Прејди на содржината

Клуч (кинеско писмо)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Клучот на кинескиот знак (; 'мајка') е семантичката составница „жена“ од лево.

Клуч (кинески: 部首, пинјин: bùshǒu, мак. тр.: бушоу, „заглавие на оддел“), радикал или индексна составница — графички елемент на кинески знак според кој знакот традиционално е заведен во кинеските речници. Клучот на еден знак обично е семантичка составница, но може да биде и друга структурна составница или вештачки изваден дел од знакот. Во извесни случаи изворната семантичка или фонолошка врска со време станала нејасна поради изменетото значење или изговор на знакот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во најраните кинески речници како Ерја (III век п.н.е.) знаците се групирани според широки семантички категории. Бидејќи огромно мнозинство од знаците се фоносемантички сложенки (здружувајќи семантичка и фонетска составница) секоја семантичка составница се повторувала во даден оддел на речникот. Во II век, филологот Су Шен го организирал неговиот етимолошки речник Шуовен ѓеѕе со избор на 540 повторливи графички елементи кои тој ги нарекол (; „категории“).[1] Највеќето биле чести семантички составници, но имало и заеднички графички елементи како точка или легната црта. Некои дури биле и вештачки извадени групи на потези, кои Серуи ги нарекува глифови,[2] кои сепак никогаш не постоеле одделно освен во Шуовен. Секој знак бил заведен под само еден елемент, што потоа се нарекува клуч за тој знак. На пример, знаците што содржат ; ; „женско“ или ; ; „дрво“ честопати се групираат заедно во одделите за овие клучеви.

Речникот Ѕехуеј на Меј Јингѕуо од 1615 г. вовел уште две новини. Списокот на клучеви го свел на 214 и ги подредил знаците по клуч во нагорен редослед (од најмалку до највеќе потези) — метод кој се користи и во денешните речници. Овие новини ги усвоил и познатиот Кангсиев речник од 1716 г. и тие клучеви денес се познати како Кангсиеви клучеви. Во многу речници некои графички слични клучеви се ставени заедно; такви се ; yuè; „месечина“ и обликот () на ; ròu; „месо“.

По писмената реформа во НР Кина, традиционалните Кангсиеви клучеви станале несоодветни за категоризирање на знаците. Во 1983 г. Комисијата за реформирање на кинескиот пишан јазик и Државата управа за издавање објавиле Табела на обединети индексни составници на кинеските знаци (нацрт) (汉字统一部首表(草案).[3] Во 2009 г. Министерството за образование и Државната комисија за јазик ја објавиле табелата за индексирање на составници на кинеските знаци (GF 0011-2009 汉字部首表), која опфаќа 201 главна индексна составница и 100 поврзани составници[4]

Облик и положба

[уреди | уреди извор]

Клучевите може стојат во било која положба во рамките на знакот. На пример, се јавува од лева страна на знаците 姐, 媽, 她, 好 и , но стои долу кај . Семантичките составници обично стојат горе или лево од знакот, а фонетските составници се десно или долу.[5] Меѓутоа, ова се лабави правила, и постојат исклучоци. Понекогаш клучот може да зафати повеќе од една страна, како кај = ; „заградено место“ + , or = ; „оди, движење“ + . Постојат и посложени склопови, како што е = ; „сила“ + — клучот е во долниот десен квадрант.

Кај многу знаци составниците (вклучувајќи ги клучевите) се видоизменети за да се вклопат во блок со други елементи. Може да бидат стеснети, скратени, или пак да имаат сосем друг облик. Промената во облик, наспроти проста видоизмена, дава помалку потези. Во извесни случаи склоповите може да имаат алтернативи. Обликот на составницата може да зависи од нејзината поставеност со други елементи во знакот.

Обликот е индексиран како два различни клуча, зависно од тоа каде се јавува во знакот. Кога е од десно, како кај ; ; „метропола“ (се чита и како dōu; „сите“), претставува скратен облик на ; ; „град“; кога е од лево, како кај ; ; „земја“, претставува скратен клучен облик на ; ; „тумба, рид“.

