Прејди на содржината

Клуч (брава)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анатомија на клуч
Клучеви со различни нивоа на сигурност.

Клуч[1][2] — направа што се користи за отклучување или заклучување на брава или катанец. Типичен клуч се состои од: сечило (кое се вовлекува во клучалката), рамо и глава (делот што го држи корисникот кога ја заклучува или отклучува бравата). Сечилото обично се прави посебно така што отвора неколку или само една брава. Главата треба да биде доволно голема за да обезбеди вртење на клучот.

Клучевите обезбедуваат многу евтина, иако не совршена, контрола врз влезот, на пр. во возила или згради. Во денешниот современ свет, клучевите станаа суштински елемент и се широко користени.

Историја

[уреди | уреди извор]

Забележано е дека клучот го измислил Теодор од Самос, во 6 век пр. н. е. Исто така, дрвените брави и клучеви биле користени уште во древниот Египет, пред 4.000 години.

Типови клучеви

[уреди | уреди извор]

Денес постојат многу различни типови клучеви:

  • Куќни клучеви
  • Автомобилски клучеви
  • Главни клучеви (отвораат неколку брави)
  • Контролни клучеви
  • Транспондерски клучеви (се користат за стартување, на пр., машини)
  • Двострани клучеви
  • Четиристрани клучеви
  • Парацентрични клучеви
  • Разделени клучеви
  • Клучеви со вдлабнатина
  • Цевни клучеви
  • Цајс клучеви (варијација помеѓу куќен и цевен клуч)
  • Клучеви што не можат да се дуплираат
  • Ограничени клучеви (се продаваат во ограничени количини)
  • Магнетни клучеви
  • Картички за заклучување

Калауз е клуч чија намена е да отвора повеќе брави од ист тип.

Клучот како тема во уметноста

[уреди | уреди извор]
  1. „клуч“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „клуч“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 47.
  4. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 24.
  5. Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 7.
  6. IMDb, Kljuc (1965) (пристапено на 26.4.2020)
  7. Miles Davis – Bitches Brew (пристапено на 25.6.2022)