Кит Даглас
| Кит Даглас | |
|---|---|
| Роден/а | Кит Кастелен Даглас 24 јануари 1920 Танбриџ, Кент, Англија |
| Починат/а | 9 јуни 1944 (возр. 24) во близина на Бајо, Нормандија, Франција окупирана од Германија |
| Занимање | поет |
| Јазик | англиски |
| Националност | Британец |
| Апсолвент на | Мертонски колеџ |
Кит Кастелен Даглас (роден на 24 јануари 1920 – починал на 9 јуни 1944) — англиски поет и војник познат по својата воена поезија за време на Втората светска војна и неговите иронични мемоари за Западнопустинската кампања, „Од Аламејн до Зем Зем“ .[1] Тој бил убиен во бој за време на инвазијата на Нормандија.
Поезија
[уреди | уреди извор]Даглас го опишал својот поетски стил како „екстроспективен“;[2] односно, тој се фокусирал на надворешни впечатоци, а не на внатрешни емоции или чувства. Резултатот од неговото творење е поезија која, според неговите критичари, би можело да биде студена, дури и бездушна, во средината на воените злосторства. За други, делото на Даглас пртставува моќно и вознемирувачко бидејќи неговите точни описи го избегнуваат егоизмот и го префрлаат товарот на емоциите од поетот на читателот. Неговата најдобра поезија генерално се смета дека се рангира рамо до рамо со најдобрата воена поезија од 20 век.
Во својата песна „Пустински цвеќиња“ (1943), Даглас го споменува поетот од Првата светска војна, Исак Розенберг, тврдејќи дека тој единствено го повторува она што Розенберг веќе го напишал.[3]
Ран живот
[уреди | уреди извор]Даглас е роден во Танбриџ Велс, Кент, како син на капетанот Кит Шолто Даглас, кој имал орден воен крст (во пензија) и Мари Жозефин Кастелен.[4] Неговата мајка се разболела и се онесвестила во 1924 година од енцефалитис летаргика, од каде што никогаш целосно не се опоравила. До 1926 година, бизнисот со фарма за кокошки што го основал неговиот татко пропаднал. Даглас бил испратен во училиштето Еџборо, подготвително училиште во Гилдфорд, истата година. Семејството станувало сè посиромашно, а неговиот татко морал да го напушти домот на почетокот на 1928 година за да бара подобра работа во Велс. Постојаното лошо здравје на Мари довело до распад на бракот на неговите родители до крајот на таа година, а неговиот татко се преженил во 1930 година. Даглас бил длабоко повреден од тоа што неговиот татко не разговарал со него по 1928 година, а кога капетанот Даглас конечно му пишал во 1938 година, Кит не се согласил да се сретне со него. Во едно од своите писма напишани во 1940 година, Даглас се осврнал на своето детство: „Живеев сам во текот на најфлуидните и најформативните години од мојот живот, и во тој период живеев според мојата имагинација, која беше толку моќна што ме убеди дека работите што ги замислував ќе се остварат“.
Образование
[уреди | уреди извор]Мари Даглас се соочила со голема финансиска криза, толку многу што единствено дарежливоста на директорот на Еџборо, г-дин Џејмс, му дозволило на Даглас да посетува на училиште во периодот 1930-1931 година. Даглас во 1931 година полагал приемен испит во Христовата болница, каде што образованието било бесплатно и имало парична помош за покривање на сите други трошоци. Тој бил примен и се приклучил на Христовата болница, во близина на Хоршам, во септември 1931 година, студирајќи таму до 1938 година. Во ова училиште биле препознаени неговиот значителен поетски талент и уметнички способности. Исто така, бил препознаен и неговиот лекомислен став кон авторитетот и имотот, што речиси довело до исклучување во 1935 година поради украдена пушка за обука. За изненадувачки контраст, тој се истакнал како член на Офицерскиот корпус за обука на училиштето, особено уживајќи во вежбата, иако филозофски се спротивставувал на милитаризмот.
Универзитет
[уреди | уреди извор]По неговиот тежок контакт со авторитетите во 1935 година, Даглас се сместил во помалку проблематичен и попродуктивен период во училиште, во кој се истакнал и во учењето и во игрите, а на крајот од него во 1938 година освоил отворена изложба на Мертонскиот колеџ во Оксфорд за да студира историја и англиски јазик.[5] Ветеранот од Првата светска војна и добро познат поет Едмунд Бланден станал негов тутор во Мертон, и високо го ценел неговиот поетски талент. Бланден ги испраќал своите песни до Томас С. Елиот, доајенот на англиската поезија, кој ги сметал стиховите на Даглас за „импресивни“. Даглас станал уредник на Червел и еден од поетите антологизирани во збирката „Осум оксфордски поети“ (1941),[6] иако до моментот кога се појавил тој том, тој веќе бил во војска. Се чини дека не бил запознаен со помлади, но современи оксфордски поети како што се Сидни Кис, Драмонд Алисон, Џон Хит-Стабс и Филип Ларкин, кои ќе се прослават подоцна. Во Оксфорд, тој бил добар пријател со поетот Џ.С. Хол [7], кој станал негов книжевен извршител.[8]
На Оксфорд, Даглас влегол во врска со софистицирана кинеска студентка по име Јингченг, или Бети Сезе, ќерка на дипломат. Нејзините чувства кон него биле помалку интензивни и таа одбила да се омажи за него. Таа останала невозвратена љубов во животот на Даглас и извор на неговите најдобри романтични стихови, и покрај неговите подоцнежни врски со други жени, особено со Милена Гитерез Пења.
