прегледот е полесен да се разбере и е поробустен преку Web Access, отколку со Microsoft Project. Project Server има сопствен календар, погледи, табели, филтри, како и полиња.

За секој објавен проект во Microsoft Project може да се создава Project Workspace, кој претставува работен простор од Microsoft SharePoint Teamsite каде проектната екипа може меѓусебно да дели документи, прашања и ризици.

Google Buzz[уреди | уреди извор]

Google Buzz [43] е алатка за пораки и друштевено вмрежување која е интегрирана во рамките на Gmail, мрежно ориентиран сервис за пораки или е-пошта. Корисниците на оваа алатка може да споделуваат врски, фотографии, видеа, статус пораки и коментари организирани во форма на разговори, видливи во корисничкото сандаче.

Buzz им овозможува на корисниците да можат да одберат дали ќе ги делат со светот своите пораки или ќе ги споделуваат приватно со група на пријатели секогаш кога поставуваат нова порака.

Во моментов во рамките на Buzz се интегрирани следниве сервиси: Picasa, Flickr, Google Reader, YouTube, Blogger, FriendFeed, identi.ca и Twitter. На овој начин Google се обидува да стане конкурент на страните за друштвени мрежи како Facebook и сервисите за микро блогови како што е Twitter. Од страна на Google оваа алатка треба да ја пополни празнината помеѓу алатките кои се користат за работа (е-поштата од Google која се користи во помали фирми) и задоволство, бидејќи пораките од пријателите се сега дел од маил сервисот.

Но сепак оваа алатка доби доста критики поради неводењето сметка за приватноста на корисниците. Овие забелешки беа посочени на фактот што Gmail списокот на контакти со оваа алатка е јавна, иако некои корисници на Gmail воопшто ја немаа вклучено алатката Buzz. Buzz има добра интеграција со Android оперативниот систем и со Google Maps, со што остава простор за големи иновации на Buzz во доменот на мобилните апликации и сервиси.

MindMeister[уреди | уреди извор]

MindMeister е водечко и повеќепати наградувано веб-засновано соработно решение, кое користи докажани концепти на умствено мапирање со цел да се олесни мулти-корисничкото планирање, brainstorming-от и сесиите за управување со проект, сето тоа сместено во рамките на стандарден пребарувач. MindMeister е софтвер кој им овозможува на корисниците во реално време да ги визуализираат своите размислувања. Со помош на MindMeister лесно може да се сподели било која творба преку поканување на корисници преку е-пошта или со едноставно испраќање уникатен и безбеден директен линк. По споделувањето, може да се започне сесија за соработка и споредување на мислења и да се соработува на различни мапи во реално време. Ефектите означени со боја ги нагласуваат промените кои ги направиле други корисници во рок од неколку секунди, а интегрираниот разговор во живо овозможува директна размена на мислења со останатите корисници. Историјата на промени во една мапа која е на мрежното место, се зачувуваат засекогаш. Со тоа се нуди можност бескрајно да се повторат и прегледаат сите промени, дури и да се репродуцира целата еволуција на самата мапа, притоа користејќи патентиран преглед на историјата. До самите мапи може лесно да се пристапи и од iPad, iPhone, iPod или андроид уреди, без разлика каде се наоѓаат, користејќи ги нивните матични мобилни апликации. Кога се користи интерфејсот за прелистување на MindMeister, не е потребна семрежна врска доколку е овозможен офлајн режим. Мапите се зачувани безбедно на семрежјето, и се што треба е стандарден прелистувач. Сите корисници и учесници во создавање и работа на една мапа пристапуваат до истата верзија, со што се елиминира опасноста од спротивставени верзии.

Dot Project[уреди | уреди извор]

DotProject[44] е веб засновано програмско решение наменето за планирање и водење на проекти. Развиено е како бесплатна замена на Microsoft Project со што и вклучува голем дел од функционалностите кои ги обезбедува Microsoft Project за водење на проекти. DotProject како бесплатна замена на Microsoft Project има голема примена како во софтверската индустрија така и во компании од различна природа и големина, невладини организиации, школи, но и кај индивидуалци. Со својот едноставен кориснички посредник и големиот број на опфатени функционалности dotProject е помеѓу најупотребуваните производи за водење и организација на проекти. Како и другите софтверски решенија за водење на проекти главната функционалност на овој производ е организација и планирање на задачи, распределување на задачи, планирање на ризици, планирање на придобивки од проектот, соработка помеѓу членовите на екипата.

Најкористени функционалности кој ги овозможува овој производ се:

  • Организација на проекти
  • Организација и распределување на задачи
  • Организација на ресурси
  • Формирање на екипи
  • Распределување на екипи по проекти
  • Овозможува комуникација преку форум
  • Организација на податоците за клиентите
  • Приказ за текот и успешноста на проектот преку Gantt Chart[45]
  • Генерирање на различни репорти
  • Календари
  • Историја на активности

ProcessMaker[уреди | уреди извор]

ProcessMaker [46] е уникатен Open Source корпоративен софтвер за менаџирање со бизнис процеси и работен тек (workflow), дизајниран за мали и средни бизниси и организации.

Тој е user-friendly апликација за менаџирање на работниот тек ефикасно и делотворно. Бизнис корисниците и експертите за процесите, без искуство во програмирањето, можат да дизајнираат и водат работни текови (workflows), да ја зголемат транспарентноста и радикално да ја намалат употребата на пишаната документација. Овозможува автоматизација на процесите помеѓу системите, вклучувајќи ги човечки ресурси, финансии, продажба и оператива. Приватни и јавни организации можат да го користат за автоматизација на процесите кај кои има интезивни побарувања од документи меѓу различните оддели.

ProcessMaker е напишан во PHP и Ajax и е целосно web заснован со сервисно ориентирана архитектура (SOA). Има интерфејс за создавање на работни текови, каде може да се отворат и променат сите бизнис процеси со едноставно повлекување и поместување на објектите кои го дефинираат процесот. Дополнително, тој располага со алатки за дизајнирање на форми, создавање на документи, назначување на улоги и корисници, создавање на правила за насочување, интерврска со надворешни системи за бизнис интелегенција (BI), системи за менаџирање со документи (DMS), системи за менаџирање со содржини (CMS) и систем за планирање на ресурси (ERP), преку сервисно ориентирана архитектура.

PhpGroupWare[уреди | уреди извор]

PhpGroupWare, порано позната како webdistro, е мулти-корисничка група целосно напишана во PHP и дел од проектот DotGNU. Таа обезбедува околу 50 веб-засновани апликации, вклучувајќи календар, адресар, напреднат вид на проект менаџер, список на задачи, електронска пошта и менаџирање на податотеки. Календарот поддржува повторување на настаните и вклучува аларм. Системот ѕа електронска пошта поддржува вметната графика и закачување на податотеки.. Системот како целина поддржува кориснички нагодувања, теми, кориснички дозволи, мулти-јазична поддршка и кориснички групи. Исто така вклучува модули за да се постави и администрирање на работната средина. Корисничката група целосно се заснова на напреден програмски интерфејс (advanced Application Programming Interface - API).

PHProjekt[уреди | уреди извор]

PHProjekt е бесплатна група и семрежен прилог за проектен менаџмент напишана во PHP. Таа е формирана кон крајот на 1990-тите години од Албрехт Гинтер, а од почетокот на 2006 година, Mayflower GmbH го развива и поддржува PHProjekt заедно со Гинтер. PHProjekt е единствениот слободен софтверски проект за управување со софтверот вклучен во сценариото Simple Scripts инсталерот и еден од двата вклучени во сценариото Фантастико инсталер (заедно со dotProject). Функционалноста на софтверот може да се прошири преку разни додавања на пакети (вклучувајќи го и оној за синхронизација со MicrosoftOutlook).

Lotus Notes и Domino[уреди | уреди извор]

Софтверот Lotus Notes и Domino им помага на корисниците да изведуваат акции, да создадеат и да споделуваат знаење и да соработуваат. Обезбедува една табла со функционалности, која е лесна за користење и им помага на корисниците поефикасно да ја завршат работата. Софтверот Lotus Notes и Domino ги спојува на едно место сите ресурси на компанијата кои се потребни за успешно завршување на секојдневните задачи и барања. Функционалностите кои ги нуди овој софтвер се следниве:

  • Кога корисникот ќе добие е-пошта и сака веднаш да исконтактира со испраќачот, доволно е само да кликне на неговото име за да започне разговор (chat).
  • Корисникот добива барање за состанок. Може во посебен поглед да ги провери неговиот личен и професионален календар, било каде и да се наоѓа, за да биде сигурен дека тој термин не е зафатен.
  • Контакт информации од некој нов корисник (колега) може да бидат испратени преку "smartphone" до Lotus Notes и ќе бидат интегрирани во целосниот список на контакти.
  • Следење на најновите новости е овозможено со интегриран читач на новости.
  • Блокирање на одреден корисник.

Соработка на попаметен начин[уреди | уреди извор]

Софтверот Lotus Notes и Domino обезбедува моќни, интуитивни соработни алатки, за поефикасна работа на екипата во еден проект.

  • Со користење на IBM Lotus Symphony софтверот, кој доаѓа заедно со Lotus Notes и Domino, може да се создадеат, отвораат, зачувуваат и делат документи во различни формати, вклучувајќи и Microsoft Office.
  • Управување со проекти, споделување на содржина со екипата и наоѓање на вистинските личности за завршување на дадена задача. Зачувување на идеи, споделување на знаење со екипата и следење на последните развојни проекти со помош на блог и предлошки за форуми.

Microsoft Lync[уреди | уреди извор]

Microsoft Lync (претходно Microsoft Office Communicator) и Microsoft Communicator за Mac се клиенти за комуницирање преку инстант пораки и се користат со Microsoft LyncServer. На еден начин тие се замена за Windows Live Messenger, кој се користи со Exchange Messaging Server. За разлика од Windows Live Messenger, овој софтвер има пошироки функционалности во рамките на организацијата каде е имплементиран.
Microsoft Lync обезбедува комуникација на повеќе начини преку единствен и едноставен интерфејс. Корисниците можат да се поврзат и соработуваат од било која локација каде што има семрежна врска. За разлика од претходната верзија Office Communications Server (OCS), Microsoft Lync поддржува разни облици на комуникација од еден кориснички интерфејс: размена на инстант пораки, говорни повици, видео повици, состаноци, интерактивни сесии (конференции). Освен подобрената комуникација во една организација, Microsoft Lync нуди можност за намалување на инфраструктурните трошоци. Microsoft Lync поддржува и работа со три други Microsoft семејства: Office, SharePoint, и Exchange. Развиени се две верзии на клиент комуникаторот за користење на Office Communications Server (OCS): клиент за Windows и клиент за Mackintosh. Двете верзии овозможуваат на корисниците:

  • Размена на инстатнт пораки
  • Телефонски разговори (PC-to-PC)
  • Видео повици
  • Делење на фајлови
  • Делење на десктопот
  • Можност да се види дали се слободни другите корисници на комуникаторот и објавување информации за сопствената достапност.

Функционалности[уреди | уреди извор]

Оснoвните функционалности вклучуваат размена на инстант пораки, пренесување на глас преку ИП и видео конференции во рамките на клиентскиот софтвер. Напредните функционалности се поврзани со интеграцијата со други софтверски алатки на Microsoft.

