Кит Урбан
Кит Урбан | |
---|---|
Кит Урбан во 2020 | |
Роден(а) | Кит Лајонел Урбан 26 октомври 1967 Вангареј, Нов Зеланд |
Националност |
|
Занимање |
|
Активен период | 1990–денес |
Сопружник | Никол Кидман (в. 2006) |
Деца | 2
|
Потекло | Кабулчур, Квинсленд, Австралија |
Жанрови | |
Издавачи |
|
Мреж. место | keithurban.com |
Кит Лајонел Урбан[1][2] (англ. Keith Lionel Urban; роден Urbahn; 26 октомври 1967 година) ― австралиски и американски кантри-пејач, гитарист и текстописец. Добил четири Греми награди[3] и петнаесет Музички награди од Академијата за кантри музика, меѓу кои и „Меѓународната награда Џим Ривс“.[4] За филмот Act of Valor, Урбан ја напишал и ја испеал песната „For You“, за која во 2013 година бил номиниран за Златен глобус и за Награда по избор на критичарите за најдобра оригинална песна.[5]
Урбан издал 11 студиски албуми и соработувал со многу музичари од различни музички жанрови, како: Пинк, Нели Фуртадо, Џејсон Деруло, Џулија Мајклс, како и со кантри-музичарите: Доли Партон, The Chicks, Кери Андервуд, Мартина Мекбрајд, Ерик Черч и Риба Мекентајр.
Урбан бил ментор во австралиската верзија од натпреварот во пеење The Voice и судија на Американски идол. Во октомври 2013 година вовел сопствена линија на гитари и додатоци со потпис.
Живот и кариера
[уреди | уреди извор]Урбан е роден на 26 октомври 1967 година во Вангареј на Нов Зеланд.[6] Тој бил најмлад син на Мариен и Роберт Урбан (Урбански).[1] На двегодишна возраст, со родителите се преселил во Кабултур, Квинсленд во Австралија.[7] На рана возраст стапил во контакт со кантри-музиката[8] и на шест години почнал да зема часови по гитара.[9] Се пријавил на месни натпревари и глумел во месна театарска компанија.[6] Урбан рекол дека неговото свирење гитара било под влијание на два рок-гитаристи, Марк Нопфлер (Dire Straits) и Линдзи Бакингем (Fleetwood Mac). Во 1983 година се натпреварувал во австралиското талент-шоу Нови Лица.[10]
1990–1998: Почетоци
[уреди | уреди извор]Во 1990 година, Урбан потпишал договор со EMI и го издал неговиот прв албум.[6]
Во 1992 година Урбан се преселил во Нешвил и воспоставил врски во музичката индустрија. Во 1997 година, ја основал групата The Ranch, во која покрај него членувале тапанарот Питер Кларк и басистот Џери Флауерс. The Ranch објавиле истоимен албум за Capitol Records Nashville, а два сингла од групата истата година се нашле на Hot Country Songs топ листата: „Walkin' the Country“ и „Just Some Love“.[11]
1999–2007: Пробив на музичката сцена и успешни изданија
[уреди | уреди извор]Во 1999 година Урбан го издал неговиот прв американски соло-албум Keith Urban. Водечки сингл од албумот бил „It's a Love Thing“, а по него следел синглот „Your Everything“ кој се искачил на четврто место на американската топ-листа за кантри-песни со што Урбан станал прв машки изведувач од Нов Зеланд кој стигнал до Топ-10 на кантри листите во САД.[12] Следниот сингл, „But for the Grace of God“, напишан од Шарлот Кафи и Џејн Видлин од The Go-Gos, станала негова прва песна на прво место на топ-листите. Во 2001 година ја освоил наградата „Најдобар нов пејач“ од Академијата за кантри-музика и наградата „Хоризонт“ од Здружението за кантри музика.
Во 2002 година Урбан го издал вториот американски албум, Golden Road. Во 2005 година за синглот од овој албум, „You'll Think of Me“ добил Греми за најдобра машка кантри вокална изведба.[13]
Во 2005 година, Урбан за прв пат настапил пред европска публика. Во мај, тој го поддржал Брајан Адамс на неговата турнеја во Велика Британија и Ирска. На 6 јуни бил издаден албум само во Обединетото Кралство, Days Go By.
На 21 август 2006 година, неговата песна „Once in a Lifetime“ дебитирала на 17-то место, со што во тоа време поставила нов рекорд за највисока деби-позиција на кантри-песна во 62-годишната историја на Hot Country Songs топ-листата.[14] За песната „Stupid Boy“ во 2007 година Урбан ја освоил втората Греми награда за најдобра машка кантри вокална изведба.[13] Урбан ја објавил неговата прва колекција од најголеми хитови Greatest Hits: 18 Kids на 20 ноември 2007 година. Компилацијата ги содржела сите негови Топ-10 хитови и две нови песни, „Got It Right This Time (The Celebration) и преработка на „Romeo's Tune“ од Стив Форберт.
