Кирил Стојановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 14 март 1909
Локов, Струшко, Македонија Македонија
Починал 31 јануари 1971
Македонија Македонија
Занимање свештеник и учесник во НОБ

Кирил Стојанов(ски) (Локов, Малесија, 14 март 1909 - 31 јануари 1971) бил истакнат македонски свештеник и учесник во НОАВМ.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Стојановски е роден во струшкото село Локов на 14 март 1909 година. По Априлската војна во 1941 година му пристапил на НОД. Бил свештеник на Чоковската парохија, а потоа како бригаден свештеник го осветил знамето на Првата македонска НОУБ на 11 ноември 1943 година. Бил избран за член на Верското поверенство при ГШ на НОВ и ПОМ и учесник на Првото заседание на АСНОМ. Како особено истакнат протојереј, по Ослободувањето бил организатор на црковниот живот во Македонија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Славко Димевски, Историја на македонската православна црква, Скопје, 1989;
  2. Јован Белчовски, Историските основи на автокефалноста на Македонската православна црква, Скопје, 1986