Кнезот Иван Кнежевиќ (песна)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Кнезот Иван Кнежевиќ (српски: Кнез Иван Кнежевиһ) - српска епска песна. Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од слепиот пејач Филип Вишњиќ. Притоа, според мислењето на Караџиќ, Вишњиќ самиот ја измислил песната.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Капетанот Кулин заминал со својата бројна војска од Босна во Мачва. Таму го пречекал кнезот Иван Кнежевиќ кој, за да ја спаси својата територија, се побратимил со Кулин. Меѓутоа, Кулин го изневерил пријателството и го нападнал селото Добриќ, каде неговата војска убила 64 селани, заедно со кнезот и попот и заробила 300 луѓе. Кога слушнал за тоа, кнезот Иван го замолил капетанот Кулин да му ги продаде робовите, а тој побарал три товари богатство, како цена за нив. Тогаш, кнезот ги собрал робовите и ги однесл во Бијелина, каде го повикал народот со молба да ги купи робовите. На тој начин, тој собрал два товари богатство, а третиот го позајмил од двајца негови турски пријатели. Откако го платил откупот, кнезот пак ги повикал луѓето со молба да ги ослободат робовите.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 489.
  2. „Кнез Иван Кнежевиһ“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 471-478.