Прејди на содржината

Козлодуј (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Козлодуј
Община Козлодуй
Општина
Положба на Општина Козлодуј во Бугарија (означена со црвено)
Положба на Општина Козлодуј во Бугарија (означена со црвено)
Знаме на Општина КозлодујГрб на Општина Козлодуј
Координати: 43°47′N 23°44′E / 43.783°N 23.733°E / 43.783; 23.733
ДржаваБугарија
ОбластВраца
Административен центарКозлодуј
Управа
 • ГрадоначалникМаринела Николова
Површина
 • Вкупна284,87 км2 (10,999 ми2)
Население (2022)
 • Вкупно20,173
 • Густина0,71/км2 (1,8/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски број3320
Повикувачки број+359 973
Населени места1 град и 4 села
Мреж. местоkozloduy.bg

Општина Козлодуј (бугарски: Община Козлодуй) — општина во Северозападна Бугарија, една од составните општини на Врачанската област. Административен центар е градот Козлодуј. Општината има 20.173 жители (2022).[1]

Географија

[уреди | уреди извор]

Општината е сместена во северозападниот дел на Врачанската област. Со површина од 284,874 км2 го зазема 7-то место меѓу 10-те општини во областа, што претставува 7,87% од територијата на областа.

Релјефот на општината е рамничарски, при што поголемиот дел од нејзината територија е зафатен од источниот дел на пространото лесно плато Златијата. Северниот и источниот дел на општината го зафаќа Козлодујската Низина. Во должина од 21 км низ општината тече реката Дунав, која е главната водена артерија и активно се користи за наводнување.

Економија и енергетика

[уреди | уреди извор]

На територијата на општината се наоѓа АЕЦ Козлодуј — првата и единствена атомска електрична централа во Бугарија. Таа е најголемиот производител на електрична енергија во земјата и еден од главните работодавачи во регионот.

Самоуправа

[уреди | уреди извор]

Општината се состои од 5 населени места, од кои 1 град и 4 села.

  1. ↑ „Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица“ (бугарски). 15.06.2022. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]