Прејди на содржината

Кирил Муратовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кирил Муратовски
Роден 14 март 1930
Галичник, Вардарска Бановина , Кралство Југославија
Починал 20 јули 2005(2005-07-20) (возр. 75)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Занимање архитект

Кирил Муратовски (роден на 14 март 1930 година во Галичник - починал на 20 јули 2005 година во Скопје) — македонски архитект.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Дипломирал на Архитектонскиот отсек при Техничкиот факултет во Скопје во 1957 година. Како проектант работел во проектантското претпријатиеПроектант“ и во „Македонијапроект“ во Скопје. Освен станбени згради, проектирал и остварувал и општествени, административни и деловни згради. Се занимавал и со публицистичка дејност. Позначајни остварени градби: Стоковна куќа во Кавадарци (1965); Конзулат на Р. Франција во Скопје (1966); Градски плоштад во Тетово (1967); комплекс на Музеи на Македонија во Скопје (со М. Томиќ); деловна зграда на ЗОИЛ „Македонија“ во Скопје (1977, со М. Сидоски).

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Муратовски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 998. Text "series " ignored (help)