Климент Малевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Климент Малевски
Роден 10 октомври 1917
Струга
Починал 18 јули 2002
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање црковно лице

Климент Малевски (роден на 10 октомври 1917 година во Струга - починал на 18 јули 2002 година во Скопје) — македонски протојереј-ставрофор, член на Иницијативниот одбор за организирање на Македонската православна црква и учесник на црковнонародните собори за возобновување на Охридската архиепископија и прогласување на автокефалноста на Македонската православна црква (1958 и 1967).[1]

Бил архијерејски заменик на Преспанско-пелагониската епархија. Носител е на повеќе црковни одликувања: од Ерусалимскиот и од Рускиот патријарх, од Атинскиот архиепископ и од Синодот на Македонската православна црква (Светиклиментов орден од Ⅲ ред).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Малевски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. стр. 902. Text "series " ignored (help)