Прејди на содржината

Кога дојдов дома

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кога дојдов домадокументарен филм од 2006 година на Ден Лохаус за бездомните ветерани во Соединетите Држави - од оние кои служеле во Виетнам до оние кои се вратиле од војната во Ирак. Филмот ја освоил наградата „Њујорк го сака филмот најдобар документарен филм“ на Филмскиот фестивал Трибека во 2006 година.

Содржина

[уреди | уреди извор]

Филмот ги разгледува предизвиците со кои се соочуваат борбените ветерани што се враќаат од своите служби и битката што многумина мора да ја водат против Управата за ветерани за придобивките што им биле ветени. Преку приказната за Херолд Ноел, ветеран од војната во Ирак кој страда од посттрауматско стресно растројство и живее во својот автомобил во Бруклин, го претставува пропаднатиот системот и борбата на ветеранот да преживее по враќањето од војната. Филмот известува дека од март 2006 година, 500 ветерани од војната во Ирак биле бездомници.

Производство

[уреди | уреди извор]

Покрај Ноел, во филмот неколку пати се појавува и Пол Риекхоф, извршен директор и основач на непрофитната организација Ирак и Авганистан Ветерани од Америка (ИАВА).[1] Рејчел Медоу и Чак Д, радио водители на радио мрежата Аир Америка, исто така кратко се појавуваат во филмот.

  • MPAA рејтинг: не е оценет
  • Времетраење: 70 минути

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. [1] Internet Movie Database entry

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]