Кичевска Каза

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кичевска каза била помала административна единица во Отоманското Царство. Била дел од Битолскиот санџак и Битолскиот вилает. Центарот на казата бил во Кичево. Се состоела од Горно Кичево, Долно Кичево, Горна Копачка, Долна Копачка, Рабетин Кол и Поречка Нахија (Горно и Долно Порече). Во состав на казата имало вкупно 117 села и градот Кичево.[1] На почетокот на 20 век населението било мешано во верска, етничка и национална смисла. Од муслимани во казата живееле Албанци, Македонци и Роми, а христијаните биле поделени на патријаршисти и егзархисти. Албанците и Македонците муслимани живееле во западниот дел на казата.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, во Кичевската каза живееле 39 590 жители, од кои:

народ вкупен број % од вкупното население
Македонци / хрис. 25.476 64,34
Македонци / мусл. 7.660 19,34
Албанци 6.190 15,63
Роми 264 0,66
Вкупно 39.590 100 %
религија вкупен број % од вкупното население
христијани 25.476 64,34
муслимани 14.114 35,65
Вкупно 39.590 100 %

Наводи[уреди | уреди извор]