Клодовик IV

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клодовик IV
Крал на Франките
[[File:Georges Rouget (1783-1869) - Clovis III roi d'Austrasie en 691 (682-695).jpg|frameless|alt=]]
« Клодовик III крал на Австразија » од Жорж Руже (1783-1869). Слика од 1838 зачувана во Версај. Белешка: Оваа претстава не одговара на историската реалност.
Владеење691-695
ПретходникТеудерик III
НаследникХилдеберт IV брат му
ДинастијаМеровинзи
ТаткоТеудерик III
МајкаКлотилда


Клодовик IV е крал на Франките од 691 до 695. Понекогаш се меша со Клодовик III во генеалогиите кои ги земаат предвид само кралевите на Франките од Неустрија. Понекогаш и самите историчари намерно го именуваат како Клодовик III, ако се земе тоа дека другиот Клодовик бил таканаречен ’’лажен крал’’, односно измамник наместен на престолот од страна на мајордомот Еброин.

Роден околу 680, постар син и наследник на кралот Теудерик III, доаѓа на престолот на возраст од 11 години, и умира на 15. Бидејќи е малолетен во тек на целото негово владеење, мајордомот на палатата на Австразија, Пипин Хересталски, владее во негово име. Неговиот брат Хилдеберт го наследува после неговата смрт во 695.

Извори[уреди | уреди извор]

- Поглавје 6 од "Продолжение на хрониката на Фредегер" (околу 760) :

Кралот Теудерик умре, откако владееше седумнаесет години. На чело на кралството го ставија Клодовик, неговиот мошне млад син. Меѓутоа, по неколку години, таканаречениот крал падна болен и умре после четири години владеење. Неговиот брат Хилдеберт седна на тронот[...].


Клодовик IV
Роден(а): 682 Починал(а): 695
Претходник
Теудерик III
Крал на Франките
691–695
Наследник
Хилдеберт III