  • Достапноста на контактите е заснована на Microsoft Outlook календарот кој се наоѓа на Microsoft Excange Server-от.
  • Списокот на контакти може да се преземе од локалните сервиси од Microsoft Excange Server-от.
  • Преку Microsoft Office може да се види дали и други корисници работат на ист документ.
  • Целата комуникација меѓу клиентите се одвива во рамките на Microsoft Office Communications Server, локален опслужувач. Ова ја прави комуникацијата посигурна, пораките не мора да излезат од интеранетот, за разлика од други семрежни услуги за општење. опслужувачот може да се сетира да препраќа пораки на други мрежи за комуникација, одбегнувајќи инсталација на дополнителен опслужувач на клиентска страна.
  • Различни видови на клиенти се овозможени во Office Comunicator. Последната верзија поддржува и мобилни клиенти, односно овозможува мобилнен клиент да се приклучи на конференција, да прави и прима повици и потенцијално да се намалат трошоците за роаминг.
  • Користи SIP комуникациски протокол за клиентот.
  • Можност за TLS и SRTP енкрипција и сигурна сигнализација и сообраќај.
  • Овозможува делење на фајлови (upload/download).
  • Една од побитните нови функционалности е повеќеклиентска соработка во реално време, што им овозможува на екипи луѓе да гледаат и истовремено да работат на истите документи и во рамките на една комуникациска сесија. Функционалностите се имплементирани на следниот начин:
    • Соработка преку множество на документи, каде учесниците имаат можност да споделуваат текст, цртежи и графички анотации.
    • Соработка преку Power Point документи, каде што учесниците можат да ги контролираат и гледаат презентациите, но можат и да дозволат другите учесници да додаваат текст, цртежи и графика.
    • Соработка преку избирачки списоци, каде презентерите можат да организираат избори. Сите учесници можат да гласаат и потоа да се генерираат резултати.
    • Споделување на десктоп, дозволувајќи им на учесниците да го гледаат вашиот екран и да соработуваат со вас.
    • Споделување на windows апликации, овозможувајќи им научесниците да гледаат и да соработуваат за одредена апликација.

Сите соработни сесии се автоматски дефинирани како конференции каде клиентите можат да поканат и други клиенти-учесници на конференцијата. Иницијаторот на конференцијата (обично се нарекува организатор) може да им додели улога на учесниците како презентери или да им додели улога на посетители-слушатели. Организаторите исто така можат да дефинираат некои основни функции кои можат да ги прават или гледаат презентерите, односно слушателите. Подетална политика на пермисии се дефинира на ниво на опслужувачот.

Заклучок[уреди | уреди извор]

Microsoft Lync се обидува да ја исполни нашата визија и да ги обедини сите форми на модерна деловна комуникација, овозможувајќи им на луѓето поголема соработка во вид на "лично" искуство, обезбедувајќи функции како HD видео, снимање на конференција, социјални функции како ажурирање на статусот и ажурирање на достапноста.
Во прилог на трансформирање на начинот на кој луѓето комуницираат, ИТ одделите треба да го имплементираат Lync во нивната инфраструктура, со што би се подобрила комуникацијата, елиминирале традиционалните PBX системи и би се заштедиле пари и време.

BSCW (Basic Support for Cooperative Work )[уреди | уреди извор]

Развојот на организациите во денешно време сè повеќе зависи од виртуелните екипи во кои интеракцијата се одвива меѓу географски дистрибуирани единици.Често овие екипи се глобално распоредени, во мултинационални компании. Може да се дефинираат на различни начини, иако основните елементи на физичка дисперзија и интеракција со посредство на комуникациско - информациски системи се среќаваат во секоја дефиниција. Виртуелните екипи можеме да ги дефинираме како група на луѓе кои комуницираат преку независни задачи водени од заедничка цел и работат низ времето, просторот и организациските граници со линкови зајакнети со комуникациски технологии. Често виртуелните екипи се привремени, членовите не работеле заедно претходно, не се познаваат, се културно различни и се потпираат на компјутерски заснована комуникација која не само што ја елиминира физичката оддалеченост туку и времето преку асинхрони интеракции. Фирмите може да добијат зголемена флексибилност преку екипи со соодветна експертиза кои може брзо да се формираа, без оглед на физичката локација на членовите, може многу брзо да реагираат на промените во нивната околина и да ги намалат трошоците предизвикани од потребата за движење на луѓето. Mоже да се користи голем број на различни шеми за да се класифицира широкиот спектар на алатки кои поддржуваат виртуелна групна соработка. Системите за колоборација на групи мора првенствено да поддржат синхрони интеракции (видео конференции,real time разговори) или асинхрони интеракции (дискусиони групи,групни календари). Во поново време се забележува драматичен раст на веб заснованите колоборативни системи. Со користење на пребарувачите како интерфејс, ваквите системи нудат виртуелни екипи со заеднички задачи и фајлови, дискусии и евиденција на активностите на екипите за да се овозможи соработка на дисперзирани екипи кои работат на исти проекти. Еден популарен систем развиен во Германија е BSCW http://public.bscw.de (Basic Support for Cooperative Work ). BSCW е целосно веб заснован колоборациски систем кој овозможува ефикасна екипна работа во рамките на една компанија и со надворешни партнери преку широк спектар на функции. Тој нуди пристап до документи, средби и контакти со заеднички работни околини, а исто така корисниците може да ја организираат нивната соработка преку задачите и координацијата на состаноци. Блогови, форуми и Wiki-а се достапни за споделување на информации и документирање на резултати од проектот.BSCW се заснова на концептот на self-administrated работни групи и флексибилно управување засновано на улога. Корисниците може да складираат документи, координираат состаноци со партнерите и да управуваат со проекти. Тој нуди различни механизми за трансфер на документи, структурирано чување на документи и повеќејазичен кориснички интерфејс. Тој го премостува јазолот меѓу географски дисперзираните работни групи, овозможувајќи ефикасна соработка надвор од границите на компанијата. Различните механизми за следење на активностите на корисниците ги прават сите процеси транспарентни, осигурувајќи дека корисниците работат секогаш на исто ниво на информации. Основни функции на BSCW (Basic Support for Cooperative Work )

  • Document management
  • Task management
  • Project management
  • Shared calendars
  • Contact management
  • Work group
  • Awarness

TeamViewer[уреди | уреди извор]

TeamViewer е наменет за поддршка на далечина, состаноци и презентации на далечина или едноставно пристап до било кој компјутер што ни е потребен на начин како да се наоѓаме точно пред тој компјутер. Има едноставен и разбирлив кориснички интерфејс преку кој може да се избере далечинска контрола на компјутерот на партнерот, да се сподели десктопот со некој партнер или колега, или само да се префрлаат податотеки без споделување на десктопот.

TeamViewer овозможува споделување на десктопот со други луѓе преку семрежјето, дури и низ огнени ѕидови, што го прави идеално решение за online соработка. TeamViewer помага заедно да се работи на документи, да се презентираат документи или производи преку семрежјето, и да се држат презентации или online тренинзи со повеќе учесници. Има многу примери за тоа како споделувањето на работната површина со некој друг може многу да ја олесни целокупната работа. Погоден е и за работа со екипа кој е на различни места. Кај TeamViewer постои список на соработници (partner list) и таму во секој момент се гледа кој од колегите за работа е достапен, а од заедничката работа со него со помош на оваа софтверска алатка потребен е само еден клик со глушецот. Постои и целосно имплементиран систем за инстант пораки.

Друга погодност е кога се држат тренинзи или некои други презентации. Со помош на TeamViewer, гледачите на презентацијата не треба да отвораат или да стартуваат некоја извршна податотека – се што им е потребно за да ја гледаат презентацијата на нечиј компјутер е прелистувач и семрежна врска, што е многу погодно бидејќи корисникот којшто ја гледа презентацијата на овој начин, не е потребно да го има инсталирано софтверскиот пакет во којшто е правена презентацијата. Како дел од TeamViewer-от има интегрирано трансфер на податотеки што овозможува копирање на податотеките и папките од еден на друг партнер – и повторно сето ова работи низ firewall-ите.

Најинтересно од се е што и за да се користи TeamViewer не е потребно да се инсталира истиот, туку доволно е само да се стартува апликацијата на двете страни и да се поврзат.

TopCoder[уреди | уреди извор]

TopCoder е компанија која што администрира натпревари во програмирање. На секои две недели TopCoder организира мрежни натпревари во програмирање познати како SRM (Single Round Match), како и натпревари во дизајн и развој на софтвер. Работата при дизајн и развој на софтвер резултира со корисен софтвер кој се користи за комерцијални цели од TopCoder. Натпреварувачите вклучени во создавањето на овие компоненти се плаќаат врз основа на приходите од продажбата на софтверот. На мрежното место се регистрирани повеќе од 170,000 развивачи на софтвер и графички уметници. За секој натпреварувач се чуваат статистики за нејзиниот/неговиот напредок со текот на времето.

Исто така TopCoder овозможува вработување за оние кои бараат работа од компаниите што сакаат да најдат софтверски инженери и програмери. TopCoder им овозможува на бизнис корисниците програма која што одговара на нивните уникатни бизнис барања. Во почетната фаза специјалистите на TopCoder разговараат со клиентите за да ги разберат подобро нивните барања и за да ја создадеат нивната стратегија. Некои од можностите што ги нуди TopCoder преку својата заедница се создавање на дигитална стратегија, изработка на мрежно место, мобилна апликација, интерна апликација или подобро разбирање на податоците. Најголем дел од работата на проектот се постигнува преку натпревари на кои учествуваат членовите. Врз основа на квалитетот на изработената работа дел од членовите добиваат парична награда. Натпреварите кои се организираат за да се исполнат барањата на клиентите се:

  • Концептуализација - овој натпревар се прави за да се дефинира и документира целосно апликацијата на клиентот. Ова се прави со помош на Use-Case и Work Flow дијаграми
  • Wireframes - овде натпреварувачите се натпреваруваат за да дефинираат добро каков ќе биде текот на податоците и воопшто на апликацијата
  • Storyboards - задачата е да се дизајнира изгледот на апликацијата со помош на создавање на слики и икони
  • UI прототип - овој натпревар создаде HTML прототип на апликацијата со помош на резултатот добиен од претходните натпревари
  • Спецификација - барањата на апликацијата се документираат што е можно подетално за да се постигне саканата цел. Овде се цртаат Use-Case и Activity дијаграми
  • Архитектура - врз основа на функционалните барања технички се дизајнира апликацијата или модулот. Дијајнот се прави со помош на класни дијаграми
  • Дизајн и развој на компонента - овде се создаде најголемиот дел од кодот
  • Assembly - во овој тип на натпревари се конструира модулот или апликацијата со спојување на досега направените компоненти
  • Испробување - се валидираат сите барања и се разгледува дали се е опфатено во процесот на развој
  • Bug race - во овој тип на натпревари се бараат грешки во софтверот

SMART Classroom Suite[уреди | уреди извор]

SMART Classroom Suite софтверот за интерактивно учење е дизајниран за компјутерски опремени училници. Им овозможува на наставниците со помош на едноставни алатки да ја организираат наставата, да ги оценуваат учениците и да ја поттикнуваат соработката помеѓу сите учесници во наставниот процес. SMART Classroom Suite направен е да може лесно да се интегрира со постоечката технологија и безжична или кабелска мрежа.

Самиот софтвер овозможува создавање и менаџирање на групи од слушатели (класови), создавање на наставни планови, содржини и нивно трајно зачувување со цел понатамошно реискористување. Постои решение за испробување на слушателите, можност за создавање извештаи за самиот процес на учење и постигнатиот квалитет. Овој пакет е наменет и може да се користи и во рамки и на физичка и на виртуелна училница затоа што постои можност за поврзување со White Board, проектори итн. Односно овозможува да виртуелната училница фактички функционира како физичка.

SMART Classroom Suite се состои од неколку алатки групирани по тип на корисник односно предавач (Teacher tools) и слушатели (Student tools). Софтверскиот пакет е достапен на повеќето светски јазици меѓу кои и на Македонски.

Redmine[уреди | уреди извор]

Redmine [47] е бесплатна, open source, веб заснована софтверска алатка која се користи за проектен менаџмент и следење на софтверски грешки. Оваа алатка вклучува календар и Гант графикони со цел визуелно да се претстават проектите и нивните временски ограничувања. Redmine исто така нуди интегрирани решенија од областа на проектниот менаџмент, следење на задачи, како и поддршка за повеќекратно верзионирање. Иако најмногу одговара да се користи во проекти за развој на софтвер, сепак лесно може да се користи и во проекти од друг тип како организациска алатка која ќе ја подобри соработката помеѓу вработените со цел поефикасно завршување на работните задачи. Лесно може да се создадеат различни видови на корисници и кориснички групи и да им се доделат различни привилегии во проектите.

Дизајнот на Redmine е под значително влијание на Trac, кое што е софтверски пакет со слични својства.

Redmine е издаден под GNU GPL лиценца, а е создаден со користење на Ruby on Rails framework, што значи напишан е во програмскиот јазик Ruby и е независен од платформата.

