Климент Заров (револуционер)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Климент Заров
Роден 1848
Охрид, Отоманско Царство
Починал 1915
Дебарско


Климент Заров (роден во 1848 година во Охрид – починал во 1915 година во Дебарско) — деец на Македонското револуционерно движење, член на Ученичкото просветно друштво „Св. Климент” (1885), член на Охридскиот таен револуционерен кружок (1886–1891) и на Македонскиот таен комитет во Софија, издавач и (веројатно) автор на „Карта на Охрид и на неговата околина” (Софија, 1887) и борец за обновување на Охридската архиепископија. Климент Заров бил сопственик на фабрика за конзервирање риби во Охрид и собирач на помош за охридските училишта и библиотеки, заради што патувал често во Бугарија (1887 и 1889–1890), Србија (1889), Русија (1889) и Романија (1890). Избран за претседател на Бугарската матица во Охрид на 22 јули 1912 година. Заров бил убиен од српските воени окупациони војски „некаде кон Дебар[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, ed. (2009). "Заров". Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. стр. 557. 
  2. Д-р Стојан Ристески, Навраќања на историски теми, Охрид, 2000, 17-42.