Еве некои од поважните варијантни здружувачки облици (покрај и според горенаведеното) се:

  • ; „нож“ кога стои десно од други елементи:
    • примери: 分, 召 ~ 刖
    • противпример:
  • ; „човек“ лево:
    • 囚, 仄, 坐 ~ 他
    • противпример:
  • ; „срце“ лево:
    • 杺, 您, 恭* ~ 快
(*) напати станува кога е напишано во подножјето на знакот.
  • ; „рака“ лево:
    • 杽, 拏, 掱 ~ 扡
    • противпример:
  • ; „вода“ лево:
    • 汆, 呇, 沊 ~ 池
    • противпример:
  • ; „оган“ → 灬 долу:
    • 伙, 秋, 灱 ~ 黑
    • противпример:
  • ; „куче“ лево:
    • 伏, 状 ~ 狙
    • противпример:

Семантички составници

[уреди | уреди извор]

Преку 80 % од кинеските знаци се фоносемантички сложенки (形聲字):[6] Семантичката составница ја дава општата значенска категорија, а фонетската составница укажува на гласот. Клучот обично има улога на семантичка составница.[7]

Така, иако некои автори го користат поимот клуч (radical) за семантичките составници (義符; yìfú), други нив ги нарекуваат детерминативи[8] или значајници[9] or by some other term.

Многу клучеви се вештачки извадени од делови на знаците, а некои од нив претрпуваат дополнителна измена при примена (како на пр. ; jué, juě во ; liǎo). Ова е уште повеќе случај со современите речници, кои ги сведуваат клучевите на половина од оние во Шуовен, и со тоа немаат доволно за семантичкиот елемент за секој знак.

Фонетски составници

[уреди | уреди извор]

Клучевите понекогаш играат фонетска наместо семантичка улога:

Фонетски делПинјинЗначењеЗнакПинјинЗначење
jiù „аван“ jiù„вујко“[10]
jiù„був; стар“ [11]
„тигар“„вика“
guǐ(изворно „шлем“[12]), денес „сениште“kúi„водач“
鹿„елен“„подножје“
„коноп“ma, mó„ситен“
huáng„жолт“hóng„училиште“
„пердув“„следен“[13]
„уредно“„дава“
qīng „раззеленет“ или „младост“ jìng„мирен“
jìng„украсува; тивко“
jìng„тивко“

Во некои случаи, клучевите избрани поради нивната фонетска вредност по случајност носат и семантичка смисла.[7]

Упростени клучеви

[уреди | уреди извор]

Упростувањето на знаците во НР Кина подразбрало и измена на нивните составници, меѓу кои и клучевите. Со тоа се создадени низа нови облици на клучевите. На пример, кога се користи како клуч, знакот ; jīn се пишува (со ист број на потези, и само мала разлика) на традиционално писмо, но во упростеното. Ова довело до значителни разлики кои не се присутни во традиционалното пишување. Пример за знак со овој клуч е упростен кинески: ; традиционален кинески: ; пинјин: yín; прев. „сребро“.

Пребарување во речник

[уреди | уреди извор]

Речниците обично можат да се пребаруваат според клучеви, но денес многу од нив имаат дополнителни начини. Во НР Кина, денешните речници се пребаруваат според пинјинот (латиничната транскрипција на знаците). Следејќи го методот „оддел-заглавие-број на потези“ на Меј Јингѕуо, знаците се наведени според нивниот клуч, а потоа подредени по бројот на потези што ги содржат.

Пребарувањето на знак во речник оди вака:

  1. Гледаме под кој клуч (најверојатно) е заведен знакот. Ако не сме сигурни, составницата од лево и горе е добра појдовна точка.
  2. Го наоѓаме одделот (заглавието) за тој клуч.
  3. Броиме колку потези преостануваат во тој знак.
  4. Ги наоѓаме страниците со знаци под тој клуч со тој број на дополнителни потези.
  5. Го наоѓаме саканиот збор или ги повторуваме чекорите 1 и 3.