Воена служба
[уреди | уреди извор]Во рок од неколку дена од објавувањето на војната, тој се јавил во регрутен центар на армијата со намера да се приклучи на коњанички полк, но како и многу други кои сакале да служат, морал да почека и дури во јули 1940 година ја започнал својата обука. Откако го завршил Кралскиот воен колеџ во Сандхерст, на 1 февруари 1941 година бил распореден во Рипон. Бил распореден на Блискиот Исток во јули 1941 година и префрлен во Нотингемширскиот Јоманри (Шервуд Ренџерс). Првично распореден во Каиро и Палестина, се нашол заглавен во штабот дваесет милји зад ел-Аламејн како камуфлажен офицер кога започнала Втората битка кај Ел Аламејн.
Во зори на 24 октомври 1942 година, полкот напредувал и претрпел бројни жртви од непријателските противтенковски топови. Разлутен поради неактивноста, Даглас тргнал спротивно на наредбите на 27 октомври, се одвезел до штабот на полкот со камион и му се јавил на командантот, полковник Е.О. Келет, лажејќи дека му е наложено да оди на фронтот (за среќа, оваа авантура не го довелаво сериозни проблеми; во повторување на 1935 година, Даглас се извлекол со извинување). Очајно барајќи замена за офицери, полковникот го преместил во ескадрила А и му дал можност да учествува како борбен танкер во победничкиот поход на Осмата армија низ Северна Африка, живописно раскажано во неговите мемоари „Од Аламејн до Зем Зем“, кои биле илустрирани со негови цртежи.
Смрт
[уреди | уреди извор]Капетанот Даглас се вратил од Северна Африка во Англија во декември 1943 година и учествувал во инвазијата на Нормандија на Денот Д на 6 јуни 1944 година. На 9 јуни, оклопната единица на Даглас била прикована на висока површина со поглед на Тили-сур-Сел. Загрижен поради недостатокот на напредок, Даглас се симнал од својот тенк за да изврши лично извидување, при што бил убиен од германски минофрлач.[9] Капетанот на полкот, капетан Лесли Скинер, го погребал покрај жива ограда, близу до местото каде што починал на „точката 102 на предните падини“.[10] Кратко по војната, неговите останки биле повторно погребани на воените гробишта Тили-сур-Сел (14 км јужно од Баје) во парцела 1, ред Е, гроб број 2.[11]
Претстави
[уреди | уреди извор]Монодрама за Даглас и неговото дело, насловена „Unicorns, almost“, напишана од Овен Ширс, премиерно била изведена на фестивалот во Хеј во мај 2018 година.[12]
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Избрани песни (Кит Даглас, Џ.С. Хол, Норман Николсон ) (1943)
- Аламејн до Зем Зем (1946), препечатено 1966 година
- Собрани песни (изданија Поезија Лондон 1951),[13] препечатено 1966
- Избрани песни (Фабер 1964)
- Целосните песни (Фабер и Фабер 1978), препечатени во 1987, 1997, 2011 година
- Алдрит, Кит . Модернизам во Втората светска војна.
- Писмата на Кит Даглас, уредени од Дезмонд Греам (Carcanet Press, 2000)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Douglas, Keith (2009). Alamein to Zem Zem. Faber & Faber. ISBN 978-0571252961.
- ↑ Kendall, Tim (2003). „'I see men as trees suffering': The Vision of Keith Douglas“. Proceedings of the British Academy. Oxford University Press. 117: 431–432.
- ↑ Douglas, Keith (1987). Desmond Graham (уред.). The Complete Poems. Oxford University Press. стр. 102. ISBN 0192812319.
Rosenberg I only repeat what you were saying.
- ↑ Stallworthy, Jon (2004). „Douglas, Keith Castellain (1920–1944)“. Oxford Dictionary of National Biography. Oxford University Press.
- ↑ Levens, R.G.C., уред. (1964). Merton College Register 1900-1964. Oxford: Basil Blackwell. стр. 291.
- ↑ Michael Mayer; Sidney Keyes, уред. (1941). Eight Oxford Poets. London: George Routledge & Sons.
- ↑ Noel-Tod, Jeremy; Hamilton, Ian (2013). The Oxford Companion to Modern Poetry in English. Oxford: Oxford University Press. стр. 239. ISBN 9780199640256.
- ↑ „J.C. Hall - Authors - Faber & Faber“. www.faber.co.uk.
- ↑ Render, Tootal, David, Stuart (2016). Tank Action:An Armoured Troop Commanders War 1944-5 (First. изд.). United Kingdom: Hachette UK. ISBN 978-1-474-60329-4. Посетено на 18 December 2019.
- ↑ Beevor, Antony (2009). D-Day: The Battle for Normandy. Penguin UK. стр. 238. ISBN 978-0141959269.
- ↑ „DOUGLAS, KEITH CASTELLAIN“. Commonwealth War Graves Commission website. Commonwealth War Graves Commission. Посетено на 17 April 2013.
- ↑ Armisted, Claire (28 May 2018). „Unicorns, Almost review – poignant portrait of a tormented war poet“. The Guardian. Посетено на 3 November 2018.
- ↑ Sheers, Owen (28 May 2005). „Lest we forget“. The Guardian. London: Guardian News and Media Limited. Посетено на 16 April 2013.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Archival material at