Прејди на содржината

Клон (ТВ-серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Клон
Жанрдрама, теленовела, религија
Создадена одГлорија Перес
УлогиЏована Антонели
Мурило Бенецио
Вера Фишер
Далтон Виг
Воведна тема"Sob o Sol"
Земја на потеклоБразил
Првичен јазикпортугалски
Бр. на епизоди250
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаГлобо
Првично прикажување1 октомври 2001 15 јуни 2002
Хронологија
СледбеникЗемја на надежта (2002–2003)

Клон (португалски: O Clone) — романтична бразилска теленовела. Оваа теленовела е снимана во 2001 година, според сценариото на писателката Глорија Перес. Се снимала на локации на повеќе локации, а од најпознатите беа: Рио де Жанеиро и Мароко. Оваа теленовела стана огромен успех во целиот свет, како и кај нас, која се емитуваше во вечерниот термин на А1-телевизија. Во Бразил првата епизода достигна гледаност од 48% , а последната епизода ја гледале 62% од населението.

Серијата кај нас моментално се репризира на Алсат М.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Клон го води гледачот на две дијаметрално спротивни локации, Бразил и Мароко. Двата главни ликови се Жаде, муслиманка од Мароко и Лукас, католик од Бразил. Тие случано се среќаваат и се вљубуваат еден во друг. Нивните различни култури постаојано им создаваат проблеми во зедничкиот живот. Откако Жаде ќе остане без своите родители таа се преселува во Мароко кај својот стрико Али и ги учи тамошните обичаи, додека Лукас е син на богатиот стопанственик Леонидас Фераис, Лукас има брат близнак -Џого гој подоцна го губи животот за време на една хеликоптерска несреќа. Потресен од ваквата случка, кумот на Џого -научникот Албиери избезумен без свест прави негов клон кој подоцна ќе доведе до разни конфликти во серијата, како што напредува серијата веќе станува очигледно дека се случува нешто чудно во животите на Жаде и Лукас кој после многу време повторно ќе се сретнат...

ГлумциЛикови
Џована АнтонелиЖаде
Мурило БенисиоЛукас/Диего/Лео
Вера ФишерИвет
Региналдо ФариасЛеонидас
Жука де ОливеираАлбиери
Стенио ГарсијаАли
Даниела ЕскобарМаиза
Адриана ЛесаДеуза
Нивеа МаријаЕдна
Дебора ФалабелаМел

Клон на Балканот

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]