Класичниот мајански јазик — најстариот историски забележан мајански јазик. Тој е главниот јазик на кој се напишани голем број на мајански натписи со мајанско писмо.
Класичниот мајански јазик е директен потомок на прамајански јазик и претходник на трите мајански групи на јазици: чолански, јукатански и хуастекански. Овие јазици денес имаат свои говорители во Мексико, Гватемала, Ел Салвадор, Белиз и Хондурас.