Козма Ѓоргиев
| Козма Ѓоргиев | |
|---|---|
| Роден(а) | Козма Ѓоргиев Чуранов 1877 Смилево, Отоманска Македонија |
| Починал(а) | 1940 Софија, Царство Бугарија |
| Родител(и) | Георги Чуранов (татко) |
| Потпис | |
Козма Ѓоргиев Чуранов (Смилево, 1877 — Софија, 1940) — македонски револуционер, учител и деец на Македонските братства. Член на Сојуз на бугарските уставни клубови.
Животопис
[уреди | уреди извор]Козма Ѓоргиев е роден во 1877 година во битолското село Смилево, тогаш дел од Отоманското Царство. Неговиот татко, Георги Чуранов, бил деец на Македонската револуционерна организација и делегат во Смилевскиот конгрес.[1] Учел во Битолската машка гимназија, каде се приклучил во револуционерен кружок.[2] Учествувал во Илинденското востание околу летото 1903 година.
Учителствувал за математика во Солунската машка гимназија.[1] За више образование се запишал за филологија во Софија, но во 1907 година бил исклучен. Се запишал во Загрпескиот универзитет каде завршил за математика. После се вработил во Одринската машка гимназија. За време на Балканските војни повторно почнал да предава математика во Солунската машка гимназија.[3]
После Младотурската револуција, во 1908 година, се приклучил во Сојузот на бугарските уставни клубови. За време на вториот конгрес Ѓоргиев бил назначен за претставник на Одринско.[4] Делегат е во обединувачкиот конгрес на Македонската федеративна организација и Сојузот на македонските емигрантски организации во 1923 година.[5]
После Првата светска војна станал директор на гимназијата во Поморие. После учителствувал во Стара Загора. Во 1930 година е назначен за организационен секретар на ВМРО, тогаш под водство на Иван Михајлов — поранешен ученик негов. Во 1929, 1932 и 1933 година е избран за секретар во националниот комитет на Македонските братсва.[6][7]
Продолжил да учителствува во Врачанско. Во 1940 година починал во Софија, каде е погребан.[8]
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 66.
- ↑ Коробар, Ангел (11 октомври 2020). „Фељтон „Илинденски сведоштва": Од Ангел Коробар (14)“. Вечер.
- ↑ Кандиларовъ, Георги Ст (1930). Българскитѣ гимназии и основни училища въ Солунъ (по случай на 50-годишнината на солунскитѣ български гимназии) (PDF). София: Македонски Наученъ Институтъ, печатница П. Глушковъ. стр. 86.
- ↑ Дебърски глас, година 1, брой 22, 30 август 1909, стр. 4.
- ↑ НБКМ-БИА C VIII 38
- ↑ Михайловъ, Иванъ (1973). Спомени, томъ IV. Освободителна борба 1924 – 1934 г. (продължение) (PDF). Indianapolis, IN, USA: Western Newspaper Publishing Co., Inc. стр. 469–470. no-break space character во
|title=во положба 43 (help) - ↑ Михайловъ, Иванъ (1973). Спомени, томъ IV. Освободителна борба 1924 – 1934 г. (продължение) (PDF). Indianapolis, IN, USA: Western Newspaper Publishing Co., Inc. стр. 811. no-break space character во
|title=во положба 43 (help) - ↑ Попсавова, Дора (съставителка) (1983). Опис на сбирката „Портрети и снимки“ в Народната библиотека „Кирил и Методий“. Част ІІ. Портрети на лица и снимки на събития, исторически обекти, паметници и чествувания за периода 1878 – 1944 г. (PDF). София: Народна библиотека „Кирил и Методий“. Български исторически архив. стр. 64. no-break space character во
|title=во положба 186 (help)
- Македонски преселници во Софија
- Апсолвенти на Загрепскиот универзитет
- Дејци на Македонските братства
- Учители во Солунската бугарска машка гимназија
- Македонски просветители
- Членови на Сојузот на бугарските конституциони клубови
- Учители во Прилепското класно училиште
- Родени во 1877 година
- Починати во 1940 година
- Македонски револуционери
- Учесници во Илинденското востание
- Луѓе од Смилево
- Починати во Софија
- Дејци на ВМРО