Одлики и функционалности:

  • Поддршка за проекти на повеќе нивоа
  • Флексибилно управување, засновано на различни кориснички улоги
  • Флексибилен систем за следење на задачи
  • Гант графикони и календар
  • Менаџирање на документи
  • E-mail нотификации
  • Вики страници по проект
  • Форуми по проект
  • Едноставно следење на работно време
  • Интеграција со SCM алатки (SVN, CVS, Git ,...)
  • Поддршка за LDAP автентикација
  • Поддршка за повеќе светски јазици
  • Поддршка за повеќе видови на бази на податоци

ClockingIT[уреди | уреди извор]

ClockingIT [48] e бесплатна веб заснована апликација за проектно менаџирање. Ова решение е достапно како инсталација врз приватни опслужувачи но и мрежно, без потреба од додатни инсталации. За негова употреба потребно е само да се регистрирате на мрежното место. Главните негови одлики се: можност за дизајнирање на повеќе проекти, да правите распоред на завршените како и задачите кои допрва треба да се завршат,додавање на различни корисници во засебни проекти, следење на нивната работа и слично. За секој проект што го создадете под оваа платформа добивате засебен приватен форум, приватно wiki, групен разговор, како и соодветни е-пошта известувања за случувањата во соодветниот проект. Добра одлика се и автоматските графикони кои покажуваат на проектот или на засебните задачи на истиот во одреден временски интервал. Интерактивната ГАНТ табела ви овозможува да го прегледате распоредот на задачите по корисник која се подновува автоматски, со поднесувањето на роковите и задачите на проектот. Има и даточно складиште на кој може бесплатно да ги закачите документите поврзани со вашиот проект.

ZOHO CRM[уреди | уреди извор]

ZOHO CRM [49] е On-demand алатка која се користи за Менаџирање со клиенти и контакти. ZOHO CRM бесплатна веб заснована алатка која помага при управување на односите со клиентите. ZOHO CRM помага за рационализирање на деталната организација, и има детално разработени модули за продажба, маркетинг, корисничка поддршка, и инвентар за управување со функциите во еден систем. Функционалности:

  • Модулот за продажба дозволува следење на лидови, потенциални лидови како и начини за тоа како да затворите повеќе договори за помалку време. Исто така дозволува зачувување на податоците за клиентот без разлика дали се работи за потенциална продажба или за продажно вкрстена соработка.
  • Делотворно создавање на Маркетинг Активности, испраќање на групни мејлови и подобрување на квалитетот на потенцијални лидови преку веб форми.
  • Набавкаи и Продажба на стоки или услуги како и управување со пред-продажба и пост-продажни активности.
  • Корисничката поддршка овозможува подобра интеграција помеѓу секторот за продажба и поддршка на корисници во системот.
  • Генерира различни извештаи и визуелан табла со споредби (лично прилагоден преглед на активности за следење), модели и трендови во маркетинг и продажба.
  • Дефинирање на Активности како и нивна организација, следење на сите задачи, настани и повици. Дополнително дозволува и поставување на потцетник како и создавање на периодични активности.
  • Дозволува создавање на хиерархија на достапност на информации кои можат да се менуваат или гледаат во зависност од претходно дефинираната улога (главен раководител, екипен предводник, соработник итн.) како и евиденција и доделување на задачи.

SpiraTeam[уреди | уреди извор]

SpiraTeam [50] е web заснована апликација која работи на Microsoft Windows оперативен систем и има потреба од инсталирана SQL база на податоци и web browser. Може да се користи 30 дена пробно а после се плаќа лиценца во зависност од тоа колку корисници ќе го користат. SpiraTeam е флексибилен систем за менаџирање при разввој на проекти и испробување на софтвер. Користи интегрирана околина за менаџирање на побарувања, задачи, испробувања и проблеми.

Овозможува приказ на статусот на проектот во форма на контролен панел со индикатори за прогрес – покриеност на побарувањата со проби, прогрес на задачи, брзина на развој на проектот, извршување на проби и ризици и проблеми. Менаџерите можат да ги распределуваат членовите на екипата на задачи во коишто внесуваат прогрес на работената задача во смисла на тоа колку е сработено и колку треба да се сработи. Ова им овозможува на менаџерите приказ за напредокот на работните задачи и рано откривање на пречекорување на распоредот.

Деловната екипа и техничката екипа работат заедно на развој на планот за изработка, разделувајки ги побарувањата во задачи доделени на членови на екипата. Во текот на работата, како што се завршуваат задачи, системот ги бележи промените и детектира дали планот за развој треба да биде ребалансиран со цел да овозможи навремена и во рамки на предвидениот буџет испорака.

Системот го користат стотици организации во здравство и биотехнологија, информатичка технологија, телекомуникации, финансиски и бизнис сервиси, медиуми. Дизајниран е да работи со разни методологии за развој на софтвер : Agile,Scrum,Extreme Programming(XP),Iterative / Spiral, Agile Unified Process (AUP), Dynamic Systems Development Method (DSDM), Lean, Rapid Application Development (RAD), Test-Driven Development, Feature-Driven Development.

Соработка помеѓу државни установи[уреди | уреди извор]

Секоjа државна институција во Р Македонија при аплицирање на граѓанинот за било што, побарува документација која лицето треба да ја обезбеди од некоја друга институција. Многу позгодно би било кога сите институции би соработувале меѓу себе и кога документација би се разменувала електронски и во реално време, без губење на време за изработка на потребниот документ, со цел да се заврши саканото побарување на корисникот. Еден таков вид на соработка е помеѓу СПИЛ и е-Катастар, така што агенцијата за катастар на недвижности на Р Македонија има развиено можност за преглед на имотната состојба на дадено лице преку веб сервис, а апликацијата за решавање на паричната помош за граѓаните на Р Македонија (СПИЛ) има потреба од информации за имотната состојба на дадено лице како еден од критериумите за лицето да го оствари правото на парична помош. Информациите добиени преку веб сервисот автоматски се евидентираат за даденото лице и комуникацијата се остварува преку безбедни канали.

Udacity[уреди | уреди извор]

Udacity е основана од страна на тројца професионалци од областа на роботика кои верувале дека образовната вредност на нивните универзитетски часови може да биде понудена за многу ниска цена. Неколку недели подоцна, преку 160.000 студенти во повеќе од 190 држави се запишале на првиот курс “Introduction to Artificial Intelligence”. Курсот бил двапати промовиран од страна на New York Times и други медиуми. Денес, Udacity брои екипа од едукатори и инженери, со мисија да се смени иднината на образовање.

Овој курс е еден од трите кои се понудени експериментално од страна на одделот за компјутерски науки на Стенфорд универзитетот, со цел да се прошири технологијата на знаење и вештини надвор од овој елитен кампус.

Студентите кои слушаат мрежни предавања не добиваат оценки или кредити, но се рангираат според работата на другите присутни студенти и на крај добиваат сертификат за успешно завршен курс.

За да може активно да учествуваат во курсот за вештачка интелигенција, студентите мора да имаат добро познавање од математика, линеарна алгебра, како и теоријата на веројатност, меѓутоа не постојат рестрикции за мрежно учество.

Инструктори се Sebastian Thrun [1] и Peter Norvig [2], двајцата најпознати експерти од областа вештачка интелигенција. Визијата на Sebastian Thrun е “Да се промени светот со тоа што образованието ќе се доведе на места на кои не може да се стигне денес”. Брзото зголемување на семрежните услуги со висок пропусен опсег во комбинација со широк спектар на интерактивен софтвер, предизвика нов бран на експериментирање во образованието. Трите мрежни курсеви, кои имплементираат семрежни видеа и интерактивни технологии за квизови и оценување порано биле слушани од страна на помали групи студенти од Стенфорд универзитетот.

Секој курс што го нуди Udacity се одвива на следниот начин: Секоја недела се поставуваат нови содржини имплементирани во кратки видеа. После секое видео следи квиз прашање за студентот поврзано со целината која ја поминал. На секое квиз прашање има и одговор од страна на предавачот (доколку студентот не успее сам да го одговори, може да ислуша дополнително објаснување). Исто така, секоја недела се објавуваат домашни задачи за кои постои одреден рок до кој треба да се предадат, и истите се оценети од автоматизиран систем за прегледување. На крај од курсот, секој од студентите полага завршен испит, и во зависност од неговиот напредок во текот на целиот курс и резултатите од домашните задачи и завршниот испит добива сертификат за успешно завршен курс.

Список на курсеви[уреди | уреди извор]

  • CS101: Building a Search Engine [51]
  • PH100: Intro to Physics: Landmarks in Physics
  • ST101: Introduction to Statistics: Making Decisions based on Data
  • CS215: Algorithms: Crunching Social Networks
  • CS221: Logic & Discrete Mathematics: Foundation of Computing
  • CS212: Design of Computer Programs [52]
  • CS253: Web Application Engineering [53]
  • CS258: Software Testing: How to Make Software Fail
  • CS262: Programming Languages [54]
  • CS373: Programming a Robotic Car [55]
  • CS387: Applied Cryptography [56]

ASANA[уреди | уреди извор]

Asana е комерцијална веб алатка која овозможува менаџирање со работните задачи во работната околина и дома. За разликата од другите алатки за менаџирање со задачи и проекти, Asana се фокусира пред сè на тимови со не техничко потекло и едноставност за употреба. Целиот систем е организиран околу работни околини и задачи, едноставноста се добива со претпазливо одбрани детали за задачите и едноствно дизајнираниот кориснички интерфејс. Тоа што ја прави asana колаборативна алатка е можноста за следење на тимот или тимовите во рамките на една компанија или еден проект и во секое време да се знае кој член од тимот на што работи. Асана нуди и бесплатна варијанта на својот семрежен прилог за тимови до 26 лица, како и мобилни апликации за прегледување на задачите во движење.

Atlassian производи[уреди | уреди извор]

Atlassian е австралиска софтветска компанија која развива производи главно наменети за програмери и проектни менаџери. Atlassian нуди инсталирани или хостирани софтверски алатки кои главно се насочени кон: следење на задачи и проекти, колаборација и споделување на содржина, дистрибуирана контрола на ревизии и квалитет на код. Најпозната апликација на Atlassian е Jira, како алатка за следење на задачи и Confluence, како алатка за тимска колаборација. Други производи од Atlassian кои се исто така се користат како колаборативни алатки при развојот на софтвер се: Crucible, FishEye, HipChat итн.

Jira[уреди | уреди извор]

JIRA е комерцијален софтвер за следење на развој на верзии, развиен од страна на Atlassian, најчесто се користи за следење и решавање на проблеми, следење на развојот на софтверските верзии и управување со проекти. Името на софтверот, JIRA, не е акроним, туку скратена верзија на "Gojira", јапонското име за Годзила. JIRA се развива од 2002 година. JIRA е напишан во јава и ги користи Pico контролерот за инверзија на управување, Apache OFBiz енџинот за ентитети и WebWork 1 стекот со технологии. За RPC, JIRA поддржува SOAP, XML-RPC и REST. JIRA се интегрира со програми за управување со код како што се Subversion, SVC, Git, Clearcase, Visual SourceSafe, Mercurial и Perforce. Доаѓа со преводи на повеќе јазици како Англиски, Јапонски, Германски, Француски и Шпански. JIRA има архитектура која е прилагодлива за додатоци со што се развинеи голем број интеграции од JIRA заедницата и трети страни, вклучувајќи ги развојните околини како Eclipse и IntelliJ IDEA кој го користат Atlassian IDE конекторот. API-то на JIRA дозволува девелоперите да интегрираат апликации од трети страни во JIRA. Според Atlassian, JIRA се користи за следење на верзии на софтвер и управување со проекти од преку 14 500 компании во 122 земји од светот.

JIRA Agile[уреди | уреди извор]

GreenHopper(порано познат како GreenHooper) е add-in за Jira кој овозможува да се користи Agile функционалноста. Поддржува Scrum и Kanban тимови. Овој плагин овозможува:

  • беклог на продукти
  • естимирање и планирање на спринтови
  • следење на задачи и време
  • графици за завршена работа и создавање репорти

Не доаѓа со стандардната комерцијална лиценца за Jira. Развиен е од Atlassian.

