Ковач (село)

Координати: 41°40′45″N 21°7′55″E / 41.67917° СГШ; 21.13194° ИГД / 41.67917; 21.13194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ковач

Сретселото во Ковач

Ковач во рамките на Македонија
Ковач
Местоположба на Ковач во Македонија
Ковач на карта

Карта

Координати 41°40′45″N 21°7′55″E / 41.67917° СГШ; 21.13194° ИГД / 41.67917; 21.13194
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Порече
Население 26 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО
Надм. вис. 720 м
Ковач на општинската карта

Атарот на Ковач во рамките на општината
Ковач на Ризницата

Ковач — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Куќи во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, над селото Самоков.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри.[2]

Селото не е заведено во катастарската евиденција и го дели атарот со соседното село Самоков.[2]

До селото води асфалтиран пат од селото Самоков.

Историја[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Ковач било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото нема развиена стопанска функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
19480—    
1953237—    
1961201−15.2%
1971168−16.4%
1981119−29.2%
ГодинаНас.±%
1991100−16.0%
199479−21.0%
200254−31.6%
202126−51.9%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ковач имало 240 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ковач имало 400 жители.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ковач се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 300 Македонци.[7]

Ковач е мало село, коешто во 1961 година броело 201 жител, а во 1994 година 79 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Ковач имало 54 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 26 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 240 400 0[9] 237 201 168 119 100 79 54 26
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови[уреди | уреди извор]

Ковач е македонско село.

Родови во Ковач се: Ушиновци се делат на Манчевци и Сердаровци (15 к.), доселени се од околината на Скадар во Албанија; Лукаровци (27 к.) потекнуваат од предок ковач доселен од раселениот град Закамен.[14]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Ковач се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Инче, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0260 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 37 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[18]

Личности[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Голем дел од населението е иселено од ова село. До 1958 година, 21 семејство се има иселено во Србија, поточно во Јабука.[22]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 152. Посетено на 17 октомври 2017.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 36.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 октомври 2017.
  9. Податоците за населеното место Ковач, согласно важечката територијална организација од 1948 година, се вклучени во податоците за населеното место Самоков.
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Белград: Српски етнографски зборник. стр. 327–328.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. Црква Свети Атанасиј во Ковач, Порече, Јубилеен зборник 25 години митрополит Тимотеј, Охрид 2006, 309-330
  20. T. Смиљаниќ, Кичевија, Насеља и порекло становништва, СKA/СЕЗ, ЛИ, Београд, 1935, 328.
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  22. . Трифуноски, Јован (1958). О послератном насељавању становништва из НР Македоније у три банатска насеља, Јабука, Качарево и Глогоњ. Нови Сад: Матица Српска. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]