2008–2017: Следни изданија и турнеи
[уреди | уреди извор]Во јануари 2008 година, Урбан заедно со кантри-пејачката Кери Андервуд тргнал на светска турнеја насловена како „Love, Pain and the Whole Crazy Carnival Ride“. Capitol Records го издал албумот, Defying Gravity, на 31 март 2009 година. Турнејата на Урбан „Escape Together“ од 2009 година, како поддршка на албумот „Defying Gravity“ , вклучувала многу истакнати музичари, како: Тејлор Свифт, Sugarland и Џејсон Олдин.
Кит Урбан го објавил албумот Get Closer на 16 ноември 2010 година. Од албумот биле објавени четири синглови во 2010 и 2011 година, а три од нив се искачиле на прво место на Билбордовата топ-листа за кантри-песни. Ова бил прв албум на Урбан кој не добил платинест сертификат.
На 10 април 2012 година, Урбан бил поканет да стане член на Grand Ole Opry. Тој бил примен во Grand Ole Opry на 21 април 2012 година.[15]
Fuse, осмиот студиски албум на Урбан, бил издаден на 10 септември 2013 година.[16] На албумот имало песни во соработка со Миранда Ламберт и со Ерик Черч и од него биле издадени шест синглови, а четири од нив се искачиле на врвот на новосоздадената американска топ-листа Billboard Country Airplay. Албумот дебитирал на врвот на Билборд 200 и на топ-листата за кантри-албуми. Добил претежно позитивни критики од музичките критичари кои ги пофалиле поразновидните музички стилови истражени во песните.
Албумот Ripcord бил објавен на 6 мај 2016 година.[17] Од него биле објавени сингловите: „John Cougar, John Deere, John 3:16", „Break on Me", „Wasted Time", „Blue Ain't Your Color" и „The Fighter". На албумот имало песни во соработка со: Нил Роџерс, Питбул и Кери Андервуд. Албумот бил номиниран за Греми за најдобар кантри-албум во 2017 година. На 7 април 2017 година, албумот бил сертифициран со платина од RIAA.
2018 – денес: Најнови изданија и соработки
[уреди | уреди извор]Албумот Graffiti U бил издаден на 27 април 2018 година.[18] На 19 јануари 2018 година, водечкиот сингл од албумот, „Parallel Line“ напишан од Ед Ширан бил објавен како сингл во Австралија и во Обединетото Кралство.[19] На 21 март, Урбан го издал вториот сингл од албумот „Coming Home“, песна во дует со поп-пејачката Џулија Мајклс. Оваа песна, исто така, содржи обновена верзија на почетниот риф од хитот од Мерл Хагард „Mama Tried “. Never Comin' Down бил објавен на радио како четврти сингл, во август 2018 година.[20]
На 18 септември 2020 година, Урбан го објавил неговиот единаесетти студиски албум, The Speed of Now Part 1. Албумот ја освоил наградата „Најпродаван албум“ на Музичките награди во Квинсленд во 2021 година.[21][22]
Една недела пред објавувањето на албумот, Урбан бил водител на доделувањето на Музичките награди од Академијата за кантри-музика и на церемонијата, заедно со Пинк премиерно го извел третиот сингл од албумот, „One Too Many“.[23] Во декември 2020 година, во изданието на Ролинг Стоун Австралија, Урбан се нашол на 29-то место на списокот од „50 најдобри австралиски музичари на сите времиња“.[24] Во соработка со Тејлор Свифт, Урбан пее на песната „That's When“ од албумот „Fearless“ (Taylor's Version).
Во август 2021 година, Урбан го издал синглот „Wild Hearts“,[25] [26] по кој во март 2022 година се надоврзал синглот „Nightfalls“.[27][28] Во јули 2022 година, Урбан го издал синглот „Brown Eyes Baby“.[29] Во октомври 2022 година, го издал синглот „Street Called Main“ [30]
Во 2024 година, Урбан ги објавил сингловите „Stright Line“ и „Mesed Up as Me“, и најавил дека ќе го издаде неговиот дванаесетти студиски албум подоцна во текот на годината.[31][32]
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Студиски албуми
- Keith Urban (1991)
- The Ranch (1997)
- Keith Urban (1999)
- Golden Road (2002)
- Be Here (2004)
- Love, Pain & the Whole Crazy Thing (2006)
- Defying Gravity (2009)
- Get Closer (2010)
- Fuse (2013)
- Ripcord (2016)
- Graffiti U (2018)
- The Speed of Now Part 1 (2020)
- High (2024)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Gregory, Angela (26 June 2006). „Kidman family leave no room for country cousins“. New Zealand Herald.
