Киро Камберски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Киро Камберски
Роден 17 мај 1941
Владимирово, Беровско, Кралство Југославија
Националност Македонец
Занимање педагог

Киро Камберски (роден на 17 мај 1941 година во село Владимирово, Беровско) — македонски педагог и универзитетски професор.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Камберски завршил учителска школа во Штип (1961), педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1966), магистерски студии на Универзитетот во Белград (1980), а докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1992).

Работел како учител, воспитувач и младински раководител (1965– 1971). Најголемиот дел од работниот век го поминал на Филозофскиот факултет во Скопје (1971– 2004), каде што ја изведувал наставата по предметите: Општа историја на педагогијата, Историја на педагогијата на Македонија и Компаративна педагогија. Бил продекан на Филозофскиот факултет, раководител на Институтот за педагогија и на студиите по дефектологија, член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, главен и одговорен уредник на (в.) „Годишниот зборник на Универзитетот”, главен и одговорен уредник на списанието „Педагогија”, претседател на Советот на (в.) Педагошкиот музеј на Македонија и др.

Предмет на неговите научни проучувања се образованието и педагошката мисла во Македонија од крајот на XIX в., а особено по нејзиното ослободување. Автор е на околу 200 научни и стручни трудови. БИБ.: Од буквар до универзитет, 1994; Соавтор и уредник на книгите: 50 години Филозофски факултет – Скопје, 1996; Општествената транзиција и образованието, 1998; Предучилишното и основното образование во Република Македонија итн.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Камберски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 665. Text "series " ignored (help)