Класичен балет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слика на балетски танчари од Едгар Дега, 1872г.

Класичниот балет е најформален балетски стил кој се придржува до традиционалната балетска техника. Според областа на потеклото, постојат варијанти како рускиот, францускиот, британскиот и италијанскиот балет. Методот Ваганова, именуван по Агрипина Ваганова како и методот Цечети, по Енрико Цечети се руски и италијански методи, односно потекнуваат од оригиналниот француски метод.

Класичниот балет е најпознат по неговите уникатни одлики и техники, како pointe work, turn-out of the legs и високите протегнувања; грациозните, течни, прецизни движења; и духовните квалитети.

Историја на балетот[уреди | уреди извор]

Театар во Стара Грција

Развојот како уметничка форма[уреди | уреди извор]

18 век бил период на огромно напреднување на техничките стандарди на балетот и период кога балетот станал сериозна, драматична, уметничка форма на исто рамниште со операта. Клучен дел на овој напредок бил епохалниот труд на Жан- Џорџ Нувр, Lettres sur la danse et les ballets (1760), кој е фокусиран на развивањето на ballet d'action (балетско движење, воведено од страна на францускиот кореограф Жан- Џорџ Нувр во 1760год. Го вклучува изразот на ликот и емоциите преку телата и лицата на танчарите, повеќе отколку преку разработени костуми и помагала.) при кое движењата на танчарите се создадени да го изразот ликот и да асистираат при раскажувањето. Во ова време, жените играле второстепена улога како танчари, оптоварени со обрачи, корсети, перики и високи потпетици.

Композитори како Кристоф Глук ги вовеле реформите во балетските композиции. Конечно, балетот бил поделен на три формални техники sérieux, demi-caractère и comique. Балетот почнал да се прикажува и во опери како интермецо.

19 век бил период на огромна социјална промена која се рефлектирала во балетот како пребегнување од аристократската чувствителност, доминантна во претходните периоди преку романтичниот балет. Балерините како Мари Таглиони и Фани Елслер вовеле нови техники како pointework (играње на прсти) истакнувајќи ги балерините како идеална фигура на сцена. Професионалните либретисти ги зајакнале приказните во балетот и репетиторите како Карло Бласис ја кодифицирале балетската техника во основната форма која се применува и денес. Се измислиле и балетанки кои ја подобруват pointework.

Како реакција од индустријализацијата која вовела комплексна машинерија и фабрики и како реакција против формалните ограничувања се јавил романтизмот.[1] Временскиот дух ги довел кореографите да создадат романтичен балет, лесен, просторен и кој претставува контраст на науката за редуцирање која, според зборовите на По "ја симна хамадриад (дрвена нимфа која живее онолку долго колку што живее дрвото чиј дух таа го поседува) од дрвјата". Овој "нереален" балет ја отсликува жената како кршливо, неземско суштество, деликатна творба која може да се крене без никаков напор. Балерините почнале да носат романтични балетски фустани (туту / пачка) со пастелни, лелеави здолништа кои ги разголуваат потколениците. Приказните кружат околу необични, фолклорни духови. Пример за таков романтичен балет е Силфида (La Sylphide) една од најстарите балетски претстави која се игра до ден денешен.

Техника[уреди | уреди извор]

Мари Таљони, пионер на en pointe - играње на прсти

Балетот, особено класичниот балет доста го нагласува методот и изведбата на движење.[2] Дистинктивна одлика на балетот е надворешната ротација на бедрата од колкот, која се нарекува "turnout". Основата на танцот се состои од пет основни позиции и сите се изведуваат со turnout. Младите танчари се стекнуваат со строго образование за методите на танцот во училиштата, кое започнува кога се млади, а завршува со матура по средното образование. Од учениците се бара да ги научат имињата, значењата и прецизната техника на секое движење кое го учат. Акцент се удира на зацврстување, пред сè, на долниот дел од телото, поточно нозете и срцевината (наречено и центар на абдоменот) бидејќи силна срцевина е потребна за сите движења во балетот, особено за вртењата. Акцентот се удира и на развивање флексибилност и силни стапала за "en pointe" - играње на прсти.

Обучување[уреди | уреди извор]

Во класичниот балет, постојат најмалку седум методи на учење од кои најпознати се (рускиот) метод Ваганова, (италијанскиот) метод Цечети, (англиските)- методот на Royal Ballet School и метод на Royal Academy of Dance и (американскиот) Баланчајн. Tехниките кои се застапени во класичниот балет претставуваат шаблон за многу други танцови стилови, во кои се вклучуваат и хип-хоп, модерен и/или современ балет.

За жените, типичната балетска одора вклучува розови, сини или месо-боја хулахопки и трико (кое може да биде во различни бои и стилови) со додатно набрано здолниште. Машката типична балетска одора вклучува хеланки со маичка која се прилагодува на формата или трико. За време на наставата, танчарите носат меки балетанки. Балерините најчесто носат розови или песок боја балетанки додека пак машките носат црни или бели. Честопати, се носат и греачи (плетени кругови чија должина варира– од доволно долги за да го покријат глуждот па сè до оние чија должина ја покрива целата нога) за време на првиот дел од часот со цел да ги заштитат мускулите на танчарите сè додека тие не се загреат. За време на балетскиот час, од женските се бара да ја соберат косата во пунџа или на друг начин со цел да биде прибрана и да не смета на вратот. Целта на овие барања за класична балетска одора и фризура, е да му овозможат на танчарот слобода на движење и да им дозволат проценка на репетиторите за ставот и техниката на танчарот.

