Клодион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Клодион
Крал на Салиските Франки
Portrait Roi de france Clodion.jpg
НаследникМеровех
Роден(а)c. 392/395
Починал(а)445/448
Галија
Почивалиште
непознато
ДецаМеровех оспорувано
Полно име
Клодион
ТаткоТеудемерес или Фарамонд (и двајцата оспорувани)
Мајканепозната или Аргота (оспорувано)

Клодион (околу 392/395–445/448) - наречен Долгокосиот бил крал на Салиските Франки од династијата Меровинзи. Тој живеел на територијата на Тирингија, во тврдината Диспаргум. Тој ja нападнал Римското Царство во 428 поразувајќи ги римските сили во Камбре, и се утврдил во Северна Галија, каде веќе живееле и други групи Салиски Франки. Иако бил напаѓан од страна на Римјаните, успеал да ја задржи својата положба и 3 години подоцна, во 431, го проширил своето кралство јужно од реката Сома во идната Франкија. Во 448, 20 години по започнувањето на неговото владеење, Клодион бил поразен во неидентификувано место во Галија кое Флавиј Ециј, командант на римската војска, го нарекува Викус Хелена (латински: Vicus Helena).

Како и сите меровиншки кралеви, Клодион носел долга коса како ритуален обичај. Негов наследник веројатно бил Меровех, според кој династијата го добила името 'Меровинзи'. Книгата за историјата на Франките (латински: Liber Historiae Francorum)[2] вели дека негов татко бил Фарамонд, за кој многумина веруваат дека бил легендарна личност поврзана со оваа лоза. Денешните историски истражувања сугерираат дека Фарамонд впрочем бил Вараздат соборен регент и принц на протераната Сиуниска династија[3] сепак, семејната поврзаност не може да се потврди со апсолутна сигурност. Фредегеровата хроника го прикажува Клодион како син на Теодемер, еден од водачите на Салиските Франки и крал на Теруана (409-414).[4] Теодемер наводно бил франкиски крал за кој Григориј Турски вели дека бил погубен од страна на Римјаните. Во двата случаи, потеклото е несигурно и оспорено.

Контекст[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

За Клодион се знае само од два извори, Панегирика за Мајоријан од Сидониј Аполинариј во 458 година и Историја на Франките[5] од Григориј Турски во 592 година.

Салиските Франки и Римското Царство на почетокот на 5 век[уреди | уреди извор]

Пред доаѓањето на Клодион, од 342 година Салиските Франки биле инсталирани како федерации во Римското Царство, на север од Галија, во Токсандрија[Белешки 1], помеѓу мезанските мочуришта, северно од денешниот Мастрихт и шумата Шарбоњер[6]. Од 17 јануари 395, Римското Царство било поделено на два дела: Источна империја и Западна империја[7]. Од 407, повеќе германски народи навлегле во Галија и се населиле. Визиготите создале кралство во Аквитанија, Аланите (негерманско население) зазеле области во близина на Орлеан, Бургундите и Алеманите се населиле долж Рајна[Белешки 2]. За време на владеењето на Клодион, Валентинијан III бил цар во западниот дел на Римското Царство[8].

Животопис[уреди | уреди извор]

Освојувањата на Клодион (приближни граници).

Клодион почнал да владее околу 428[9].Тој можеби го наследил кралот на Франките, Теодомир, без да се знае дали имало години на интерегнум помеѓу двата кралеви[Белешки 3][10]. Тој ги водел Салиските Франци од тврдината Диспаргум, сместена источно од Рајна.

Околу 432-435, Клодион дознал дека градовите во римската провинција Белгиска Галија биле без одбрана[Белешки 4]. Впрочем, многу од војниците на римскиот генерал Флавиј Ециј задолжен за одбрана на Галија биле прераспоредени од овие територии за да се борат против Бургундите, Аланите и Визиготите[Белешки 5]. Клодион одлучил да тргне во воен поход и собрал војска. Франките ја преминале шумата Шарбоњер, го зазеле градот Турне, потоа и Камбре и Арас уште при првиот напад и ја зазеле целата територија до реката Сома[11][12]. Освен лесните грабежи, Клодион се обидел да ја наметне неговата власт како воин и крал на територијата која сакал да се протега околу Рајна, Сома, Меза и Северното Море[Белешки 6].Окупацијата траела неколку години без Аециј да се обиде да го запре зафатен со битките на друго место[Белешки 7]. Во 448, Клодион конечно бил нападнат од страна на Аециј и неговиот полковник Мајоријан. Генералот имал намера да ги сопре Салиските Франки кои присвојувале територии без негова дозвола[13]. Клодион,кој не бил подготвен за воено соочување со Римјаните, принуден бил да побегне[14]. Меѓутоа Аециј бил свесен дека нема воени средства одново да ја освојува територијата па затоа претпочитал да преговара со федусот Клодион околу сојузничкиот договор од 342 година со кој Салиските Франки станале федерација која се борела на страната на Рим[Белешки 8]. Тој им дозволил да се населат во Империјата, на териториите коишто тие веќе ги освоиле во Арас, Камбре и Турне[Белешки 9]. Последниот град станал престолнина на Клодион[15][16]. Ова биле корените на идното франкиско кралство на Клодовик I[17]. По 20 години владеење Клодион умрел во 451 година[18]. Според франкискиот обичај, неговото кралство било поделено помеѓу синовите. Постариот, веројатно Меровех, го добил градот Турне и околијата. Другите двајца наследници ги добиле Кабре и Тонгр[13].

Историографски дебати[уреди | уреди извор]

Повеќе елементи од биографијата на Клодион остануваат нејасни. Некои сѐ уште се дискутираат од страна на историчарите. Местото од каде што потекнува, генеалогијата, историските извори и прекарот се предмет на контроверзност.

Диспаргум[уреди | уреди извор]

Единствената информација која ја дава Григориј Турски за локацијата на Диспаргум е дека, во неговото време (втората половина на 6 век) оваа тврдина се наоѓала на територијата на која живееле Тирингите[2]. За жал ни Григориј Турски ни неговиот современик, поетот Венанциј Фортунат не ги назначуваат границите на Тирингија во 6 век[Белешки 10].

Во 1893 година, историчарот Годфроа Курт не сакал да ја бара локацијата на Диспаргум. Тој воедно потсетува дека ова место можеби е само легендарно[19]. Во 1979, историчарката Емилијан Демужо го сместува на границата помеѓу Белгија и Холандија а во 1988, писателот Жорж Бордонов наведува дека градот уште не е идентификуван[20].

Во 1720 година, Луј-Себастијан Ле Нен де Тилмонт вели дека селото Дизбург, во близина на Брисел, веројатно е Диспаргум. Оваа идентификација ја презеле и историчарите Пјер Рише и Патрик Перен во 1996[21]. Исто така во 1996, Мишел Руш се колеба помеѓу Дизбург во Белгија и Дизбург во Германија[22].

Потомство[уреди | уреди извор]

Историчарот Годфроа Курт во 1893 вели дека „Клодион е најстариот крал за кој Григориј Турски дознал од народните песни на Салиските Франки“[23]. Овој податок потоа широко бил прифатен од подоцнежните историчари[20]. Сепак, името на неговата кралица и бројот на неговите деца останува непознат[24]. Наспроти тоа,повеќе историчари изготвиле хипотези за поколението на Клодион врз основа на сведоштва или фалсификувајќи одредени елементи.

Хипотези за потеклото и поколението[уреди | уреди извор]

Теодомир, Меровех и Клодовалд се историските личности кои честопати се поврзувани со Клодион. Во 660, Хрониката на Фредегер кажува дека кралот Теодомир за наследник го имал неговиот син Клодион[25]. Историчарите наведуваат дека ваквата поврзаност меѓу Теодомир и Клодион се темели на текстот на Григориј Турски.[Белешки 3]

Григориј Турски во неговата Историја на Франките напишал дека „некои тврдат дека неговата лоза (онаа на Клодион) произлегува од кралот Меровех“. Оттука,историчарот Годфроа Курт тврди дека Меровех е син на Клодион[26]. Тоа тврдење го следеле и многу други историчари иако некои како Пјер Рише и Патрик Перен биле резервирани во поглед на таквото тврдење.

Извори[уреди | уреди извор]

Писателот Сидониј Аполинариј (430-486) бил современик на Клодион, што не било случај со Григориј Турски (539-594). Според белгискиот историчар Годфроа Курт, во неговото дело Поетска историја за Меровинзите, изворот на архиепископот од Тур најверојатно била народна песна на Салиските Франки. Историчарот истакнува дека „во времето на Григориј Турски, […] имало некоја народна песна за освојувањето на Белгиска Галија од страна на Франките. Раскажувачот (Григориј), од неа го извлекот тоа што самиот го сметал за историски настан[27].

Прекар[уреди | уреди извор]

Прекарот „Долгокосиот крал“ потекнува од Григориј Турски а се користи за именување на Клодион од околу 1616[28]. Овој обичај да се разликуваат луѓето според косата е доста раширен кај Германите. Кај Визиготите долгата коса било симбол на слободен човек, а кај Вандалите, исто и кај Меровинзите, долгата коса била симбол на кралското семејство[29].

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Истата хроника и архиепископот Хидациј додаваат дека во 342, Констанс I ги победили ги покорил Франките. Поголемиот дел освојувачи биле протерани од другата страна на Рајна, но народи останале да живеат во империјата како поданици или сојузници во Батавија и во Токсандрија. Првите Франки кои се населиле во Галија биле Салиски Франки. (Martin 1852, стр. 286)
  2. Вандалите, Аланите и Суевите [...] на почетокот на 407, [...] дошле во Галија, во потрага по територии за да се населат. [...] Потоа, на крајот Бургундите и Алеманите пристигнале на Рајна. [...] Варварите [Вандали и Суеви] тргнале за Шпанија во 409. [...] Во 412, Визиготите од Атахолф пристигнале во Галија од Италија и ја окупирале Аквитанија. (Inglebert, 2009, p. 40)
  3. 3,0 3,1 Теодомир мора да бил последниот франкиски крал, кого Гргор Турски го споменува пред Клодион. Види: Историја на Франките, Книга II, IX, 592: "Исто така во аналите прочитавме дека Теодомир, крал на франкиските синови на починатиот Рикомер, и мајка му Аскила биле заклани. Кажано е и дека Клодион ... "
  4. Според Григориј Турски, Клодион, кого го именува како крал, пред упад во Белгија II престојувал во тврдината Диспаргум, во Тирингија, земја идентификувана како малото кралство Варн близу до оној на Тирингијците во Долна Рајна, бидејќи Диспаргум веројатно бил сместен на границите на денешна Холандија и Белгија. (Demougeot,1979, p. 489)
  5. "Во 435 [...] Бургундите на Гондохар и Аланите на Гоар ја нападнале Белгија I. Франките ги земалe Келн и Трир [...] a Визиготите го напаѓаle Нарбон. [...] Ециј победил: царството на Бургундите било уништено од Атила (436), Тибатон бил заробен (437), Трир повторно бил заземен а Визиготите биле избркани во [...] 439. (Inglebert 2009, p. 50)
  6. Франките стигнале [...] до портите на Арас. регионите северно од Камбре и Меза очигледно биле под нивна контрола. [...] Градот Амјен, кој се наоѓа на јужниот брег на реката [...], нема да биде под контрола на Франките до околу 454 [...]. Се верува дека Сома претставува пригодна граница. (Bayard 1983, p.273)
  7. Отсуството на Аециј, му дозволило на првиот познат франкиски крал, Клодион, да напредува од Токсандија до Сома. (Rouche, 1996, p.110)
  8. Истата таа 448 година [...] Мајоријан и Флавиј Ециј го нападнале Клодион и неговите Салиски Франки кои биле [...] на реката, која се нарекувала Елноне, во близина на "Викус Хелена", денеска Скарп, оддалечен од градот Турне околу шеесет километри. [...] Ециј го вратил претходниот "федус", оставајќи му го Турне на Клодион. (Rouche, 1996, p.116-117)
  9. Клодион побарал примирје. Aeциј му го дал : политички вешт, на Франките им гиоставил градовите и териториите коишто ги освоиле. Франките се населиле дефинитивно помеѓу Сома, Рајна, Меза и морето. (Bordonove,1988, p.36)
  10. Григориј Турски само назначува во неговата Историја на Франките дека треба да се премине Рајна за да се отиде во Турингија. Венанциј Фортунат вонеговите Поеми исто така е нејасен по овапрашање. Тој само изјавува дека во 556, франкискиот принц Сигеберт се борел со Турингите близу до реката Наб.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Franks2.
  2. 2,0 2,1 Liber historae francorum. Unknown: Coronado Press. 1973. ISBN 087291058X. OCLC 231229694.
  3. Almoustine. „Septimus Claudius Pharamondus Varasdates (Pharamond) b. 345? d. 398“. Rodovid. Посетено на 24 Jun 2011.
  4. The Ancestors of Charlemagne: Addenda
  5. 0538-0594), Grégoire de Tours (saint (1823). Histoire des Francs. 1 / par Grégoire de Tours. Paris: J.-L.-L. Brière.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  6. Leguay 2002
  7. Le Nain de Tillemont 1720, стр. 839.
  8. Demougeot 1979
  9. Le Nain de Tillemont 1720, стр. 638
  10. Bordonove 1988, стр. 34
  11. Kurth 1896, стр. 159-162.
  12. Lebecq 1990, стр. 39
  13. 13,0 13,1 Kurth 1896
  14. Kurth 1893, стр. 144-145
  15. Demougeot 1979, стр. 490 : Клодион […] го задржал Турне кој станал престолнина на неговото кралство во тек и на владеењето на неговиот наследник Меровех.
  16. J.-M. Ropars, « La défense de l'Armorique dans les dernières années de l'Empire romain d'Occident, à travers une nouvelle interprétation d'un texte de Grégoire de Tours. », Annales de Bretagne et des pays de l'Ouest, tome 100, 1993.
  17. Kurth 1896, стр. 163-165.
  18. Kurth 1893
  19. Kurth 1893
  20. 20,0 20,1 Bordonove 1988, стр. 35 : Клодион бил првиот крал признат од историографијата. Тој живеел во Диспаргум, место кое не е идентификувано.
  21. Riché & Périn 1996, стр. 103 : Клодион, од неговата тврдина Диспаргум, несомнено Дизбург помеѓу Брисел и Лувен ја нападнал Белгиска Галија и го окупирал регионот на [ [Камбре]. Тој бил поразен во близина на Арас од Марјоран и Флавиј Аециј во "Викус Елена" (Хелемес) во 448. Тој го чувал Турне и потпишал пакт со Aeциј. [...] Григориј Турски не бил сигурен дали негов син бил Меровех.
  22. Rouche 1996
  23. Kurth 1893, стр. 133.
  24. Bordonove 1988, стр. 33 : „Поради недостиг на документи, генеалогијата на Клодовик не би можела сериозно да се утврди.“
  25. Frédégaire, Chronique, 2-9.
  26. Kurth 1896, стр. 173.
  27. Kurth 1893, стр. 140.
  28. Eustache de Refuge, Traité de la cour ou instruction des courtisans, Paris, 1616 Предлошка:Lire en ligne .
  29. François Gaulme, « La royauté sacrée et sa christianisation : réflexions sur le lien du politique et du religieux », Histoire, économie et société, Paris, volume 15,1996.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]