Прејди на содржината

Кирил Барбареев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кирил Барбареев — проректор за развој, инвестиции и одржување[1] на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Своето високо образование го започнал на Педагошкиот факултет во Штип во учебната 1997/1998 година. Дипломските студии ги завршил во 2001 година и стекнал со диплома за завршени студии со звање дипломиран професор-воспитувач.

Во 2002 година се запишал на постдипломски студии на Филозофскиот факултет на Институтот за педагогија во Скопје и во јули 2007 година се стекнал со звање магистер по педагошки науки со одбрана на магистерскиот труд на тема „Локалниот курикулум во воспитно-образовната работа со децата од подготвителната година“. Своите докторски студии ги завршил во 2010 година на Филозофскиот факултет во Скопје на тема „Образованието и професионалниот развој на воспитувачите во предучилишното воспитание и образование“, со што се стекнал со звање доктор на педагошки науки.

По завршувањето на магистерските студии со Одлука на Наставно-научниот совет на Педагошкиот факултет во Штип е избран за асистент по предметите Методика на воспитно-образовната работа по култура на говорот и Педагошка практика[2]. Во своето работно искуство, во 2004 година е вработен како асистент на Педагошки факултет во Штип при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје, а во 2011 година е избран како професор[3] на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“Штип.

Членство во професионални и универзални асоцијации

  • Член на асоцијација на ректори на педагошки универзитети во Европа.
  • Член на Ректорска управа на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
  • Член на Универзитетски сенат на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
  • Член на Наставно-научен совет на Факултет за образовни науки.
  • Раководител на Катедра за дидактика и методика.
  • Член на Комисија за развој, инвестиции и планирање на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
  • Член на Надзорен одбор за спорт на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
  • Раководител на Центар за односи со јавноста.
  • Портпарол на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Област на истражување[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Официјално мрежно место на Универзитет „Гоце Делчев" - „Проректори". Архивирано од изворникот на 2013-03-01. Посетено на 2013-07-10.
  2. Мрежно место на доц. д-р Кирил Барбареев - „Настава“
  3. „Официјално мрежно место на Факултет за образовни науки - „Наставници". Архивирано од изворникот на 2013-02-05. Посетено на 2013-07-10.
  4. „Мрежно место на доц. д-р Кирил Барбареев - „Публикации". Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2013-07-10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]