Клабучишта (Леринско)
- За селото во Албанија видете Клабучишта (Албанија).
Клабучишта Πολυπλάτανο | |
---|---|
Местоположба во областа | |
Координати: 40°52′N 21°24′E / 40.867° СГШ; 21.400° ИГДКоординати: 40°52′N 21°24′E / 40.867° СГШ; 21.400° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Драмски округ |
Општина | Лерин |
Општ. единица | Лерин |
Надм. вис. | 588 м |
Население (2001)[1] | |
• Вкупно | 389 |
Часовен појас | EET (UTC+2) |
• Лете (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Клабучишта (на грчки: Πολυπλάτανο, Полиплатано, катаревуса: Πολυπλάτανον, Полиплатанон, до 1926 година Κλαμπούσιστα, Клабусиста или Κλαμπούτσιστα, Клабуциста) — село во Егејска Македонија, Република Грција. Се наоѓа во општината Лерин, област Западна Македонија. Во 2001 година селото имало 389 жители.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа на 11 километри северозападно од Лерин и на 4 километра западно од Долно Клештино (Като Клинес), во северозападниот крај на Леринското Поле блиску до границата со Република Македонија.
Историја[уреди | уреди извор]
На почетокот од XX век во Клабучишта живееле Македонци и Албанци. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 селото има 750 Бугари и 100 Арнаути муслимани.[2] На почетокот на XX век сите христијански жители на Клабучишта биле припадници на Цариградската партијаршија.
По Втората балканска војна Клабучишта влегува во составот на Грција. Албанските жители на селото се иселуваат, а во селото е населен 181 Грк бегалец од Кавказ.
Селото не настрадало многу во Грчката граѓанска војна и само мал дел од жителите се иселуваат во Југославија. Намалувањето на населението по војната се должи на емиграцијата во прекуокеанските земји.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
- 1913 - 688 жители
- 1920 - 628 жители
- 1928 - 742 жители
- 1940 - 969 жители
- 1951 - 932 жители
- 1961 - 755 жители
- 1971 - 477 жители
- 1981 - 428 жители
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Фактична состојба на населението и домовите во Грција според пописот од 18 март 2001 г. (PDF 39 Мб). Државен завод за статистика на Грција. 2003.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 236.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|