Кодру Мушат
Изглед
Кодру Мушат | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°58′N 22°21′E / 40.967°N 22.350°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Гуменџе |
Надм. вис. | 870 м |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Кодру Мушат — поранешно село во Гуменџиско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Пајонија во областа Централна Македонија, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во падините на планината Пајак, околу 1 км западно од селото Баровица.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Кодру Мушат најверојатно било мало влашко село кое се распаднало пред основањето на Баровица. Според сознанијата на Тодор Симовски, кон крајот на XX век сѐ уште постоеле видливи остатоци од некогашни градби.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 60.
|