Хнум

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кнум)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хнум

Хнум (Кнум, Кнему, Хмену) бил еден од најраните божества кај Египќаните, бог на изворите на реката Нил, со глава на овен. Хнум значи „градител“, а заштитник е и на грнчарството.

Се смета дека Хнум на своето грнчарско тркало ги создал луѓето. Им ја дал душата или „ка“. Посебно внимателно ги создава фараоните. Хнум земал глина од годишните поплави на реката Нил, ги обликувал децата и им ги ставал во стомак на мајките. Здравјето на децата зависело од неговото расположени.

Бил еден од старите космички богови богови кој му помагал на Птах во извршувањето на Тотовите наредби, кој со зборови ја изразувал волјата на првобитната, создавачка Моќ; опишан е како „творец на оние што се; творец на оние што ќе бидат; извор на создаденото; отец на татковците и мајка на мајките“.

Хнум е маж на божицата-жаба Хекет и татко на Анукет, која е отелотворување на Нил.

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Египетска религија - египетската идеја за задгробниот живот - Е.А. Волис Баџ