Кирил Симоновски - Џина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кирил Симоновски - Џина

Кирил Симоновски - Џина (Скопје, 19 октомври 1915Белград, 1 јуни 1984) — македонски и југословенски фудбалер и тренер.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Џина е роден во Скопје на 19 октомври 1915 година. После завршувањето на основното училишѕестанал член на ФК „Југ“, па на ФК „Победа“ и ФК „Граѓански“ во Скопје. Во времето на окупацијата (19411944) играл за СК „Македонија“ од Скопје, кој се натпреварувал во Елитната дивизија на Бугарија. Бил бугарски репрезентативец. Тој бил и учесник во НОБ од 1944. По Ослободувањето играл за репрезентацијата на ЈНА и десетпати за репрезентацијата на Југославија. За ФК „Вардар“ од Скопје одиграл 75 натпревари и дал 25 голови. Фудбалската кариера ја завршил во ФК „Партизан“ во Белград, а потоа се посветил на тренерската работа.

ФК Партизан

Тој се смета за првиот македонски спортист што веднаш по Втората светска војна, поточно во август 1945 година, заминал во Белград, прекомандуван од скопската воена област во белградската. Прекомандата била услов Џина да биде член во тоа време на еден од најдобрите фудбалски клубови во Југославија, Партизан, односно тој е првиот македонски фудбалер што настапил за Партизан. Во овој клуб Џина останал околу четири и пол години и настапил на 171 пријателски, првенствени и меѓународни натпревари. Настапот на Партизан не можел да се замисли без Кирил Симоновски – Џина. Со својот клуб тој играл во СССР, Полска, Чехословачка, Франција, Романија, Унгарија, Бугарија, Албанија, Грција, Германија, Швајцарија, Алжир, Израел и др.

Тој е првиот македонски спортист што успеал да ја носи капитенската лента на една југословенска репрезентација, прв македонски спортист носител на златен медал на официјално меѓународно натпреварување од Балканското фудбалско првенство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Македонските спортисти на Летните олимписки игри во 20 век“ и „Бисери на македонскиот спорт 1945-2000 година“, автор Петар Алексовски- Пепо

Надворешни врски[уреди | уреди извор]