Кози

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Козорог)
Кози
Сибирски козорози (женка и мажјак)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Парнокопитни
Семејство: Шуплороги
Потсемејство: Кози
Род: Кози
Linnaeus, 1758
Распространетост на козите

Козите (науч. Capra) или кози и диви кози (козорози) се род на шуплороги животни големи свиткани рогови кои излегуваат попречно и сртно од челото. Живеат ширум Евроазија, северна и источна Африка.

Видови кози[уреди | уреди извор]

Петте вида на кози се групирани заедно со четири други вида во рамките родот.

Домашната коза позначајно се разликува од другите сродници поради нејзиното припитомување од човекот во текот на повеќе илјади години.

Алпскиот козорог (Capra ibex) е најпознат од сите диви кози. Иберискиот или наречен уште и шпански козорог (Capra pyrenaica) има помазни и пораздалечени рогови. Подвидот кој живе во Египет и Сирија се нарекува нубиски козорог.

Кри-кри или критски козорог, е подвид на дивата коза, Capra aegagrus.

Хималајскиот козорог (Capra sibirica hemalayanus) е загрозен вид и го наоѓаме во Националниот парк Кунџераб во северните предели на Пакистан. (Овој национален парк е под надзор на Светскиот фонд за природа (WWF), Пакистан.)

Валијскиот козорог (Capra walie), познат и како етиопски козорог, живее на венецот Симен во состав на Етиопската Висорамнина, каде е критично загрозен.

Азијатскиот козорог е последниот вид на козорог.

Некои видови на кози[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]