Штом се постави формата на основната техника, жените започнуваат со носење шпиц патики додека мажите сè уште носат меки балетанки и учат понапредни скокови и вртења. Возраста на која танчарите почнуваат со en pointe варира од ученик до ученик. За да се биде во состојба да се игра на шпиц патики одреден временски период, најбитен фактор е силата. Раното носење шпиц патики или недоволен тренинг може да доведе до сериозни повреди и/или потешкотии во подоцнежниот живот. Генерално земено, многу студија не им дозволуваат на балерините да носат шпиц патики, најмалку до единаесет годишна воздраст, сметајќи дека тие достигнале адекватни способности и сила за нивниот степен. Коските на стапалото од секоја балерина помала од единаесет години, дури и со силна физика и техника, ќе се сронат и тоа ќе се приспособи според шпиц патиката и веројатно е дека стапалото ќе се надгради во структура.

Метод[уреди | уреди извор]

Предлошка:Балет Иако постојат регионални варијанти, 'правилата' и речникот на движења во балетот се исти насекаде низ свет. Различните балетски техники на обука се наменети за да создадат поинаков естетски квалитет од ученикот. Ова пред сè се забележува во високите издигнувања и динамични вртења во рускиот балет, додека пак италијанскиот балет настојува да биде поприземјен и се фокусира на брза, комплицирана работа со стапала. На пр. тарантела е добро познат италијански народен танц, за кој се смета дека влијаел на италијанскиот балет.

Најистакнатите балетски методи се именувани според своите создавачи. На пример, двата распространети системи во Русија се познати како метод Ваганова по Агрипина Ваганова и метод Легат по Николај Легат. Добро познатиот метод Цечети се заснова на техника која ја развил и предавал италијанскиот танчар Енрико Цечети (1850–1928). Друг европски систем, кој се заснова на наставните методи на французинот Агуст Вестрис, се развил во Копенхаген од страна на Агуст Бурнонвил (1805–1879). Системот се учи главно како традиција во неговата татковина, Данска.

Техника[уреди | уреди извор]

Балетот, особено класичниот балет доста го нагласува методот и изведбата на движење.[2].

Дистинктивна одлика на балетот е надворешната ротација на бедрата од колкот, која се нарекува "turnout". Основата на танцот се состои од пет основни позиции и сите се изведуваат со turnout. Младите танчари се стекнуваат со строго образование за методите на танцот во училиштата, кое започнува кога се млади, а завршува со матура по средното образование. Од учениците се бара да ги научат имињата, значењата и прецизната техника на секое движење кое го учат. Акцент се удира на зацврстување, пред сè, на долниот дел од телото, поточно нозете и срцевината (наречено и центар на абдоменот) бидејќи силна срцевина е потребна за сите движења во балетот, особено за вртењата. Акцентот се удира и на развивање флексибилност и силни стапала за en pointe - играње на прсти.

Илузија на летање[уреди | уреди извор]

За да изведе рутини кои бараат повеќе напор, балетскиот уметник делува како да ги побива законите на физиката. Основната физика и разбирањето на човечката перцепција го овозможуваат ова. Потребен е висок степен на физичка подготвеност.

На пример, при гранд жете (grand jeté) танчарот може да делува како да лебди. Физички, неговиот/нејзиниот центар на гравитација опишува парабола како што и еден проектил. Набљудувачите ја ограничиле способноста да се вброи центарот на гравитација кога проектилот ја менува својата конфигурација при лет. За да го постигне ова, танчарот ги истегнува своите раце и нозе со што го камуфлира падот и ја наведува публиката да мисли дека тој/таа лебди.[3][4][5]

А пас де чет (A Pas de Chat – чекор на мачка) ја создава истата илузија. Танчарот започнува со плие (plié), па потоа за време на фазата во која чекорот се воздигнува, брзо ги крева и двете колена едноподруго, со колковите нанадвор издадени, така што за момент двете стапала се во воздух истовремено, разминувајќи се. За момент, танчарот делува како да лета во воздухот. Приземјувањето мора да се изведе внимателно. Танчарот се навалува на колената (plies) и го свиткува стапалото од палецот кон петицата. Не само поради уметнички, туку и поради безбедносни причини, оваа техника мора да ја предава квалификуван инструктор.[6][7][8]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.metmuseum.org/toah/hd/roma/hd_roma.htm Romanticism
  2. 2,0 2,1 Kirstein (1952), pp. 6-7, 21.
  3. „Physics of Dance“.
  4. „Simulation of the Airborne Phase of the Grand Jete in Ballet“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-08-09. Посетено на 2009-10-29.
  5. „The Grand Jete. Illusion of Floating“. Архивирано од изворникот на 2012-02-07. Посетено на 2009-10-29.
  6. „Analysis of the Aerial and Landing Phases of the Grand Jete“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-08-10. Посетено на 2009-10-29.
  7. „Tips for Improving Leaps“. Архивирано од изворникот на 2009-06-16. Посетено на 2009-10-29.
  8. „Learning to leap; Tips and Technique“. Архивирано од изворникот на 2009-02-15. Посетено на 2009-10-29.

Белешки[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Anderson, Jack (1992). Ballet & Modern Dance: A Concise History (2. изд.). Princeton, NJ: Princeton Book Company, Publishers. ISBN 0-87127-172-9.
  • Bland, Alexander (1976). A History of Ballet and Dance in the Western World. New York: Praeger Publishers. ISBN 0-275-53740-4.
  • Chantrell, Glynnis, уред. (2002). The Oxford Essential Dictionary of Word Histories. New York: Berkley Books. ISBN 0-425-19098-6.
  • Kirstein, Lincoln; Stuart, Muriel (1952). The Classic Ballet. New York: Alfred A Knopf.
  • Lee, Carol (2002). Ballet In Western Culture: A History of its Origins and Evolution. New York: Routledge. ISBN 0-415-94256X.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]