Зајаска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Кичевска Река)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зајаска Река
Тајмишка река.jpg
Тајмишка (Зајаска) Река кај с. Тајмиште на Бистра
Други имињаТајмишка Река
Кичевска Река
Земја Македонија
Слив
Главен изворнад с. Тајмиште, пл. Бистра, Кичевско
1.480 м
41°37′13″N 20°51′31″E / 41.62028° СГШ; 20.85861° ИГД / 41.62028; 20.85861
УстиеТреска, кај Бигор Доленци, Кичевско
590 м
41°29′38″N 20°58′38″E / 41.49389° СГШ; 20.97722° ИГД / 41.49389; 20.97722
Вис. разлика890 м
Сливна повр.333,85 км2
Физички особености
Должина25,9 км
Зајаска Река is located in Македонија
извор
утока
Изворот и утоката на Зајска Река

Зајаска Река или Кичевска Река — река во западна Македонија, лева притока на Треска во Кичевскиот крај.

Течение и особености[уреди | уреди извор]

Извира на источните падини на Бистра, над селото Тајмиште, недалеку од истоимениот рудник, на надморска височина од 1.480 м.[1] Се влива во Треска околу еден километар северозападно од с. Бигор Доленци, на висина 590 м. Вкупната должина од изворот до вливот и изнесува 25,9 км, минималната должина 21,4 км, а коефициентот на развиеност е 1,21. Вкупниот пад помеѓу изворот и вливот изнесува 890 м, а просечниот изнесува 34,49.

Водоразделот е јасен по целата должина на реката и линијата има вкупна должина од 87 км. Сливот на Зајаска Река е најголем од сите притоки на Треска и зафаќа 333,85 км2 или 16,1% од нејзиниот вкупен слив.[1]

Во горниот тек е позната како „Тајмишка Река“ сè до селото Мидинци, и на овој потег е изразено планинска. Пред да навлезе во пределот на Кичево, минува низ с. Зајас[2], по кое е наречена.

Долина[уреди | уреди извор]

Зајаска Река има сложена долина. Првото речно ерозионо проширување се јавува кај селото Колари. Низ кратката сатеска навлегува во Зајаската Котлина низ која тече во должина од 8 км. Потоа долината е всечена во епигенетска сатеска составена од кварцити каде ја прима од десната страна Бачишка Река. Оттука сè до вливот во Треска има карактер на рамничарска река. На овој потег од својата лева страна северно од градот Кичево ја прима реката Темница.

Притоки[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Димитровска, Олгица. Основни хидрографски карактеристики на притоките на реката Треска. „Географски разгледи“ (Скопје: Македонско географско друштво) том  2012 (46): 37-49. ISSN 1409-908X. http://www.igeografija.mk/MGD/Razgledi-46-2012/03-Dimitrovska_Pritoki%20Treska.pdf. 
  2. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 31. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

Координати: 41°29′38″N 20°58′38″E / 41.49389° СГШ; 20.97722° ИГД / 41.49389; 20.97722