FishEye[уреди | уреди извор]

FishEye е прелистувач за контрола на ревизии и енџин за пребарување. Иако е комерцијален производ, постои бесплатна лиценца достапна за проекти со отворен код и непрофитни институции. Како алатка употребувана во развој на софтвер дозволува напредно пребарување и diff способности. Покрај тоа овозможува и некои други функционалности како: одредување на множество на промено(дури и ако основниот систем за контрола на ревизии не го дозволува тоа), URL-а засновани на ресурси, мониторирање, испраќање нотификации по е-пошта или RSS итн. Но, исто така има и негативни страни, односно недостигаат некои способности кои постојат кај други прелистувачи за контрола на ревизии како што е споредба на различни ревизии на одредена папка или споредба на два папки (како гранки или ознаки), што се смета за голем пропуст. Поради URL-ата засновани на ресурси, можна е интеграција со различни системи за следење на задачи и багови. Исто така FishEye овозможува REST и XML-RPC API.

Crucible[уреди | уреди извор]

Crucible е колаборативна алатка за ревидирање на код. Слично како и другите производи од Atlassian, Crucible е веб-заснована апликација, наменета за претпријатија и поради некои функционалности кои им дозволуваат на поединци ревидирање на кодот се смета како компаниски социјален софтвер. Crucible е посебно изработен за дистрибуирани тимови, и овозможува асинхроно ревидирање и коментирање на кодот. Исто така овозможена е интеграција со веќепостоечи алатки за контрола на код како Git и Subversion.

Confluence[уреди | уреди извор]

Confluence е софтвер за тимска колаборација. Напишан е во Јава и главно се користи во корпоративни средини. Главно се користи за комуникација во компанијата, како колаборативен работен простор за размена на знаење, друштвено вмрежување, раководење со лични информации и проектен менаџмент. Вклучува CSS-предлошки за стилови и форматирање за сите страници, вклучувајќи ги и тие импортирани од Word документи, исто така вклучен е и енџин за пребарување низ страниците. Исто така овозможено е и флексибилно API кое дозволува експанзија на оваа алатка. Друга исто така многу корисна и често практикувана примена е користење како алатка за дефинирање на барањата, кои може да се линкуваат со задачи во JIRA.

BitBucket[уреди | уреди извор]

Bitbucket[57] претставува веб заснован колаборативен систем за контрола на верзии кај проектите, развиен од страна на Atlassian, каде што може да се користи некој од најпознатите дистрибуирани системи за контрола на верзии како што се Git и Mercurial. Bitbucket овозможува отворање на бесплатни и комерцијални сметки, како и поставување на приватни и јавни складишта (анг. repository). Бесплатните сметки овозможуваат создавање на неограничен број на приватни складишта, но во едно складиште можат да колаборираат во даден момент најмногу 5 корисници. Bitbucket има огромен спектар на дополнителни сервиси како што се едитирање на код, ревизија на промените помеѓу корисниците на складиштето, вики, интеграција со twitter, facebook итн.

Sakai Project[уреди | уреди извор]

Sakai[58] е заедница на академски институции, комерцијални организации и поединци кои работат заедно да создадат заедничка околина за колаборација и учење. Sakai CLE (Collaboration and Learning Environment) е бесплатна образовна платформа дистрибуирана под ECL лиценцата. Sakai CLE се користи за учење, истражување и колаборација. Системите од овој тип се уште познати и како систем за менаџмент на предмети (англиски: Course Management Systems - CMS), систем за менаџмент на учење (англиски: Learning Management Systems - LMS) или околини за виртуелно учење (англиски: Virtual Learning Environments - VLE). Sakai софтверот е напишан во јава, со услужно-ориентирана архитектура, дизајнирана да биде размерлива, сигурна, интероперабилна и проширлива платформа. Првата верзија 1.0 беше издадена во март 2005.

Според учесниците и носителите на интеракциите во системот, Sakai системот може да се класифицира како соработка помеѓу луѓе, но и помеѓу машини. Комуникацијата на одделните системи во Sakai проектот е соработка помеѓу машини, односно има сервисно ориентирана архитектура. Соработката помеѓу луѓе според типот на технологија е семрежна соработка, каде што се користат веб засновани соработни алатки. Sakai проектот содржи голем број на алатки па така ги опфаќа сите области, односно вклучува алатки за создавање и управување на знаење, алатки за делење на информации и за соработно управување со проекти.

Развој[уреди | уреди извор]

Развојот на Sakai околината за колаборација и учење првично бил финансиран со грант од приватната Andrew W. Mellon фондација. Првите неколку верзии на софтверот се засновани на веќе постоечките алатки кои институциите основачи ги користеле во своите интерни проекти. Најголем придонес имала алатката од универзитетот во Мичиган.

Првиот состанок на Sakai заедницата е одржан во февруари 2004 година. Секоја од институциите основачи имале веќе развиено свој систем за менаџмент на предмети, имено:

  • Универзитетот во Индијана: Oncourse
  • MIT универзитетот: Stellar
  • Станфорд универзитетот: CourseWork
  • Универзитетот во Мичиган: CourseTools, засновани на CHEF
  • uPortal и иницијативата за отворено знаење исто така биле презентирани на состанокот.

Во 2005 универзитетот во Индијана ги префрли сите свои постари системи на неговата имплементација на Sakai проектот. По ова во 2007 и универзитетот во Вирџинија објави дека ќе го прифати Sakai проектот и ќе користи негова имплементација, наместо постојниот систем за менаџмент на предмети, ToolKit.

Откако првата верзија на Sakai стана достапна за јавноста, првите пет основачки институции ги поканија останатите институции да се приклучат преку Sakai партнер програмата. Партнер институциите придонесуваат кон програмата финансиски и преку додавање код кон проектот.

Денес развојот продолжува преку работата на Sakai фондацијата и членовите на заедницата и преку ресурсите снабдени од академските институции, комерцијалните соработници и од поединечни волонтери.

Одлики[уреди | уреди извор]

Sakai софтверот поседува многу од одликите на системите за менаџмент на предмети, вклучувајќи дистрибуција на документи, листа со оценки, дискусии, разговор во реално време, прикачување на задачи и online испробување.

Покрај овие одлики заеднички за системите за менаџмент на предмети, Sakai поседува одлики за поддршка на колаборативно истражување и групни проекти. За да го постигне ова Sakai вклучува можност за промена на пермисиите за работа со алатките за различни типови на корисници, вклучува вики страници, е-пошта листа за дистрибуција и архива, како и RSS читач. Основните алатки исто така можат да бидат проширени со нови алатки, специјално дизајнирани за посебна намена на Sakai околината.

Основни колаборациски алатки кои Sakai софтверот ги поседува се:

  • Огласна табла - се користи за информирање на сите учесници во проектот,
  • Drop Box - простор за оставање документи за споделување помеѓу инструкторите и студентите,
  • Е-пошта архива - сите пораки пратени до е-поштенската адреса на проектот,
  • Ресурси - можност за споделување на податотеки со ограничена група или со сите учесници во проектот,
  • Соба за разговор - можност за разговор во реално време со сите учесници во проектот кои се моментално најавени на страната на проектот,
  • Форуми - стандарден форум за дискусија
  • Центар за пораки - алатка за комуникација која им овозможува на учесниците да комуницираат меѓусебно користејќи интерен маил
  • RSS - користи RSS за прикажување на новости на страната на проектот,
  • Алатка за анкета - можност за спроведување онлајн анкети за учесниците во проектот,
  • Презентација - можност за презентирање на PowerPoint слајдови
  • Профил - можност учесниците во проектот да постават профилна мрежна страница, каде што ќе го наведат своето име и слика,
  • Пребарувач на ресурси - можност за пребарување на сите поставени ресурси за проектот,
  • Распоред - им овозможува на инструкторите да објават настани во заеднички календар за проектот.
Заедница[уреди | уреди извор]

Sakai заедницата е интернационална алијанса на универзитети, колеџи и комерцијални соработници, кои работат со организациите за стандарди и останатите иницијативи за отворен код, за да развијат и дистрибуираат софтверски апликации користејќи го Sakai приодот на заедница. Многу институции во Sakai заедницата се и членови на фондацијата, но приклучувањето кон фондацијата не е задолжително за да се користи софтверот или да се учествува во заедницата.

Sakai фондацијата е непрофитна корпорација. Таа го поттикнува градењето на заедница помеѓу поединци, академски институции, непрофитни и комерцијални организации и им пружа институцијална помош на своите членови за нивните проекти. Фондацијата работи и на промоција на прифаќањето на код, отворен за заедницата и останатите приоди кон отворен код за софтверските решенија кои се користат во образовните и истражувачките заедници.

Во 2009 Sakai фондацијата ја објави својата намера да се спои со Jasig - друга организација која го поддржува развојот на софтвер со отворен код во образованието. Процесот заврши со потпишување на меморандум на разбирање помеѓу двете организација во октомври 2012.

Sakai фондацијата и заедницата секоја година организираат интернационални и регионални конференции во Јапонија, Австралија, Европа и Јужна Африка.

Collide[уреди | уреди извор]

Collide е интегрирана развојна околина за соработно кодирање [59]. Алатката е со отворен код и е веб заснована. Овозможува работа на ист код, во исто време од страна на повеќе програмери. Развиена е од Google, првично како внатрешен проект, а потоа во јули 2012 е издадена како алатка со отворен код [60].

LucidChart[уреди | уреди извор]

LucidChart[61] е веб заснован софтвер кои им овозможува на корисниците да соработуваат и заедно да работат во реално време на создавање на организациски дијаграми, UML дијаграми, дијаграми за умствено мапирање, прототипи на софтверски апликации и многу други. Развиен е следејќи ги HTML5 и JavaScript веб стандардите. Првпат е издаден во декември 2008 и активно се развива оттогаш. LucidChart е компатибилен со Microsoft Visio и овозможува интеграција со Google Drive, Google Apps, JIRA, Confluence, Jive, и Box.

Информациски систем за автоматско управување со судски предмети[уреди | уреди извор]

Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (Automated Court Case Management Information System – ACCMIS, АКМИС) е името на информацискиот систем кој се користи во судската власт на Република Македонија. Во употреба е од 2009 година [62].

Центар за размена на кратки пораки (СМС-центар)[уреди | уреди извор]

СМС-центарот претставува соработен компјутерски систем кој е составен дел од инфраструктурата на мобилните мрежи и овозможува размена на кратки пораки меѓу мобилни корисници или апликации. Операциите со кратки пораки вклучуваат прибирање на пораките пратени од корисници или апликации и нивно проследување (испорака) до наведеното одредиште (друг мобилен корисник или апликација). Дополнително доколку наведеното одредиште не е достапно во моментот на испораката СМС-центарот е одговорен за привремено чување на пораките и испорака на истите штом одредиштето ќе стане повторно достапна или нивно бришење доколку СМС-центарот дојде до заклучок дека пораката не може да се испорача (истекол периодот на важење на кратката порака, одредиштето има забрана за дојдовни пораки итн.). Најголемиот процент на кратки пораки во мобилните мрежи отпаѓа на пораки кои меѓусебе ги разменуваат мобилните корисници, иако во последните години се зголемува застапеноста на пораки кои потекнуваат од или терминираат на апликации. Последниве се користат за организирање на наградни игри, информативни сервиси, сервиси со претплата, гласања, маркетинг кампањи итн. При испораката на кратките пораките од/кон мобилните корисници СМС-центарот сорабува со останатите мрежни елементи поточно со центрите за управување со мобилниот сообраќај (Mobile Switching Center - MSC) и регистрите за претплатници (HLR - Home Location Register) на мобилните оператори. Во таа комуникација се користи точно определено множество на операции кои се дел од апликацискиот дел - MAP(Mobile Application Part) на SS7 протоколот. Вообичаени протоколи кои се користат во комуникацијата меѓу СМС-центар и апликации се SMPP (Short Message Point-to-Point) и UCP (Universal Computer Protocol). Покрај праќање и примање на пораки кон и од СМС-центарот, апликациите имаат можност и да ја следат состојбата на АО->МТ пораките како и да го менуваат текстот или да ги откажат пораките кои сè уште не се испорачани до крајниот корисник.

