Откровение на Јован

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Книгата на Откровението)

Откровение на Јован или Апокалипса — името на последната книга од Новиот завет. Во текот на средниот век, таа била разделена на 22 глави.

Според името на текстот, авторот себеси се нарекува Јован, и во првата глава од текстот нагласува дека е слуга на Исус Христос и дека е во затворот во Патмос. Во раното христијанство исклучително се сметало дека автор на овој текст е апостол Јован. Денеска, околу ова прашање постојат мислења дека можеби не се работи за апостол Јован. Откровението било напишано во периодот околу 90 до 100 година.

Откровението е предмет на дискусии и различно толкување на голем број истражувачи и теолози. Самото послание зборува за Второто пришествие на Исус Христос и исполнувањето на божјиот план за победата над злото. Откровението било наменето за христијаните кои биле постојано прогонувани во империјата.