Класицизам (архитектура)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Класицизмот и неокласицизмот се правци во архитектурата, засновани на античката европска архитектура (Грција, Македонија, Рим), дефинирана преку добиените резултати од истражувањата спроведени на археолошките наоѓалишта и книгите произлезени од нив, од кои е појаснета и општата наука за класичните редови.

„Џон Неш, Карлтон хаус, Лондон(1811-30)

Најмногу се применувала во изградба на општествените објекти, како и во станбената архитектура кај малограѓанските слоеви, во чии очи претставувала поим за достојност и монументалност. Некои теоретичари сметале дека, монументалноста е единствено можно да биде изрзена преку класицизмот. Оваа мисла се задржува подолго време низ фелата, со што станува своевремено и пречка за прогресивна мисла и развој.

Појава[уреди | уреди извор]

Класицизмот се појавува во XIX век, во Европа, како дел од колебањата во архитектурата. Во векот кога почнуваат новите можности и идеи преку новите конструктивни и индустриски можности, класицизмот се обидува да се бори против смелоста на новите правци во најава, преку еклектичната естетика.

Главни одлики[уреди | уреди извор]

Класицизмот се дефинира преку дводимензионално непросторно размислување, употреба на неразумен број на столбови и архитектонска пластика. Во антиката била битна постојаноста и смиреноста и затоа правиме разлика помеѓу класичното и класицистичкото, означувајќи состојба на духот, каде едноставноста е примарна во облиците. Еклектиката (повторување и реинтерпретација на одминати стилови) наоѓа свој простор во класицизмот преку идеологијата на империите кои ги обликуваат своите центри на моќ, со желба да ја истакнат истата преку своите градби.

Галерија[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

„100 години МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА големите движења и мајстори„ Михаил Токарев [1] Архивирано на 5 мај 2016 г.