Dropbox[уреди | уреди извор]

Dropbox[63] претставува бесплатна услуга која овозможува организирање на сите кориснички фотографии, документи и видео записи. Дополнително, услугата дефинира и концепт за едноставно и брзо споделување. Секоја податотека која ќе биде зачувана на корисничкиот Dropbox, автоматски се зачувуваа и на сите кориснички компјутери, телефони или iPad-и, како и на мрежното место на Dropbox. Во принцип, доколку заради некоја причина корисничкиот компјутер се оштети, односно престане нормално да функционира (оштетен хардверски елемент, напад од вирус, погрешна конфигурација која имплицира повторна инсталација на оперативниот систем без можност за backup на податоците), постои можност сите кориснички документи/датотеки да се преземат повторно од мрежното место на Dropbox.

Што претставува Dropbox?[уреди | уреди извор]

Dropbox е софтвер кој ги поврзува сите кориснички компјутери заедно преку една папка. Тоа е најлесниот начин да се вратат и да се синхронизираат податотеките помеѓу компјутерските машини. Во контекст на ова, постојат три места во рамките на кои можат да се преземаат, односно споделуваат синхронизираните податоци/информации:

  • Dropbox десктоп апликација - претставува софтвер кој создаде и мониторира директориум на корисничкиот декстоп компјутер и синхронизира какви било промени на семрежјето и во рамките на другите компјутери (кои имаат привилегии за мониторирање на споделениот директориум).
  • Мрежното место на Dropbox - овозможува пристап до корисничките податотеки на било која компјутерска машина. Имено, пристапувањето е овозможено со едноставно најавување во рамките на одреден прелистувач. Исто така, мрежното место на Dropbox може да се користи за споделување на податотеките и директориумите на корисникот со останатите корисници кои се директно инволвирани во процесот на интеракција, односно колаборација.
  • Dropbox мобилното мрежно место и апликациската верзија на Dropbox за мобилните уреди - овозможуваат поврзување со Dropbox буквално од џебот на корисникот, па согласно тоа постои и можност за подвижност (во секое време и на секое место) на сите потребни кориснички податоци.

Генерално, преносот на податоци/информации помеѓу компјутерите обично бара поставување преку веб форми, поврзување на мрежни дискови или испраќање на пораки со прикачувања кон себеси и другите. Dropbox, во суштина, ги прави сите овие методи застарени. Ако корисникот е во потрага по подобар начин за пренос на податоци преку семрежјето или само во потрага по начин за подобрување на продуктивноста во рамките на тимот, тогаш Dropbox е дефинитвно едно од најфлексибилните решенија за таа намена.

Особености[уреди | уреди извор]

1) Корисничките фотографии, документи и видео записи се достапни насекаде - Секоја податотека која е поставена на Dropbox инстантно се зачувува, односно реплицира на секоја друга корисничка компјутерска машина, мобилен/и телефон/и, како и на официјалното мрежно место:

- Можност за offline работа. Корисникот секогаш има пристап до податотеките, без разлика на фактот дали во моментот има пристап до семрежјето или не. - Корисничките податоци се секогаш достапни преку сигурното мрежно место на Dropbox. - Dropbox е компатибилен со Windows, Mac, Linux, iPhone, iPad, Android и BlackBerry.

2) Едноставен модел на споделување - Споделените директориуми и линкови овозможуваат поволна средина за успешна колаборација помеѓу луѓето, како и можност за ефикасно споделување на податотеки кои зафаќаат поголем мемориски простор:

- Можност за поканување на членови од семејството, пријатели и тимски соработници со цел колаборирање и зачувување на содржините на двете страни од комуникацијата. - Инстантен преглед на промените кои ги прават останатите инволвирани соработници. - Доколку пријателите и соработници не користат Dropbox постои можност за соодветно создавање и испраќање на линк (со пристап до споделените податоци/информации).

3) Dropbox за мобилните уреди - Компатибилен програмски пакет со iPhone, iPad, Android, и BlackBerry:

- Можност за обезбедување на инстантно пристапување до податоците од секоја локација - Можност за соодветна промена (едитирање) - Едноставен концепт за споделување со членовите од семејството и пријателите - Автоматско прикачување на фотографиите и видео записите (овозможено за Android платформата)

4) Податоците се безбедни - Dropbox автоматски ги заштитува, односно се “грижи” за безбедностниот аспект на податоците:

- Dropbox зачувува историјат на работата во период од еден месец. - Какви било промени можат да бидат повторно вратени во првичната состојба, а истото важи и за пребришувањата. - Податотеките се преместуваат преку енкриптиран канал (SSL) во случаите кога тоа е овозможено, а дополнително сите податотеки како енкриптирани се зачувуваат на опслужувачите на Dropbox.

Pipe[уреди | уреди извор]

Pipe [64] е Facebook апликација која овозможува корисниците да споделат документи со своите пријатели преку едноставно влечење и испуштање на документите во цевката. Испраќачот може да испрати документи со максимална големина од 1GB.

Pipe е производ на компанијата „Pipe Dream Technologies GmbH“ со седиште во Берлин, Германија. Самиот проект е започнат како стартап во 2011 година. Нејзини основачи се Simon Hossell (CEO), Marco Rydmann и Philip Eggersglüss.

Pipe не е замислен како алтернатива на популарните сервиси за споделување и складирање на податоци на Cloud просторот (Dropbox, Sugarsync, Google Drive итн.). Pipe е замислен како едноставна алтернатива за колаборација и споделување на документи помеѓу луѓето кои ја користат најпопуларната друштвена мрежа. Идејата и дизајнот на апликацијата се засновани на концепт од популарната игра Супер Марио - Марио влегува во едниот крај на цевката а излегува од другиот.

Особености[уреди | уреди извор]

  • Испраќање на фајлови во реално време до било кој од вашите Facebook пријатели.
  • Завлечи и пушти интерфејс.
  • 128-bit AES енкрипција.
  • Испраќањето е од компјутер на компјутер преку Real Time Media Flow Protocol кој овозможува P2P врска помеѓу испраќачот и примачот.
  • Податоците се праќаат од компјутер на компјутер и не се користи опслужувач посредник, што дополнително ја зголемува безбедноста на податоците како и сигурноста на осетливи информации.
  • Не постојат ограничувања на брзината на пренос.
  • Максимална големина на испратениот документ 1GB. Ова е теоретска граница наложена поради ограничувањето на кеш меморијата на пребарувачот.

Историја[уреди | уреди извор]

Пред да го основа Pipe со Филип и Марко, Симон има работено повеќе години со млади стартапи во областа на мобилни и семрежни технологии во Лондон, Париз, Берлин и Њујорк пред да ја изгради компанијата „European business of Gracenote Inc.“, каде почна да работи на лиценцирање на извлекување на музички податотеки и технологии за мета податоци за големи корпорациски сметки (Spotify, Sony, Nokia, BMW, Orange итн.).

Пред да го запознаат Симон, Филип и Марко ја имаат развиено Songbeat во Берлин во 2007, апликација за пребарувње и преземање на музика на семрежјето која достигна делумен успех пред да биде тужена од страна на Warner. Технологијата која ја равија беше потоа продадена на Simfy (германски соперник на Spotify) и сега е јадрото на софтверот за репродукција на музика на Simfy Архивирано на 12 октомври 2016 г..

Skype[уреди | уреди извор]

Skype[65] претставува софтверско решение наменето за успешно завршување на повеќе работи кои во принцип се разликуваат една од друга. Преку текстот, гласот и видеото, Skype овозможува едноставно споделување на искуства со луѓето од интерес, без разлика колку далеку се во моментот.

Со користењето на Skype, можете да споделите доживување, прославите роденден, научите странски јазик, одржите состанок/работна средба, работите со колегите - за нешто што треба заеднички да го реализирате. Во основа, Skype може да се користи на она што работи најдобро за вас, односно на вашиот мобилен телефон, компјутер или телевизор со соодветна инсталација која го поддржува програмскиот пакет. Вака дефинираната колаборативна алатка е слободна за приватно користење - за разговори, видео комуникација и споделување на инстант пораки со другите луѓе кои веќе го имаат инсталирано. Во најновата верзија е имплементиран и модул за поддршка на видео конференции кои во основа се една од најзначајните алатки кои го прават ова решение типичен пример за успешен и ефикасен колаборативен систем.

Особености[уреди | уреди извор]

  • Воспоставување на повици - Одлика која овозможува да останете во контакт со останатиот дел од заедницата. Постои можност за бесплатна телефонска комуникација со целиот свет. Единствениот критериум кој треба да биде исполет е постоењето на устојчива семрежна врска.
  • Видео комуникација - Одлика која овозможува подобрено корисничко искуство и чувство за блискост со соговорникот.
  • Размена на пораки - Одлика која овозможува размена на текстуални и гласовни пораки (instant messaging.
  • Споделување - Одлика која овозможува споделување на фотографии, видео записи и податотеки со неопределена големина.

Perforce[уреди | уреди извор]

Perforce е комерцијален софтвер за развој на верзии развиен од Perforce Software, Inc. На Perforce опслужувачот се менаџираат централна база на податоци и централно складиште, каде се чуваат сите верзии на документите со кои се работи. Perforce поддржува Git клиенти и покрај своите, кои користат сопствен протокол. Git клиентите можат да комуницираат со Perforce преку SSH или преку HTTPS, а Perforce клиентите комуницираат со опслужувачот преку TCP/IP користејќи сопствен PRC и стриминг протокол.

Perforce ги овозможува следните функционалности:

  • Целосна историја на документите и мета-податоците.
  • Целосна историја на ревизиите на сите документи кои биле променети во нови гранки, преместени, копирани или избришани
  • Тројно спојување на текстуални документи, евиденција на спојување, како и спречување на повторно спојување, детекција на заеднички предок.
  • Графички приказ на разликите, спојувањата и алатки за консолидирање на промените во online или offline варијанта
  • Графички преглед на историјата на документите и разликите помеѓу гранките.
  • Централизирано складиште со можност за дистрибуирана верзија на контрола.
  • Променетите документи можат да бидат групирани заедно и да бидат проследени како логички промени.
  • опслужувачите гарантираат дека логичките целини (changelists) ќе добијат целосна потврда.
  • Поддршка за ASCII, Unicode, бинарни, Mac-специфички и UTF-16 документи.
  • Поддршка за интернационализација и локализација
  • Компресија на документите во складиштето и при трансфер
  • Повеќе-платформно односно меѓу-платформско решение
  • Програмабилен конзолен клиент и API
  • SDK за интегрирање со надворешни системи
  • Поддршка за известување преку RSS или email
  • Репликација на документите и мета-податоците
  • Архивирање на податоците
  • Енкриптирање на SSL врските помеѓу клиент и опслужувач.

SugarSync[уреди | уреди извор]

SugarSync[66] претставува бесплатна услуга која овозможува буквално синхронизирање на корисничкиот дигитален живот. Со едноставен преземање на компјутерските машини и мобилни уреди, корисникот има пристап до сите Cloud ориентирани понуди. Во основа, SugarSync овозможува пристап до сите кориснички податотеки од било која компјутерска машина или мобилен уред, а дополнително овозможува и синхронизација на корисничките податоци на сите поврзани уреди. Оваа Cloud ориентирана алатка го поддржува и модулот за зачувување, прегледување и споделување на податотеки кои побаруваат големи количини на мемориски ресурси.Во принцип, ако ви се допаѓа Dropbox или iCloud, сигурно ќе ви се допадне и SugarSync.

Преку користењето на моќната технологија ориентирана на Cloud, постои можност за едноставно пристапување, синхронизирате и споделување на сите кориснички документи, фотографии, музика и филмови на сите поврзани компјутерски машини и мобилни уреди. SugarSync едноставно ги складира сите кориснички работи, односно овозможува брз пристап од било кој друг компјутер или мобилен уред, овозможувајќи модул за извршување на повеќе работи во движење. Ова решение ги поддржува повеќето мобилни уреди во индустријата, вклучувајќи ги iPhone, iPad, Андроид, Blackberry, Symbian и Windows Mobile.

