Клубот на непоправливите оптимисти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Клубот на непоправливите оптимисти
АвторЖан-Мишел Генасија
Изворен насловLe Club des incorrigibles optimistes
ПреведувачАцо Пероски
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски
ИздавачТри
Издадена
2016
Медиумпечатено издание
Страници647
ISBN978-608-230-449-6

Клубот на непоправливите оптимисти (француски: Le Club des incorrigibles optimistes) – роман од францускиот писател Жан-Мишел Генасија, објавен во 2009 година од издавачот Албен Мишел.[1]

Романот е објавен на македонски јазик од издавачката куќа Три.[2]

Во книгата од над 600 страници, Жан-Мишел Генасија имал амбиција истовремено да напише „генерациски роман“ минуциозно реконструирајќи ги шеесеттите години (студената војна, алжирското прашање, појавата на рокенролот, итн.), и „меланхолична хроника на младост“.

Местото на одвивање на дејството е задната сала на едно париско бистро кое го посетуваат Жозеф Кесел и Жан-Пол Сартр, каде се луѓе кои избегале од комунизмот во источните земји (Игор, поранешен руски лекар кому му се закануваат сталинистичките чистки, Павел поранешен чешки дипломат...), но кои се „непоправливи оптимисти[3].

Романот едногласно бил позитивно примен од критиката (Телерама, Ле Поен, Л’Експрес, Ле Нувел Опсерватер...) и го прифатила широка публика. Ја добил Гонкуровата награда на 9 ноември 2009 година[4], а во 2010 година наградата на читателите на „Нотр тан“.

Наводи и белешки[уреди | уреди извор]

  1. „Fiche du livre sur le site de l'éditeur“. Архивирано од изворникот на 2015-04-16. Посетено на 2017-01-15.
  2. Клубот на непоправливите оптимисти Архивирано на 25 декември 2017 г. на семрежното место на Три
  3. „albin-michel.fr“. Архивирано од изворникот на 2010-01-16. Посетено на 2017-01-15.
  4. „lepoint.fr“. Архивирано од изворникот на 2009-11-13. Посетено на 2017-01-15.