Киселинска јачина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Слика од јака киселина претежно разделена. Малите црвени топчиња ги представуваат H+ јони.

Киселинската јачина ја означува способноста на киселината, претставена со хемиската формула HA, да се раздели на протон, H+ и анјон, A-. Дисоцијацијата на силна киселина е ефективно целосна, освен во многу концентрирани раствори:

HA → H+ + A

Примери за силни киселини се хлороводородната (HCl), перхлорната (HClO4), азотната (HNO3) и сулфурната киселина (H2SO4).[1]

Кај слабите киселини дисоцијацијата е само делумна. Недисоцијацираната киселина и продуктите на нејзината дисоцијација оформуваат рамнотежа во растворот:

HA is in equilibrium with H+ + A

Оцетната киселина (CH3COOH) е пример за слаба киселина.[1] Јачината на слабите киселини се мери според нивната киселинска дисоцијациона константа, pKa вредност.

Јачината на слабите органски киселини понекогаш зависи од супститутивните ефекти. За неоргански киселини, пак, јачината зависи од оксидационата состојба на атомот со кој е врзан протонот. Киселинската јачина зависи и од растворувачот. На пример, хлороводородот е силна киселина во водни раствори, но слаба киселина во раствор со глацијална оцетна киселина.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Киселинско-базни титрации“. Институт за Хемија при УКИМ. Посетено на 2020-06-27.