- ↑ Apter, Jeff (2 May 2009). „Life's a sweet thing“. NZ Herald (англиски). Посетено на 16 September 2020.
Yet it was in Whangarei that Keith Lionel Urbahn entered the world, kicking and screaming, on October 26, 1967. ... Keith shed that bothersome "h" on the road somewhere between Whangarei and Nashville.
- ↑ „Grammy Awards Winners and Nominees: Keith Urban“. Grammy Awards. Посетено на 28 March 2022.
- ↑ „ACM Awards: Winners Search Results, Keith Urban“. Academy of Country Music Awards.
- ↑ „Golden Globe Awards winners and nominees: Keith Urban“. Golden Globe Awards. Посетено на 28 March 2022.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 Leahey, Andrew. „Keith Urban biography“. Allmusic. Посетено на 24 May 2013.
- ↑ „10 things you may not know about Keith Urban“. Sounds Like Nashville. 25 May 2021. Посетено на 19 April 2022.
- ↑ „Keith Urban“. Alison Eldridge. Посетено на 21 June 2022.
- ↑ Fortunate Son, Jeff Apter
- ↑ „Keith Urban New Faces 1983“. youtube.com. 16 December 2013. Архивирано од изворникот на 2023-07-01. Посетено на 23 June 2014.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Whitburn, Joel (2008). Hot Country Songs 1944 to 2008. Record Research, Inc. стр. 338. ISBN 978-0-89820-177-2.
- ↑ Mark Price, "Carolina Country Music," The Charlotte Observer, 13 August 2000.
- ↑ 13,0 13,1 „Keith Urban: Awards“. Allmusic. Посетено на 24 May 2013.
- ↑ „Keith Urban makes history“. Country Standard Time. 21 August 2006. Посетено на 24 May 2013.
- ↑ Wyland, Sarah. „Keith Urban Inducted Into the Grand Ole Opry“. GACTV.com. Посетено на 18 June 2012.
- ↑ Graff, Gary (28 May 2013). „Keith Urban's 'Fuse' is Lit, Talks-up 'Diversity' of New Album“. Billboard. Посетено на 28 May 2013.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ McGrane, Danielle. „Country star Keith Urban has released a song written by a team of top songwriters including Ed Sheeran“. News Limited. Архивирано од изворникот на 19 January 2018.
- ↑ Billy Dukes (21 August 2018). „Keith Urban's 'Never Comin' Down' Is His Boldest Radio Single to Date [Listen]“. Taste of Country. Посетено на 7 May 2020.
- ↑ „Ball Park Music and Sycco go home with top gongs at 2021 Queensland Music Awards“. NME. 6 May 2021. Посетено на 6 May 2021.
- ↑ „2021 Queensland Music Awards Winners“. Scenestr. 6 May 2021. Посетено на 6 May 2021.
- ↑ Curran, Sarah (18 September 2020). „Keith Urban Debuts 'One Too Many' Music Video Days After ACM Awards Performance With Pink“. Entertainment Tonight Canada. Архивирано од изворникот на 29 September 2020. Посетено на 18 September 2020.
- ↑ 50 Greatest Australian Artists of All Time – #29: Keith Urban. SEAFORTH, Rolling Stone Australia, 10 February 2021. Retrieved 10 February 2021.
- ↑ Eames, Tom (19 August 2021). „Keith Urban releases stunning new country anthem 'Wild Hearts', and it's a banger“. Smooth Radio. Посетено на 14 November 2021.
- ↑ K. Dowling, Marcus (19 August 2021). „Keith Urban Releases "Wild Hearts," A Single For "Dreamers Ready To Fly"“. CMT. Архивирано од изворникот на 19 August 2021. Посетено на 14 November 2021.
- ↑ Whitaker, Sterling (31 March 2022). „Keith Urban's New 'Nightfalls' Is a Fun Summer Anthem [Listen]“. Taste of Country.
- ↑ Goldstein, Tiffany (31 March 2022). „Keith Urban Encourages Fans To Let Loose In New Feel-Good Anthem, "Nightfalls"“. CMT. Архивирано од изворникот на 31 March 2022.
- ↑ „Keith Urban Releases New Single "Brown Eyes Baby," Co-Penned By Morgan Wallen [Listen]“. 8 July 2022.
- ↑ Major, Michael (28 October 2022). „Keith Urban Releases New Single 'Street Called Main“. BroadwayWorld. Посетено на 2 November 2022.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Bjorke, Matt (March 1, 2024). „Keith Urban Releases New Single "Messed Up As Me"“. Roughstock. Архивирано од изворникот на 2024-04-15. Посетено на March 27, 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Матична страница
- Кит Урбан на Curlie (англиски)
- Keith Urban на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
|