Клопче

Клопче[1][2] — облик, сличен на топка, во која најчесто се намотува конец или преѓа. Тоа е најстариот и наједноставниот начин за сместување на каков било вид преѓа, конец или друг лесен материјал за да не се заплетка. Заедно со чилето, макарата и тутурутка, клопчето е еден од облиците што ги користи текстилната индустрија за сместување конец.
Рачно намотување
[уреди | уреди извор]Методот за започнување на клопче преѓа вклучува цврсто држење на едниот крај од преѓата меѓу прстите на едната рака и цврсто намотување околу другиот крај од преѓата или парче картон со другата рака. Откако ќе ги завршите првите неколку вртења, се продолжува со движење со ротирање на добиеното клопче за да се создаде клопче каде што преѓата се вкрстува речиси нормално.
Машинско намотување
[уреди | уреди извор]Индустриските клопчиња од преѓа се помалку компактни од рачно изработените. Тие имаат шупливо јадро (поради нивното производство на вретено), правилна намотка и се држат заедно со хартиена лента на која е означен референтниот број на предметот.
Тежините се движат од: