Кисела Вода (Липково)
„Кисела Вода“
| |
Местоположба | 42°09′11″N 21°35′52″E / 42.15306°N 21.59778°E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Липково |
Општина | Липково |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
римско време | |
среден век | |
Портал „Археологија“ |
Кисела Вода — археолошко наоѓалиште во кумановското село Липково. Претставува населба од хеленистичкото и римското време и средновековна некропола. На 2 км југозападно од селото, во непосредната близина на чешмата, при конструкцијата на патот се откриени неколку гроба во кој покојниците биле многу добро зачувани (природно мумифицирани), благодарение на влажната почва во која се наоѓале телата положени во длабени дабови дрва, низ која поминува извор на кисела вода кој целиот терен го држи под вода (најверојатно водата сама по себе имала конзерваторски својства). Еден покојник се чува во Музејот на Судска медицина при Медицинскиот факултет во Скопје. На површината се забележуваат и фрагменти од керамички садови, од постара античка населба чија фортификација се наоѓа на врвот на ридот што се издига во непосредната близина. Од Кисела Вода потекнуваат ара и една база со латински натпис посветен на Митра од страна на свештеникот Епикадус.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Брана I — населба од доцноантичкото време;
- Глаучица — населба од железното и раноантичкото време;
- Липково;
- Список на археолошки наоѓалишта во Кумановско;
- Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 212, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
![]() | Оваа статија поврзана со археологијата на Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- Археолошки наоѓалишта во Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од хеленистичко време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од римско време
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од среден век
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на населба
- Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола
- Липково
- Археолошки наоѓалишта во Општина Липково
- Никулци за археологијата на Македонија
- Археолошки наоѓалишта во Кумановско