Како грубо правило, клучеви се обично составниците од лево или горе на знакот, или елементите што го опкружуваат остатокот од знакот. На пример, типично се заведува под левата составница наместо под десната ; а се заведува според горното наместо долното . Меѓутоа, постојат идиосинкратични разлики меѓу речниците, и освен во прости случаи, не може да се претпостави дека еден знак ќе биде исто заведен во два речника.

За понатаму да го олеснат наоѓањето на зборови, речниците понекогаш ги наведуваат клучевите под бројот на потези за канонскиот лбик на знакот и по бројот на потези на неговите варијантни облици. На пример, 心 може да биде наведен како четирипотезен, но и како трипотезен клуч бидејќи се пишува 忄 кога е дел од друг знак. Така, корисникот не мора да знае дека овие знаци се етимолошки истоветни.

Понекогаш еден ист знак може да се најде под повеќе клучеви. На пример, многу речници го наведуваат и под и под „хелебарда“ (клучот на неговиот долен дел ). Покрај тоа, кај дигиталните речници знаците можат да се пребаруваат според упатница. Користејќи го овој повеќеделен начин,[14] кој е релативна новина овозможена од информатиката, корисникот може да ги избере сите составници на знакот од табела, а сметачот ќе даде список на соодветни знаци. Со ова се избегнува нагаѓањето на точниот клуч и пресметувањето на точниот број на потези, штедејќи време. Можеме да пребараме знаци што ги содржат и и , и да добиеме само пет знаци (羢, 義, 儀, 羬 и ). Некои современи сметачки речници даваат можност за цртање на знакот со глувче или прст, и така го одбегнуваат утврдувањето на клучот.

Збирови на клучеви

[уреди | уреди извор]

Иако клучевите се широко прифатени како начин за категоризација на кинеските знаци и нивно пронаоѓање во речник, не постои апсолутно правило за точниот број на клучеви или за тоа кои од нив да се користат, а кои не. Ова се должи на напати произволниот начин на нивното одбирање.

Кангсиевите клучеви е де факто стандард кој е присутен насекаде, иако не е докрај применет во секој речник. Тие се основа за многу кодни системи кај сметачите. Уникодниот стандард за клучеви и потези се заснова на Кангсиевиот збир на клучеви.

Современите скратени речници користат помалку од 214 клучеви. Oxford Concise English–Chinese Dictionary има 188 клучеви. Некои имаат воведено нови клучеви врз начелата воведени од Су Шен, сметајќи ги групите на клучеви што се користат во многу различни знаци како своевиден клуч.

Денес клучевите имаат улога на лексикографска алатка и помагало при учење на пишувањето. Тие станале оддалечени од семантиката, етимологијата и фонетиката.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Wilkinson 2013, стр. 74.
  2. (Serruys 1984, стр. 657)
  3. 汉字统一部首表(草案). Архивирано од изворникот на 24 мај 2013. Посетено на 26 март 2013.
  4. 汉字部首表 (PDF). 中华人民共和国教育部. 12 јануари 2009. Посетено на 3 јануари 2021.
  5. Chan 2013.
  6. Liu 2010.
  7. 1 2 Woon 1987, стр. 148.
  8. Boltz 1994, стр. 67–68.
  9. Norman 1988, стр. 62.
  10. (Шуовен го заведува ова под неговата семантичка составница ; nán; „male“, но 200-тината клучеви во современите речници не ги опфаќаат сите семантички составници што се користат)
  11. (наведени во Далечниот Исток на стр. 1141 под заглавието )
  12. Wu 1990, стр. 350.
  13. Qiu 2000, стр. 7.
  14. што може да се проба на Jim Breen's WWWJDIC Server Архивирано на 16 октомври 2013., also here

Литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]