Особености[уреди | уреди извор]

  • Синхронизација на податотеките на повеќе компјутерски машини и уреди - Автоматско синхронизирање на податотеките на пресметувачките машини.
  • Постојано автоматско зачувување (backup) на податотеките - Сервисот за постојано зачувување на податотеките работи како позадински процес без притоа да влијае на продуктивноста на корисникот.
  • Пребарување, пристапување, зачувување и синхронизирање - се преку мобилниот уред на корисникот.
  • Корисничките податоци/информации се со највисок приоритет во однос на безбедноста при зачувувањето - SugarSync имплементира модули за гарантирање на безбедноста на складираните податоци. Во основа, се користат најдобрите индустриски практики за гарантирањето на безбедноста на податоците. Истите се складираат, односно пренесуваат безбедно со помош на TLS (Transport Layer Security) и се зачувуваат во Облакот (Cloud) во енкриптиран формат кој имплементира 128 - битно AES кодирање - идентично ниво на заштита како кај сите online трансаккции.
  • Зачувување на корисниччките фотографии и музички податотеки - SugarSync претставува одлично решение за складирање и зачувување на целата корисничка музика, фотографии и видео записи. Cloud складиштето за музичките податотеки и колекциите на фотографии подразбира имплементација на модул за безбедно зачувување и можност за целосен пристап во било кое време, од било која компјутерска машина или уред.
  • Можност за пристап до податотеките и директориумите од секаде - Одлика која овозможува пристап до сите кориснички податотеки, фотографии и медиа буквално од секаде. Потребно е само најавување на официјалното мрежно место од било која компјутерска машина и соодветно се добива можноста за пристап до податотеките кои се од значаен карактер. Со користењето на мобилната верзија на SugarSync, корисникот има можност за прегледување, споделување и пристапување до податоците во движење.
  • Споделување на податотеки и директориуми во секое време, од секое место - SugarSync овозможува многу едноставна процедура за споделување на една податотека, но и на цел директориум кој во основа се состои од многу податотеки од разчичен тип.

Reddit[уреди | уреди извор]

Реддит (reddit), претставува мрежно место кое се заснова на колабративниот принцип на соработка помеѓу луѓе заради споделување и оценување (рангирање) на забавни содржи, социјални вести и мемиња.

Мрежното место претставува збирка од записи создадени од страна на своите регистрирани корисници во суштина на систем на огласна табла. Главинот слоган на мрежната страница е дека таа (односно заедницата која споти позади неа) е првата страна на семрежјето (reddit. forntpage of the Internet). Рангирањата од страна на Alexa.com како и бројните референцирања и влијание на ово мрежно место во поп и семрежната култура укажуваат на тоа дека основниот слоган е наполно оправдан. Записите се организирани по области на интерес, наречени субредити до кои може да се пристапи доколку се весат соодветите URL-а во пребарувачот:

- reddit.com/r/atheism

- reddit.com/r/worldnews

- reddit.com/r/fun

- reddit.com/r/science

- reddit.com/r/IAmA

Редит е основна во јуни 2005 година Стив Хафман и Алексис Оханиан во Medford MA, двајца 22 годишни дипломирани студенти од Универзитетот во Вирџинија. Мрежната страница е оригинално напишана во Common Lisp, но подоцна е целосно пренапишан во Пајтон (Python) во декември 2005 година. Причината поради која ова е направено е поголемиот пристап до програмски билиотеки и поголема развивачка флексибилност. Пајтон рамката која поранешниот вработен во Редит, Арон Шварц, ја искористил за изработка на мрежното место, web.py сега е достапна како отворен проект.

Веб странта е позната по својата отворена природа и разновидноста на содржината. Нејзината демографија овозможува широки предметни области, или главен субредит што добива многу внимание, како и можност за помали субредити да служат во останати цели. Единствена можност на субредиторите да добијат на внимание е да одржуваат дискусија од многу широг опсег. На популарност се добива со постирање на уникатни содржни на дневно ниво, а со тоа Редит стана платформа на многумина кои сакаат да го кренат својот публицитет заради многу различни причини.

Стерео визија[уреди | уреди извор]

Стерео визијата е заснована на човечките органи за вид, очите, кое се користат за да се добие подобра информација за длабочината на сликата која ја гледаат. Со помош на стерео визијата двојно се зголемува обработувачкото време за споредба, бидејќи треба две слики да бидат анализирани, по една за секое око. Препорачливо е стерео визијата да се имплементира со помош на паралелни алгоритми. На пример, паралелизмот може да се реализира со помош на нитки. Нитките се објекти кои може да се извршуваат паралелно. Поради ова, секоја камера може да биде претставена како софтверска програма од еден објект кој е стартуван како нитка. Ако ваква програма се користи на едно обработувачкка машина, тогаш се реализира квазипаралеризам, бидејќи нитките мора да го делат обработувачккото време и само една нитка истовремено може да го користи обработувачот. Ова значи дека нитките наизменично ќе го користат обработувачот. Вистински паралеризам постои само ако се користат повеќе обработувачкки машини, односно обработувач кои се состои од две или повеќе јадра. На пример, ако две нитки се извршуваат на двојадрен обработувач, каде секоја нитка претставува камера, можно е нитките да користат различно јадро за време на извршувањето.

Системите за вештачка визија се широко користени како надворешни сензори во мобилните роботски апликации поради тоа што можат да понудат голема количина на информации. Токму поради ова, овие системи се едни од најкористените сензори во различни области, како што се мапирање, спасувачки акции, пребарување, истражување итн. Од друга страна, ако системот користи две, или повеќе камери, тогаш се овозможува успешно извршување на задачите во целосно непознати околини. Дополнителни функционалности може да бидат постигнати ако се користат и повеќенасочни камери. Преку овие камери се зголемува хоризонталното визуелно поле за 360 степени, но добиената слика е со намалена резолуција. Добро познато е дека со заедничка работа на два или повеќе роботски системи задачите може да се извршуваат многу поделотворно. Пример за ваков систем е стерео визијата, каде што секоја камера поврзана на различен робот, со што се воведува нов степен на колаборација помеѓу роботите во групата. Според ова, роботите не вршат само кооперативна задача, туку и се дел од колаборативната околина која е потребна за извршување на задачата. Овој концепт ги намалува напорите кои се вршат при обработката за задачи поврзани со обработка на слика, исто така ваков систем може да се прилагоди на различни услови во околината.

Модели на системи за визија[уреди | уреди извор]

Камерата за визија врши трансформација на 3D просторот во 2D проекција преку која се губи перцепцијата за длабочина. Ова значи дека секоја точка од сликата кореспондира со зрак од 3D просторот.

Perspective Projection Camera Модел[уреди | уреди извор]

Постојат неколку модели за репрезентација на слика кои се предложени. Еден од најкористените модели е моделот за проекција на перспективата. Во овој модел, координатниот систем кој се наоѓа прикачен на камерата е дефиниран така што X и Y оските се базата на рамнината на сликата, додека Z оската е паралелна со оптичката оска. Основата на овој модел лежи во фокусот на леќите од камерата.

Универзален систем за визија[уреди | уреди извор]

Овој систем овозможува видливост од 360 степени. Сликите преку овој систем може да бидат обработени со користење на една камера која се движи по Y оската, а со користење на повеќе камери, секоја е насочена кон различна насока и на тој начин се добива катадиоптричен систем. Овој систем за визија се формира на тој начин што камерата се прикачува на предниот дел од конвексно огледало и на овој начин камерата ја гледа рефлектираната слика добиена од огледалото.

Хибриден систем за стерео визија[уреди | уреди извор]

Претходно опишаните системи можат да се комбинираат со системите за стерео визија за да се добие перцепција во длабочина. Со ова се овозможува добивање на 3D координати од објект за кој се нема никакво знаење.

Крајната цел е да се добие систем од равенки со кое се овозможува земање на 3D координатите на точката од интерес. Добивањето на овој систем на равенки нема да се опишува.

Group-Office[уреди | уреди извор]

Group-Office е PHP заснован групен софтвер (groupware) со двојна лиценца за комерцијална употреба и употреба со отворен код. Group-Office исто така е и CRM (клиент за управување со односи) производ развиен од страна на холандската компанија Intermesh. Верзијата со отворен код е лиценцирана според лиценцата на AGPL, и е достапна преку SourceForge. GroupOffice Professional е комерцијален производ. Семрежниот компле поставува независни канцелариски апликации на централен опслужувач, правејќи ги достапни преку прелистувач. Комплетот вклучува адресар, календар, електронска пошта, распоред по време, белешки и модули за управување со содржина на мрежно место. Клиентот за електронска пошта има IMAP и POP3 поддршка, календарот поддржува увоз од iCalendar и професионалната верзија може да се синхронизира со лични дигитални асистенти, мобилни телефони и Microsoft Outlook. Во професионалната верзија можно е да се создадат шаблони за експорт и на OpenOffice.org. Податотеките може да се управуваат со вграден менаџер за податотеки. Корисниците може да се водат во рамките на апликацијата или во LDAP-систем. Препорачлив оперативен систем е Linux, но работи и на други UNIX системи. Овозможен е на повеќе јазици како англиски, германски, француски, кинески, хрватски, руски и други. Најнова издадена устојчива верзија е 5.0.5. Од верзијата 4.0 PHP фрејмворкот на Group-Office беше целосно преработен во MVC моделот (Model-View-Controler). Инсталацијата на Group-Office е едноставна. Group-Office е препорачлив колаборациски систем за големи и мали бизниси.

Basecamp[уреди | уреди извор]

Basecamp е веб-заснована алатка за менаџирање на проекти, развиена од компанијата 37signals. Поттикнува колаборација, споделување на информации и олеснето донесување на заклучоци и бизнис одлуки. Обезбедува правење на to-do листи, вики засновани текст документи, менаџирање на пресвртници, споделување на податотеки, следење на време и систем за проследување на пораки. Првата верзија е пуштена во употреба во 2004 година, додека во 2012 година е пуштена нова верзија. Ruby on Rails framework-от е извлечен од правењето на Basecamp проектот, и подоцна во 2004 година е издаден како отворен софтвер.
Некои од ново додадените функционалности вклучуваат: полесно додавање на дополнителен дисковен простор во рамки на проектите, интеграција на Google Docs, можност за додавање на слики со целосна големина во дискусиите, подобрена верзија за уредувачот на текст документите, дополнителни мерки за сигурност, како и целосна мобилна апликација за iPhone уредите.
Basecamp исто така има бројни интеграции на софтверски додатоци, 3rd party алатки, мобилни и десктоп апликации, алатки за давање на извештаи, следење на време, синхронизација и така натаму.

GitHub[уреди | уреди извор]

GitHub претставува веб-заснован сервис за вдомување на програми кои се во процес на развој и се користат со “Git” сервис, како изворна контрола. Сервисот GitHub е еден вид на друштвена мрежа за програмери.
Git е дистрибуирана програма за менаџирање на софтвер, создадена од Linus Torvalds, која првично била наменета за Linux системите. Претставува софтвер со верзионирање, бидејќи ништо не се пребришува и во секој момент може да се види претходната состојба (верзија) на складилиштето или на одреден документ, кој е поставен во конкретно складилиште. GitHub претставува сервис за вдомување на складилишта преку Git. GitHub нуди бесплатена употреба на сервисот за јавно достапни складилишта (repositories) и неколку типови на планови кои се плаќаат за приватните складишта. Во Мај 2011 година, GitHub е прогласен за најпопуларно складиште на код за јавно достапните проекти.
Мрежното место нуди функционалности за друштвено вмрежување како фидови (англ. feeds), следбеници, викија (англ. Wiki) (со користење на т.н. “Голум Вики” (англ “gollum Wiki”) софтвер) и достапност на графикони за друштвената мрежа на програмерите со цел да се прикаже како програмерите работат на нивните верзии во складилиштето.

