Сашо Кокаланов
(Пренасочено од Кокаланов)
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Сашо Кокаланов | |
---|---|
![]() | |
Роден(а) | 9 октомври 1977 Скопје, Република Македонија |
Занимање | новинар писател-романописец, драматург |
Активен период | 2000-денес |
Сашо Кокаланов е македонски новинар, романописец, и драмски автор.[1] Роден е на 9 октомври 1977 година во Скопје, Република Македонија. Дипломирал новинарство во 2001 година на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а магистрирал на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања. Ги објавил романите Самецот (2003), Ноќ на железничката станица во Розендал (2003) и Изабела, Исмаела и јас (2004) како и драмскиот текст Кафез за будали (2001). Неговите романи се преведени на српски и на бугарски јазик. Бил главен и одговорен уредник на весникот „Дневник“ во периодот 2008–2011. Кокаланов е еден авторите кои ги пишуваа и адаптираа сценаријата за македонските телевизиски серии: На Терапија, Преспав и Инсајдер[2].
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Literaturni Balkani. Izd-vo "Balkani", 2005.
- ↑ http://tvpaket.com.mk/serii/5854-09-07-17-09-2017
![]() |
Оваа биографска статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |