Климент Размов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Климент Размов ( Охрид1923 во Софија, Бугарија) — македонски револуционер на ВМОРО и деец на Македонската федеративна организација.[1][2][3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Се приклучил на ВМОРО набргу после Илинденското востание. По Првата светска војна студирал право во Софија. Како припадник на левицата на македонското револуционерно движење, во 1920 година се приклучил кон Привремената комисија на македонската емиграција во Бугарија. Автор е на проект-уставот за обединување на македонската емиграција, усвоен на Обединителниот конгрес одржан во јануари 1923 година.[2][3]

Набрзо по деветојунскиот преврат, од страна на четниците на Тодор Александров, бил одвлечкан од неговиот дом и убиен од страна на Димитар Ѓузданов - четник на Тодор Александров.[2][3] Бил убиен бидејќи бил начитан човек и имал храброст да ги разболичува делата на ВМРО (Автономистичка).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Динев, Ангел (1983). Политичките убиства во Бугарија. Скопје: Култура-Скопје. стр. 332. ISBN 323.285.497.3 Проверете ја вредноста |isbn=: invalid character (help).
  2. 2,0 2,1 2,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 403. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 277. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)