Клодовик II
Клодовик II | |
---|---|
Крал на Франките од Неустрија и Бургундија | |
![]() Златна монета од Клодовик II (639-657). | |
На престол | 19 јануари, 639 – 31 октомври, 657 |
Претходник | Дагоберт I |
Наследник | Клотар III |
Деца | Клотар III Хилдерик II Теудерик III |
Династија | Меровинзи |
Татко | Дагоберт I |
Мајка | Нантилда |
Потпис | ![]() |
Клодовик II, наречен « Мрзливиот », роден во 635 и починат на 31 октомври 657, бил крал на Неустрија и крал на Бургундија од 639 па сè до неговата смрт.
Животопис[уреди | уреди извор]
Клодовик II дошол на престолот по смртта на неговиот татко Дагоберт I, во 639. Дагоберт имал четири деца, а неговата жена Нантилда била регент во тек на нивното малолетство сè до нејзината смрт во 642. Понатаму владеењето на Клодовик II се одвива под влијание на мајордомот на палатата на Неустрија Ега како и Ерхиноалд (или Аршамбо). Кралската резиденција тогаш била во Клиши.
Во 649, Клодовик II се оженил со некоја англосаксонска слугинка што се викала Батилда (626-680). Купена во Јорк од страна на мајордомот Ерхиноал, таа била донесена во кралството на Франките за да се омажи со Клодовик II. Од овој брак му се родиле тројца синови :
- Клотар III (652-673), кој го наследува својот татко како крал на Неустрија и на Бургундија (657-673) ;
- Хилдерик II (653-675), кој станува крал на Австразија после смртта на Хилдеберт Посвоениот (662-673), потоа крал на сите Франки по смртта на неговиот постар брат Клотар III (673-675) ;
- Теудерик III (654-691), кој станува крал на Неустрија и на Бургундија по смртта на брат му Клотар III во 673. Малку време подоцна постариот брат Хилдерик II го симнал од престолот. Теудерик станал крал на Неустрија и на Бургундија по смртта на Хилдерик II (675-679), потоа крал на сите Франки по смртта на неговиот братучед Дагоберт II (679-691).
Клодовик II умрел на 31 октомври 657, на 22 годишна возраст, после 18 години владеење како крал. Закопан бил во Сен-Дени, до неговиот татко Дагоберт.
Според една легенда, два сина на Клодовик II дигнале бунт против својот татко во тек на некој поклонение во Светата земја. Тогаш, Клодовик II ги победил и сакал да им ги изгори нервите на нозете. Двајцата браќа тогаш се амонашиле во опатијата Жумиеж која отпосле богато била дарувана од Клодовик и Батилда. Оваа легенда нема никаква историска подлога: Клодовик II не бил никогаш во светата земја а тој умрел на млада возраст така што неговите синови биле премногу мали за да креваат бунт против него.
Извор[уреди | уреди извор]
Поглавје 1 од « Продолжението на хрониката на Фредегер » (околу 760) :
Библиографија[уреди | уреди извор]
- Jean Verseuil, Les rois fainéants : de Dagobert à Pépin le Bref 629-751, édition Critérion, Paris, 1946 ISBN 2-7493-0136-0 Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN..
- Frédégaire (trad. par O. Devilliers et J. Meyers), Chronique des Temps Mérovingiens, édition Brepols, 2001 ISBN 2503511511.
- Chroniques du temps du Roi Dagobert (592-639) (traduites du latin par François Guizot et Romain Fougère). 2 édition. Clermont-Ferrand : Paleo, coll. « Sources de l'histoire de France », 2004. 169 p., 21 cm. ISBN 2-913944-38-8.
Клодовик II Роден(а): 637 Починал(а): 655
| ||
Претходник Дагоберт I |
Крал на Неустрија и Бургундија 639–655 |
Наследник Клотар III |
|
|