Ки-аи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Ки-аи или силен воздив при удар. При изведување на ката, во одредени моменти ударите ги следи силен воздив кој се вика Ki-ai. Таков звук секогаш се испушта при големи физички напори и во спортот и во секојдневниот живот. Ki-ai не смее да се слуша како целосен одреден глас. Тој е најблизок на звукот кој настанува кај нагли издишувања токму кога последната количина на воздух излегува од белите дробови. Кога се задаваат удари или блокирања, Ki-ai го зголемува ефектот на снагата, поради настанатата цврста врска меѓу градниот кош и абдоменот. Во изведувањето на ударите се вклучува максималниот број на мускули. Максималната контракција на мускулите на долниот абдомен резултира со моќно и брзо движење на воздухот низ респираторниот систем предизвикувајќи познат звук, Ki-ai. Во тоа издишување е содржана комплетната ментална и физичка енергија на каратистот. Кога во катата ќе се слушне Ki-ai, тоа по правило значи дека противникот е исфрлен од понатамошна борба со многу силен удар.


Наводи[уреди | уреди извор]

Биомеханичка структура на карате елементи од групата Хеиан кати и нивна оптимална методска поставеност - Магистерски труд, Благојче Ј. Андреевски, јуни 2005, Скопје.