Кирил Стојановски
Изглед
(Пренасочено од Кирил Стојанов)
| Кирил Стојановски | ||
| Роден | 14 март 1909
Локов, Битолски Вилает, Османлиско Царство | |
|---|---|---|
| Починал | 31 јануари 1971
СР Македонија, СФРЈ | |
| Занимање | свештеник и учесник во НОБ | |
Кирил Стојанов(ски) (Локов, Малесија, 14 март 1909 - 31 јануари 1971) ― македонски свештеник и учесник во НОАВМ.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Стојановски е роден во струшкото село Локов на 14 март 1909 година. По Априлската војна во 1941 година, тој му пристапил на НОД. Бил свештеник на Чоковската парохија, а потоа како бригаден свештеник го осветил знамето на Првата македонска НОУБ на 11 ноември 1943 година. Бил избран за член на Верското поверенство при ГШ на НОВ и ПОМ и учесник на Првото заседание на АСНОМ. Како особено истакнат протојереј, по Ослободувањето бил организатор на црковниот живот во Македонија.[2]