Клотар III
Клотар III | |
---|---|
Крал на Неустрија и Бургундија | |
![]() Монета од Клотар искована во Париз, Национална библиотека на Франција | |
На престол | 31 октомври 657–673 |
Претходник | Клодовик II |
Наследник | Теудерик III |
Деца | Клодовик III ? |
Династија | Меровинзи |
Татко | Клодовик II |
Мајка | Батилда |
Клотар III е крал на Неустрија и на Бургундија од 663 до 673.
Роден околу 652, тој е постариот син на кралот Клодовик II и на кралицата Батилда. Дошол на престолот кога имал пет години а мајка му ја извршувала функцијата регент. Во 664, Батилда се повлекла во манастир а власта ја оставила на мајордомот Еброин. Клотар починал во 673, на возраст од 21 година. Тој веројатно е татко на Клодовик III. По смртта на Клотар наследник станал Теудерик.
Извори[уреди | уреди извор]
- Животот на Св.Леже владика од Отен (околу 680) :
Тогаш кралицата Батилда, која управуваше со палатата со својот син Клотар крал на Франките, несомнено вдахната со совет на Бога, го испратила во градот Отен, а таму да биде владика, тој прекрасен човек [Св. Леже], за да поддржува и да брани, [...]. Во тоа време, како што рековме, Еброин, мајордомот, управуваше под кралот Клотар а кралицата, како што и рековме, веќе престојуваше во манастирот [во Шел] која порано си го подготви [...]. Додека траеше таа работа, кралот Клотар, повикан од Господ, го напушти овој живот. Еброин требаше да ги повика сите големци и да го подигне на престолот Теудерик брат на кралот ; но, [...] тој не сакаше да ги собере [...]. Тие зедоа некое си дете, за кое тврдеа дека е син на Клотар, и го прогласија за крал на Австразија [...]. Колку луѓе измамени од оваа измама поверуваа дека Теудерик е мртов и дека Клодовик му е син на Клотар ! [...].
Значи Клодовик, синот на Дагоберт, а кралица зема жена родена туѓинка, наречена Батилда, истакната жена со која имаше три сина, Клотар, Хилдерик и Теудерик. За мајордом на палатата имаше еден енергичен и мудар човек наречен Ерхиноалд. Затоа Клодовик во своето царство адржа мир без војни. Во последните години од неговиот живот, сепак, тој го изгуби разумот и испушти душа откако осумнаесет години владееше. Франките затоа на престолот го поставија неговиот постар син, Клотар, рамо до рамо до мајка му, кралицата спомената погоре.
Во исто време умре и Ерхиноалд, мајордомот на палатата. Франките полни со несигурност, се држеа до еден совет и на таа функција и ранг го поставија Еброин. Тие денови, кралот Клотар, зафатен од силна треска, почина уште во младоста откако четири години владееше. Неговиот брат Теудерик сепак го наследи на престолот. Бидејќи неговиот брат Хилдерик бил ставен на престолот од страна на Франките во Австразија, до војводата Вулфоалд [...].
Клотар III Роден(а): 652 Починал(а): 673
| ||
Претходник Хилдеберт III Посвоениот |
Крал на Австразија 661–662 |
Наследник Хилдерик II |
Претходник Клодовик II |
Крал на Неустрија и Бургундија 655–673 |
Наследник Теудерик III |
Незаземено Последен владетел Дагоберт I
|
Крал на Франките 661–662 |
Незаземено Следен носител на титулата Хилдерик II
|
![]() |
„Клотар III“ на Ризницата ? |
|
|