Клеман Маро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клеман Маро
ClementMarot.jpg
Роден/а 2 декември 1496
Каор, Франција
Починат/а 12 септември 1544
Торино, Италија
Јазик француски
Националност Французин

Клеман Маро (француски: Clément Marot, роден на 2 декември 1496 во Каор - починал на 12 септември 1544 во Торино) — француски поет, од ерата на Ренесансата.

Биографија[уреди | уреди извор]

Клеман Маро е роден на 2 декември 1496 во Каор, Франција. Неговиот татко Жан бил дворски поет во дворот на Луј XII. Клеман Маро служел на Маргарита Наварска, Франсоа I, а за време на принудниот егзил во Италија служел на една војвотката на Ферара. Клемент се образувал на Универзитетот во Париз, а потоа започнал да студира право но подоцна се откажал. Жан Маро го воведел на својот син во модерните форми на поезијата.


Во 1524 година бил во придружба на францускиот крал Франсоа I во катастрофалната за него италијанска кампања, кога во битката кај Павија кралот бил заробен. Денеска не постојат докази што се случило со поетот, односно дали и тој бил заробен или ранет, но се знае дека во почетокот на 1525 година тој бил во Париз.

Клеман Маро со своите стихови го исмевал католичкото свештенство поради нивните интриги, лицемерие и алчноста. Тој бил прогонет бидејќи наводно јадел месо во петокот и дека ги преведува псалмите по примерот на Мартин Лутер и со тоа се оддава на француските протестанти. Поради тоа на неколку пати Клеман Маролежел во затвор. Неговата поезија е исполнета со весел дух. Пример за тоа се песните „За Ана, која фрла во мене снег“, „За лошиот поет“, „Елегија“, „За самиот себе“ и други.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]