SDL Studio GroupShare[уреди | уреди извор]

SDL Studio GroupShare е колаборациска платформа за преведувачки тимови од каква било големина. Платформата е целосно интегрирана со SDL Trados Studio и SDL MultiTerm (софтвери кои нудат голем број на софистицирани алати за побрз превод), со што е целосно трансформиран начинот на кој работат проект менаџерите, преведувачите, терминолозите и рецензентите.
Со SDL Studio GroupShare тимовите работат на единствена платформа која содржи централизирани преведувачки мемории, терминологија и преведувачки проекти. Делењето на овие ресурси помеѓу преведувачките тимови придонесува за подобар квалитет, доследност, и намалено време за завршување на проектот. SDL Studio GroupShare овозможува поголема контрола и видливост на проектите, со тоа што во последната верзија од платформата (2014) е додадено т.н. „secure task assignment“ (безбедно доделување на задачи). Сите веќе завршени преводи може да се чуваат за идна ре-употреба, управувањето со терминологии да се централизира за да се зголеми и обезбеди доследноста, како и да се делат проектите онлајн заради полесен пристап.
Соодветно, SDL Studio GroupShare ги содржи следните компоненти:
1) SDL Studio GroupShare Translation Memory - Овозможува делење на преведувачки мемории во реално време
2) SDL Studio GroupShare Terminology by MultiTerm - Осигурува доследно брендирање и прецизна содржина во сите јазици за кои е тоа потребно
3) SDL Studio GroupShare Project - Овозможува делење на проекти на централизирана локација
SDL Studio GroupShare е опслужувачко решение кое ги обединува горенаведените функции, со тоа што проширени се можностите и функционалностите од SDL Translation Memory (TM) Server и SDL MultiTerm Server, како и воведен е новиот Project Server за делење на проекти (со што се избегнува дистрибуирање на фајловите преку пакети).

SITA - IT системи за воздухопловниот сообраќај[уреди | уреди извор]

SITA е светски водач во создавањето решенија со информатичка технологија за воздухопловен сообраќај, како и комуникациски специјалисти. Авионски линии, аеродроми, влади, авио-карго транспорт, воздухопловство и интернационални организации сите користат ИТ комуникациски решенија на SITA. Речиси сите аеродроми и авио компании во светот соработуваат со SITA.
Тие обезбедуваат широко портфолио од услуги за воздухопловната индустрија вклучувајќи:

  • Менаџирање на глобални комуникации, инфраструктура, надворешно изведување (outsourcing) на ресурси.
  • Сервиси за комерцијален менаџмент на авио компанијата, операции со патници, операции со летови, операции со авионите, воздух-земја комуникации, менаџмент и операции на аеродромите, операции со багаж, обезбедување при транспорт и пограничен менаџмент, карго операции и друго.

Систем за Менаџмент на Аеродроми од SITA[уреди | уреди извор]

SITA преку своето Airport Managmenet Solution (AMS) ја подобрува колаборацијата, алокацијата на мобилни ресурси и опрема, дозволувајќи зголемена контрола над операциите и обезбедувајќи ја потребната флексибилност за планирање и подобрување на бизнис резултатите. Системот за менаџмент на аеродроми вклучува:

  • Аудио и визуелна дистрибуција на информациите.
  • Dashboarding и мониторинг во реално време на клучните индекси на перформанс ([3][мртва врска]).
  • Менаџмент на средства и договори на сервисно ниво ([4][мртва врска]).
  • Менаџмент на различни оперативни сценарија.
  • Поддршка во процесите на донесување одлуки.
  • Целосна размерливост и прилагодливост на аеродроми од секоја големина.

SITA нуди и интересен симулатор Архивирано на 18 декември 2014 г. за менаџмент на ресурсите на аеродромите.

Апликации за поддршка на работењето на авионите од SITA[уреди | уреди извор]

Надежна air-to-ground комуникација помеѓу авионите и соодветните авиокомпании обезбедува донесување на подобри одлуки во однос на операциите што пак дозволува одржување на поефикасни сервиси, на пример, намалување на времето за кое авионите седат паркирани на портите на аеродромите.
Апликациите за поддршка на работењето на авионите (Aircraft Operational Applications) ги подобруваат процесите за донесување одлуки со тоа што ја поедноставуваат интеграцијата на повеќе извори на податоци помеѓу авионската кабина и системите кои се наоѓаат на земјата.
Апликациите ги нудат следниве можности:

  • AIRCOM Server - алатка која е водач во индустријата за менаџмент на комуникација во авионот како и интеграција за операциите за летање и одржувања.
  • AIRCOM Server Online - моќно и флексибилно решение за менаџмент на комуникациите, хостиранот на SITA ATI Cloud.
  • Datalink апликации - AIRCOM Datalink апликациите дистрибуираат информации потребни на пилотите во кабините на авионите преку податочен линк, на барање.
  • SITA Global Services(SGS) - обезбедува глобален континуитет на бизнисот преку флексибилен сервисен модел. Мониторинг сервисот на SITA обезбедува IT системите да бидат надежни и достапни, постојано, насекаде во светот. Нивните експерти постојано вршат мониторинг, ги идентификуваат и острануваат проблемите често пред тие да можат да влијаат на услугите.

Предизвик - Соработка помеѓу човек и робот[уреди | уреди извор]

Еден од поголемите предизвици во развојот на вештачката интелигенција е соработката помеѓу робот и човек.

Соработката за разлика од интеракцијата подразбира процес на интелегентно предвидување на следните активности на соработникот, и дејствување во согласност со тие очекувања. Притоа можно е да се поддржи соработникот или да му се укаже на поинакво мислење, со цел да се избегнат грешки и да се дојде до најдобро консензуално мислење во екипата.

Затоа соработката подразбира добро познавање на соработниците, градење на екипата, сочувствување, чувство за заеднички успех и сл., што е многу повеќе од проста интеракција преку човечките или роботските сетила.

Оттука интелигенцијата која треба да се манифестира за да се обезбеди успешна соработка при решавање на сложени проблеми честопати е тешко достижна и за луѓето, и затоа претставува голем предизвик во развојот на вештачката интелигенција.

Со оглед на фактот дека роботската индустрија се развива исклучително брзо,мошне значајно е да се дефинираат правила за соработност во основата за развој на роботските системи, со цел да се пресретнат голем број етички прашања за заедничкото живеење на луѓето и роботите во хармонија.

Испробување на соработни системи[уреди | уреди извор]

Испробувањето на соработен систем може да се разгледа од два аспекти: спроведување општи процедури на испробување за соработниот систем како целина и спроведување конкретни процедури на испробување во зависност од типот на соработниот систем. Испробувањето на соработни системи вклучува неколку типови испробување.

Функционалното испробување е потребно за да се провери дали однесувањето на соработната програмска опрема е во согласност со спецификацијата. Главните активности при овој тип испробување се: проверка на линкови, испробување на форми, испробување на вградени објекти (Flash апликации, Java аплети, видео плеери, итн.) и испробување на трансакциите во база. Функционалното испробување главно се врши автоматски со помош на софтвер за таа намена. Евалуацијата по овој тип испробување ги споредува очекуваните резултати со добиените и истите се зачувуваат во лог.

Испробувањето на компатибилност на веб заснованиот клиент на соработната програмска опрема, се врши со цел да се проверат изгледот и однесувањето на различни оперативни системи и пребарувачи. Овој тип на испробување ги открива проблемите со HTML и CSS содржината, ActiveX контролите, Java аплетите, JavaScript и VBScript функциите и формите. Постојат повеќе од 100 комбинации на оперативни системи и семрежни прегледувачи и обично екипите за испробување се фокусираат на најчестите комбинации или на испробување само на препорачаните комбинации.

Испробувањето на содржина се фокусира на точноста и изгледот на текстот, сликите, формите, корисничните контроли, видеата, анимациите, звукот и контролите на корисничкиот интерфејс. Посебен акцент се става на испробување на содржината при пристап од мобилен уред, со оглед на различните оперативни системи (Windows Mobile, Symbian, iPhone OS, webOS, итн.) и различното однесување во зависност од типот на уредот.

Испробувањето на перформанси се користи за да се измери однесувањето на соработните системи во различни услови на мрежен сообраќај. Во зависност од бараниот проток за аудио, видео и податочен трансфер, се прават проби за да се утврди дали се постигнува тој проток.

Испробувањето на апликациски опслужувач се фокусира на испробување на неговите функционални и структурални одлики. Компонентите на апликацискиот опслужувач се испробуваат со помош на класични техники и техники на испробување коишто се фокусираат на трансакциите и на асинхроното комуницирање меѓу нив. Секој соработен систем користи најмалку една база, па затоа задолжително е и испробување на базите на податоци. Овој тип на испробување се изведува со цел да се проверат query – ата, дали сите трансакции се извршуваат точно и дали врската помеѓу апликацискиот опслужувач и базата на податоци е сигурна. Мора да се испроба и интегритетот на базите на податоци сместени на database опслужувачот. Испробувањето на опслужувачот се фокусира на интеракцијата помеѓу опслужувачот и апликацискиот опслужувач, интеракцијата помеѓу апликацискиот и database опслужувачот, на решавање на проблемите со безбедноста и со размерливоста и на испробување на точноста на извршувањето на скрипти на опслужувачка страна (PHP, ASP.NET, JSP, итн.).

Испробувањето на оптовареност е неопходно за да се одреди дали соработниот систем може да поддржи истовремено пристапување на голем број корисници во прифатливи граници, земајќи го предвид времето за добивање одговор. Ова испробување може да се изведе со помош на автоматизирани алатки коишто создадеат и симулираат поголем број клиенти и пристапуваат до системските ресурси, при што се мери времето на добивање одговор и степеност на доцнење на системот.

Испробувањето на безбедноста се врши со специјални методи и техники со цел да се осигура доверливост, интегритет, автентикација, авторизација и достапност на системот. Не сите соработни системи бараат исто ниво на безбедност. Испробувањето на безбедноста на трансакциите е многу важно, особено за соработни банкарски системи со оглед на доверливоста на податоците. Добивањето пристап до тие податоци може да доведе до големи финансиски загуби. Безбедниот софтвер е квалитетен софтвер. Испробувањето на безбедност вклучува анализа на изворниот код, испробување на можностите за упад од надвор, проверка на лозинки, итн.

Соработни препораки[уреди | уреди извор]

Соработното филтрирање користи база на податоци во врска со преференците на корисникот за да предвиди ставки кои на новиот корисник би можеле да му се допаѓаат. Задачата на соработното филтрирање е да ја предвиди искористеноста на сервисите кај активните корисници врз основа на претходните „допаѓања (likings)“, или базата на податоци од корисничките гласови пополнети од другите корисници. Соработниот алгоритам за филтрирање може да се користи за една од двете цели:

  • Предвидување: претставува бројчена вредност која го изразува предвиденото допаѓање за одредена ставка за активниот корисник.
  • Препорачување: е список на N ставки, кои најмногу би му се допаднале на активниот корисник. Исто така познато како Top-N препорачување.

Соработните алгоритми за филтрирање може да се класифицираат во две главни категории, мемориско-засновани (корисничко-засновани) и модел-засновани (ставка-засновани).

Мемориско-засновано соработно филтрирање[уреди | уреди извор]

Мемориски-заснованите алгоритми ја користат целата корисник-ставка база на податоци за да создадеат предвидување. Базата на податоци најчесто се состои од ред кој ги прикажува корисниците и колона која ги прикажува ставките кои треба да се рангираат. Мемориски-заснованиот алгоритам користи статистички анализи за да најде множество на корисници наречени соседи кои имаат сличности со рангирањето на активниот корисник. Кога еднаш множеството на соседи ќе се формира, системот користи различни алгоритми да ги комбинира преференците на соседите за да создаде предвидување од типот на top-n предвидување за активниот корисник.

Модел-засновано соработно филтрирање[уреди | уреди извор]

Модел-заснованото соработно филтрирање обезбедува препорачување на ставки со тоа што најпрво се создаде модел од рејтинзите на корисниците. Модел заснованиот алгоритам зема пристап на веројатност. Го третира соработниот филтрирачки процес како пресметка за вредноста на рејтингот на корисникот, со дадено претходно рангирање на корисникот на друга ставка. Првиот чекор во алгоритмот е да прегледа во множеството ставки кои активниот корисник ги има рангирано и да пресмета колку се тие слични со таргетираната ставка. Кога еднаш сличноста ќе биде пресметана, предвидувањето се пресметува со земање на средна вредност на таргетираните кориснички рангирања на слични ставки. Еден важен чекор е да се пресмета сличноста помеѓу ставките и после тоа да се избере најсличната ставка. За да се пресмета сличноста помеѓу ставка i и j, потребна е изолација на корисникот кој го извршил рангирањето на двете ставки. Повторно мерките на корелациски-заснована сличност и вектор-заснована сличност се популарни методи за наоѓање на сличноста помеѓу ставките. Двете техники се исти со оние од мемориски-заснованиот алгоритам, кои беа опишани погоре. Кога изолацијата на множеството на најслични ставки засновано на мерките за сличност ќе биде завршена, следниот чекор е да се прегледаат таргетираните рангирања на корисникот и да се искористи техника за предвидување. Еден пример на техника за предвидување се нарекува Weighted sum (Тежинска сума).

