Клучка (патен сообраќај)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Клучката кај Миладиновци
Карта на Мостарската клучка во Белград
Клучка во Загреб

Клучка[1][2] — прифатен назив со кој се означува и дефинира најбрзиот и најбезбедниот вид на раскрсница во две или повеќе нивоа на патен сообраќај. Може да биде на секаков вид на пат, а најчесто се среќава на автопатишта и мотопатишта. Клучката мора да се состои од: надвозник или подвозник, лента за забрзување (за вртење на патот во двете насоки) и лента за забавување (за исклучување на патот во двете насоки). Со оглед дека заради надвозникот или подвозникот клучката е раскрсница вон ниво, само преку неа автопатиштата и мотопатиштата можат директно да се вкрстат со другите патишта. Клучката е наречена така затоа што патеките што се вкрстуваат на овој начин се „заплеткани“. Клучката е исто така најскапа за изградба и најголем вид раскрсница.

Напомени[уреди | уреди извор]

Поимот клучка е вообичаено име за раскрсници во две или повеќе нивоа, но исто така се нарекува крстосница на повеќе нивоа, подвозник или надвозник.

Наводи[уреди | уреди извор]