Делба на клетките

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Клеточна делба)
Трите типа на клеточна делба

Создавањето на новите клетки се одвива со делба на клетките. Секоја клетка, било да е дел од многуклеточен организам или претставува самата едноклеточен организам, потекнува само од претходна (мајчина) клетка. Делбата на клетките опфаќа два процеси кои обично се синхронизирани и временски тесно поврзани: кариокинеза (делба на јадрото), по која следува цитокинезата (делба на цитоплазмата).

Саморазмножувањето е веројатно најфундаменталната особина на клетките, како што може да се каже и за сите живи организми. Сите клетки се размножуваат со делба, при што секоја родителска клетка дава две ќеркини клетки на крајот од циклусот на делба на клетките. Делбата на клетките мора да е внимателно регулирана и координирана во клеточниот раст и репликацијата на ДНК за да се осигура создавање на прогенски клетки кои содржат интактни геноми. Кај еукариотските клетки, напредувањето на клеточниот циклус е контролирано од неколку белковински кинази кои се зачувале (конзервирале) од квасците, па до цицачите. Кај вишите еукариоти, клеточниот циклус е регулиран од факторите на растење кои ја контролираат клеточната пролиферација, притоа дозволувајќи делбата на единечните клетки да биде координирана со потребите на организмот како целина. Дефектите во регулацијата на клеточната делба се честа причина за абнормална пролиферација на канцерни клетки, така што истражувањата на клеточната делба и ракот станаа блиски, слично на врската меѓу истражувањата на ракот и патиштата на клеточна сигнализација.

Делба на растителна клетка[уреди | уреди извор]

Кога клетките ќе постигнат одредена големина и форма, тие се делат. клетките можат да бидат различни пои форма и големина, во зависност од дејноста што ја вршат. при проста делба на клетката, прво се дели јадрото, а потоа и цитоплазмата. меѓу двете клетки се создава мембрана, а потоа и клеточен ѕид.Делбата на клетката е најинтезивна во пролет кога p'ти семката и растат пупките. Со делба на клетките растат и им заздравуваат раните.