OTRS - Open Ticket Request System[уреди | уреди извор]

Open Ticket Request System (OTRS) е слободна веб заснована апликација која може да се користи со секој HTML компатибилен прелистувач. Веб интерфејсот на OTRS не користи активна веб содржина, како Флеш или Јава аплајанси од причина да се осигура дека системот е компатибилен и употребливи со мобилни телефони или други мобилни компјутери. За да се користи OTRS, без посебен клиент потребно оперативен систем да има само HTML пребарувач. OTRS е поделен на неколку компоненти. Основна компонента е OTRS рамка која ги содржи сите централни функции за примена и тикет системот. Преку веб интерфејсот на централната OTRS рамка, можно е да се инсталираат дополнителни апликации како веб електронска пошта, менаџер, податотеката, веб-календарот и алатка за следење на статусот на системот. Овој систем има многу функции како нај основни се веб-интерфејсот, интерфејсот за електронска пошта, тикетите и ситемскиот интерфејс. Секој овој интерфјс има богато мени со многу подопции.

Freebase[уреди | уреди извор]

Freebase претставува отворен колборативно создаден структуриран граф на знаење. Знаењето во оваа база е претставено како тројки( субјект - предикат - објект). Freebase сега е прoект на Google, првично тој бил развиен од MetaWeb Technologies INC. Freebase содржи 40 милиони топици (ентитети) за нештата, и преку 2 милијарди факти за нештата. Фактите за нештата се колаборативно извадени од повеќе извори како што се :

Исто така во Freebase дозволено е менување и додавање на нови релации и од самите корисници. Како што растне бројот на корисници така растне и големината на Freebase. Над сите корисници постои тим од самата платформа кој има посебни привилегии за одобрување на измените и новите додадени факти. Тимот за контрола на точноста на податоците со помош на игра преку одговарање на одредени прашања ја проверува точноста на фактите во Freebase. Односно сите корисници заедно колаборираат и создаваат голема структурирана база на знаење. Пристап до знаењето има секој преку соодветно API. Freebase нуди можност за користење на нивно API и соодветен нивен програмски јазик (MQL) за поставување на прашања. Одговорите се враќаат во JSON формат. Покрај API-то, Freebase дозволува да се симне и целата база во RDF формат за самостојно користење. Предност на Freebase е во лесното пронаоѓање на бараната шема за одредени податоци.

TeamWox – софтвер за колаборација и транспарентност при управувањето со бизнисот[уреди | уреди извор]

TeamWox [67] е деловен софтвер за соработка помеѓу различни оддели и тимови во една компанија развиен од страна MetaQuotes софтверската корпорација за внатрешна употреба на компанијата и комерцијално издаден во 2009 година. Тој претставува затворен колаборативен систем кој служи како портал на компанијата во кој се складирани сите релевантни информации за одреден бизнис проблем или негово решение информирајќи ги во секое време сите членови од тимот за се што се случува во компанија во која работат. Софтверот содржи 12 модули и овозможува според потребите на компанијата да се автоматизираат клучните бизнис процеси на мали и средни претпријатија како што се:

Управување со човечки ресурси[уреди | уреди извор]

Овој модул е дизајниран за управување со вработените и ги содржи сите информации за вработените во компанијата: лични податоци, адреса, контакти ( пораки, e-mail, телефонски броеви) и информации за тимскатa работа во компанијата.

Управување со задачи[уреди | уреди извор]

Овој модул се користи за навремено давање задачи на вработените и контрола на тимската работа. Поточно модулот се користи за поставување на задачи, доделување на одговорни лица и преглед до каде е завршена одредена задача. Task Manager-от може да содржи различни дискусии и во него да се објавуваат слики, аудио и видео податотеки. Ова помага да се решат проблемите кои се појавуваат побрзо и поефикасно.

Управување со документи[уреди | уреди извор]

Овој модул е дизајниран за градење на ефикасно управување со документи. Овде може да се сместат какви било документи во електронска форма: договори, изјави, скенирани слики и сите други документи.

IP PBX телефонски систем, говорна комуникација[уреди | уреди извор]

VoIP модулот за телефонија ги проширува можности за тимска работа во компанијата. Ова решение им овозможува на вработените да прават повици во рамките на компанијата преку IP протокол, без никакви дополнителни поставувања или модификации.

CRM (Управување со врските со клиентите)[уреди | уреди извор]

Овој модул содржи детална база на податоци за сите клиенти и добавувачи: адреси, лица за контакт итн. Овде спаѓаат сите документи, пораки и разговори поврзани со одреден клиент. Во TeamWox бизнис системот за управување целосната историја на соработката со клиентите е секогаш на располагање.

Општествени алатки (форум, чет во живо)[уреди | уреди извор]

TeamWox интранет форумот е место за испорачување на сите вести на компанијата и нејзината политика до секој член од работниот тим.

Систем за корпоративно пребарување[уреди | уреди извор]

Складирањето на податоци, брзото пребарување и пристапот до корпоративните информации се меѓу најважните задачи за управување со еден бизнис. На пример: пребарување на договор со некој клиент кој се случил пред три години.

Анализатор (извештаи), сметководство[уреди | уреди извор]

Невозможно е да се управува некоја компанија, без прецизни и веродостојни податоци за моменталната состојба на работите. Сите овие информации се претставуваат на управителите на компанијата во форма на бизнис извештаи.

Корисничка поддршка: HelpDesk, онлајн асистент[уреди | уреди извор]

Ова е алатка за доделување, планирање и контролирање на задачите и барањата на клиентите (HelpDesk). Тимската работа тука е поделена во специјално создадени групи кои нудат услуги и вклучуваат вработени одговорни за одредени проекти (или производи).

Е-поштенски клиент[уреди | уреди извор]

Е-пошта е веројатно најпопуларната алатка за комуникација со клиентите и добавувачите. TeamWox софтверот содржи e-mail модул но тој сега спаѓа во целиот колаборативен систем. Во тимската работа оваа функционалност е исклучително корисна.

Колаборација со апликации кои не предвидуваат колаборација во нивното работење[уреди | уреди извор]

Ова е интересен, но и малку поразличен пристап во колаборацијата помеѓу софтверските апликации. Може да се искористи за автоматизирање на некои процеси кои воглавно се прават рачно, но може да се искористи и за малициозни цели. Како пример на апликации кои не предвидуваат колаборација со друг, надворешен софтвер се мрежните места. Тие работат самостојно или колаборираат со други апликации, но не се предвидени за отворена соработка или нудење на сервиси за искористување од некој надворешен софтвер. Конкретен пример за ваква колаборација е автоматско играње на некоја флеш или JavaScript/HTML5 игра поставена на неое мрежно место, но исто така и автоматско пополнување на некои контроли за внесување на податоци со користење на некој надворешен софтвер. Првиот пример, или автоматското играње на одредена веб игра може да се имплементира со користење на JavaScript протоколот[68]. Тој овозможува извршување на скрипта во рамките на пребарувачот со пишување на командата javascript: и скриптата која сакаме да ја извршиме во адресното поле на пребарувачот. Колаборацијата би се состоела во испалување на настани со користење на JavaScript код кои би симулирале човек играч. Вакви настани би биле кликање на копче од тастатура, позиционирање на покажувачот од глувчето, симулирање на лев и десен клик итн. Редоследот на акции би бил вадење на информација за моменталната состојба во играта, нешто што ваквата скрипта може да го добие со одредени сликања на екранот, понатамошна обработка на ваквите слики, и врз основа на ваквата информација, пресметка на наредните потези. Вакви автоматски играчи веќе постојат и како пример може да го наведеме семрежниот портал badgehelp.com кој овозможува вакви софтвери за мамење на Flash игри. Ваквата колаборација помеѓу софтвер може да се користи и за малициозни цели како што е извлекување на доверливи информации од корисници на одредено мрежно место со користење на клиентска скрипта извршена со JavaScript протоколот.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 http://docs.google.com/
  2. http://windowsworkflowfoundation.eu/
  3. „Соработна карта“. Архивирано од изворникот на 2009-07-28. Посетено на 2009-06-09.
  4. http://www.dotnetnuke.com/
  5. http://www.gotomeeting.com/
  6. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2010-08-11. Посетено на 2010-06-12.
  7. Pilato C., Michael (2008). Version Control with Subversion For Subversion 1.5. Stanford, California, USA.
  8. http://tortoisesvn.net/
  9. http://code.google.com/p/tortoisesvn/source/browse/
  10. http://git-scm.com/ Официјално мрежно место
  11. https://code.google.com/p/tortoisegit/
  12. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-09-24. Посетено на 2013-06-17.
  13. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-06-10. Посетено на 2013-06-17.
  14. http://sourceforge.net/
  15. http://www.webex.com/
  16. http://en.wikipedia.org/wiki/WebEx
  17. Rogers, Jeremy (2006). A Collaborative Biomedical Research System. University of Manchester, Manchester, UK.
  18. http://stackoverflow.com/
  19. http://stackexchange.com/
  20. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-04-25. Посетено на 2010-04-29.
  21. http://www.finki.ukim.mk/mk/news/aplikacija-upravuvanje-so-krizi-2012
  22. http://www.finki.ukim.mk/mk/news/finki-stop-motion-app-2012
  23. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-02-09. Посетено на 2011-05-22.
  24. http://www.bugzilla.com/
  25. http://www.microsoft.com/uc/default.mspx
  26. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-05-10. Посетено на 2010-05-28.
  27. http://msdn.microsoft.com/en-us/library/ms181232.aspx
  28. https://en.wikipedia.org/wiki/Microsoft_Visual_Studio#Visual_Studio_Online
  29. http://www.visualstudio.com
  30. https://en.wikipedia.org/wiki/Team_Foundation_Server
  31. http://explore.live.com/windows-live-skydrive/
  32. http://explore.live.com/windows-live-mesh/
  33. 33,0 33,1 http://google.com/
  34. http://wave.google.com/
  35. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-01-03. Посетено на 2009-06-15.
  36. http://code.google.com/webtoolkit/
  37. 37,0 37,1 37,2 http://maps.google.com/
  38. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2019-04-05. Посетено на 2009-06-15.
  39. http://sourceforge.net/projects/socialtext
  40. http://www.microsoft.com/education/learninggateway.mspx/
  41. http://en.wikipedia.org/wiki/Body_Area_Network
  42. http://en.wikipedia.org/wiki/Microsoft_Project
  43. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-06-19. Посетено на 2010-06-21.
  44. Dot Project
  45. Gantt Chart
  46. http://www.processmaker.com/
  47. http://www.redmine.org/
  48. http://www.clockingit.com/
  49. http://www.zoho.com/
  50. https://www.inflectra.com/SpiraTeam/Default.aspx
  51. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-06-14. Посетено на 2012-06-15.
  52. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-06-14. Посетено на 2012-06-15.
  53. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-04-23. Посетено на 2012-06-15.
  54. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-06-16. Посетено на 2012-06-15.
  55. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-06-14. Посетено на 2012-06-15.
  56. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-06-14. Посетено на 2012-06-15.
  57. https://bitbucket.org/
  58. http://www.sakaiproject.org/
  59. „Видео демонстрација на Collide“.
  60. „Изворен код на Collide“.
  61. https://www.lucidchart.com/
  62. „Презентација на апликацијата АКМИС пред Министерот за правда Михајло Маневски и Претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски“. www.edusoft.com.mk. 2008-12-15. Посетено на 2012-12-25.[мртва врска]
  63. https://www.dropbox.com/
  64. http://www.pipe.com/
  65. http://www.skype.com/en/
  66. https://www.sugarsync.com/
  67. http://www.teamwox.com/
  68. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-11-12. Посетено на 2013-05-30.